|
||||
| Братски честитки по повод Бадник и светлото Христово Рождество – Божиќ |
|
Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува искрени и братски честитки до сите Православни Христијани по повод Бадник и светлото Христово Рождество – Божиќ. Нека раѓањето на Богомладенецот Христос донесе мир во секој дом, сплотеност во секое семејство и надеж во срцата на сите луѓе. Нека овие свети денови нè потсетат дека верата, љубовта и жртвата се темелите врз кои се гради иднината, а заедништвото е нашата најголема сила. Како потомци и чувари на слободољубивата македонска идеја, со длабока почит се поклонуваме пред духовното и националното наследство, со завет да го чуваме, браниме и пренесуваме на идните генерации. Со вера во Бога, со љубов кон народот и со одговорност кон татковината, Христос се роди!
|






















