|
||||
Среќен 35 годишен роденден ВМРО-ДПМНЕ! Среќен 125 годишен роденден ВМРО! |
Денес го нема основачот и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски и многу други наши сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, но, нивниот вмро-вски дух ни влева сила, надеж и волја да истраеме и да одиме само напред. Вечна им слава на сите! Родендените се моменти кога одбележуваме, се потсетуваме и прославуваме. ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 Јуни 1990 година, а основната причина за нејзиното основање е борбата за самостојна Македонија и стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20 век. Изминаа 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Партија која е историски наследник на организацијата која дала многу жртви за вечниот идеал на Македонскиот народ за слободна и самостојна Македонија. И така на Македонија и е судена ВМРО, на Македонците им стана судбина ВМРО и како по аманет, ВМРО ја води секогаш моќен Македонец, денес на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Проф.Др.Христијан Мицкоски. Уште една цврста гранка, здрав корен е на врвот на ВМРО-ДППМНЕ. Проф.Др.Христијан Мицкоски е прво Македонец, а потоа лидер на партија, чесен и достоен граѓанин на Република Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори за Македонија. А Македонија не е само тука, таа дише со секој Македонец по планетата земја и во соседните држави. ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш. АМИН! Среќен 35 годишен роденден ВМРО-ДПМНЕ! Среќен 125 годишен роденден ВМРО! |