Понеделник, 01 Ноември 2021    Печати
Го прашувам членството на СДСМ, дали конечно сфати на каков политички незнајко му веруваше?

698815 Сашо Тасевски 

Сто спрема нула изгубивте и ти со цел памет излезе да читаш говор, напишан од тие прогресивните Сраорци и ДаМиГоЗабричанци околу тебе, во кој, не само што пак лажеш за тоа колку добро си направил за државата, туку и повторно дискриминираш, нарекувајќи ги лигушите околу тебе прогресивни, а сите нас останати примитивци.
 
По тоа сфатив дека не се каете за штетите што ги направивте, дека немате совест да сфатите што толку му згрешивте на овој народ да ве збрише на изборите. Значи лекцијата не ви е научена, пак и пак.
 
zoran-zaev-1
 
Го прашувам членството на СДСМ, дали конечно сфати на каков политички незнајко му веруваше?
 
Дали сфативте вашата слепа верба во поткупен од надвор полтрон каде ве доведе?
 
Дали конечно ви кликна каде ве одведе неговата глупотија во спрега со пиљарскиот менталитет изграден на некоја тезга за чушки и френки во Горњи Милановац или Алексинац.
 
Дали сфативте надменоста на Мила, Филипче, Забрчанец, Маричиќ,, Обиџуко и Љупче Кромидот до каков пораз ве доведе?
 
Дали сфативте дека ние што плукаме на вас и вашата политика не бевме вашите душмани, туку обратно.
 
Во супата ви мочаа токму лигушите од врвот на вашата партија кои лажно ви се претставуваа како прогресивци, а одработува за лична корист и во корист на интересите на соседни држави, сето тоа маскирано во бајката за ЕУ вредности и фамозниот Датум.
 
Да ви се покакам од ќерамиди и на едното и на другото, глупаци едни.
 
Поради вас доживеавме да бидеме исмеани пред светот а презрени дома зашто сме осиромашени уште толку.
 
Да не се лажеме, како што и досега бев директен со секоја моја објава против вас: Заслуживте ваков дебакл. Барајте си друга партија во која ќе молите за вработувања и привилегии на ваши блиски. СДСМ е минато свршено. Катанец на врата и чао.
 
Не Бранко, сите најдобри да ги вратите во партијата, дури и оние кои се умрени, за вас никој повеќе нема да гласа на избори, дури ни од инает кон некој кој лошо ќе владее.
 
Толку ги разочаравте, пониживте и разбеснивте Македонците што тоа никогаш нема да ви го заборават. Ни после триста години.