|
||
| Во Струмица откриен споменик на бегалците од Егејска Македонија |
Спомен-обележјето, на кое на карпеста подлога е прикажана мајка-бегалка која заштитнички го прегрнува своето дете, претставува симбол на апокалиптичните судбини и страдања на Македонците од егејскиот дел за време на бегалските погроми по Втората балканска, двете светски и граѓанската војна во Грција во првата половина од минатиот век.Споменикот е поставен во Спомен-паркот посветен на бегалците и децата на бегалците, а за неговата изработка се потрошени околу 500.000 денари од општинскиот буџет. |