Четврток, 01 Јули 2010    Печати
По 17-годишна пауза обновена Вардарската регата Гемиџии
По 17 години пауза од денеска до 4 јули по Вардар од Велес до Гевгелија ќе се одвива 11 Вардарска регата, што ја организира Општина Велес, преку Сојузот на спортови на градот.
Регатата стартува утрово пред споменикот на Гемиџииите во Велес. Вардарската регатата се одвива со пет големи чамци, еден маестрал, пет кану и една гемија или дрвен сплав во спомен на Гемиџиите или Солунските атентатори во чија чест се одржува Вардарска регата.
vardarska-regata-gemidzii
Регатата ќе плови четири дена и во тој период учесниците три пати ќе логоруваат во шатори и тоа во Стоби, Демир Капија и Марвинци. Регатата свечено ќе биде затворена во недела во 12 часот во Гевгелија.

На Вардарската регатата има околу 70 учесници, кајакари од четирите кајакарските- кану клубови од Велес, „Вила Зора‘‘, „Бабуна‘‘„Вардар‘‘ и „Гемиџии 2008‘‘, како и претставници на Црвениот крст, АРМ, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување.