Вторник, 29 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Владиниот проект за финансирање на општините значи нивен брз развој

29.10.2024

Стефковски

На вечерашното гостување во Тема на денот на Сител Телевизија присуствуваше градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски кој посочи дека проектот за финансирање на општините е  многу битен проект реализиран од страна на Владата, за директно финансирање на општините со цел реализација на инфраструктурата.

„Овој проект ќе значи брз развој на општините во насока на рамномерен регионален развој и како општина во изминатиов период се подготвувавме со проектна документација за аплицирање на овој повик добивме 184 милиони денари односно 3 милиони евра согласно методологијата на Владата и министерството за локална самоуправа , 44 евра по глава на жител“, рече Стефковски.

Тој посочи дека Општина Гази Баба аплицирала со 4 проекти и додаде:

„Аплициравме со 4 проекти со изградба на нова детска градинка во населеното место Инџиково , комплетна реконструкција на домот за култура во Ченто, изградба на нова спортска сала во населеното место Црешево, и изградба на улица помеѓу Маџари и Кирамидница , кој што ќе биде предуслов за изградба на нова детска градинка во 2025 година. Сите четири проекти позитивно ни поминаа во комисијата за евалуација и веќе ги потпишавме договорите со ресорните министерства“, истакна Стефковски.

Според Стефковски средствата кои не ги доби Општина Струмица се затоа што Општина Струмица аплицирале со проект за кој веќе е завршена тендерската постапка што подразбира дека Општина Струмица веќе обезбедила средства за реализирање на тој проект.

„На сите средби со Златко Перински ни беше посочено за кои проекти можеме да аплицираме. На тие средби присуствуваше и градоначалникот Костадинов и таму беше детално потенцирано дека ќе се подржат проекти кои ќе подразбираат инфраструктурен развој и доколку проектот опфаќа голема финансиска конструкција тој може да се подели во фази и да се аплицира фазно за обезбедување на средства од страна на Владата“, потенцираше Стефковски.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.