Понеделник, 26 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња

maxresdefault copy

Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките

Аздисност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета.

За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време на четиридневната посета времето наместо да го користи за работи кои се во служба на Македонија, таа пазарела.

Накратко, од увидот на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка Виза на прва се гледа ненаменско трошење на буџетски средства. Или, колку за илустрација Бисера Антоанета потрошила 714 фунти за лични потреби. Станува збор за потрошени 89 фунти и плишано мече платени со службена картичка Виза. Потоа, се подновила со два самсонајт куфери во вредност од 219 фунти и уште еден со цена од 59 фунти. За чорапи во Маркс и Спенсер потрошила 42 фунти.  Бисера Антоанета купувала и во Гифт бокс во Лондон и потрошила 146 евра. Исто така  потрошила 158 фунти во специјализирана продавница и купувала подароци со ликот на Хари Потер како ракавици, маички, ташна за милениче и слично.

Бисера Антоанета при увидот во сметките се гледа дека потрошила народни пари в вредност од 714 фунти, или околу 850 евра, односно скоро 52 илјади денари за лични потреби.

Ова е сума за храна и воопшто животни трошоци за едно четиричлено семејство за тек на 30 дена или еден месец.

Дополнително согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво и кои не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. За истите треба да направи раздолжување во рок од 7 дена по службениот пат.

Ова е само едно од многуте пречекорувања кои ги направила Бисера Антоанета.

Или ова е само вовед колку народни пари потрошила Бисера Антоанета.                   

А за тоа со чии пари Бисера Антоанета се расфрлала во Лондон ќе објавиме на денешната прес-конференција, со копии од сметките. Токму поради вакви случаи Македонија е ограбена држава! Секој што постапувал спротивно на законот ќе одговара!

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.