|
||||
Жителите на Врапчиште,Зубовце и Галате ќе пијат конечно чиста изворска вода |
ИСПОЛНЕТО Е УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊА НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ И ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Денес Владата на Р. Македонија ги потпиша договорите со општините кои учествуваа во јавниот повик и ги исполнија условите, добија средства за проекти од првиот дел од 250 милиони евра за капитални инвестиции. Меѓу другите општини, Владата на Република Македонија денес донесе многу важна одлука за жителите на Општина Врапчиште: за населението од Врапчиште, Зубовце и Галате. Помина проектот за чиста вода за пиење на овие населени места. голема радост на жителите на овие села, конечно ќе имаат чиста изворска вода за пиење, а не како до сега вода со фекалии. Голема благодарност пред се на премиерот Мицкоски кој што пред изборите им вети, а денес на владина седница го исполни ветувањето. Премиерот Мицкоски остана на зботот, го реализира ветеното. Голема бладодарност на Премиерот Мицкоски и владата на Република Македонија. Премиерот Мицкоски најави дека за следната година во рамките на Буџетот се предвидени дополнителни средства за капитални инвестиции во општините . Тој на градоначалниците им соопшти дека до година ќе бидат одвоени средства во висина од околу 130 евра по жител, а сега износот е 44 евра. Со ваквата распределба се очекува во 2025 сумата за локални проекти да изнесува околу 15 милијарди денари. |