Четврток, 29 Јули 2010    Печати
Од Бигроскиот манастир свечено беше испратена Илинденската коњаница за Крушево
{besps}photo/ilindenski-mars-gostivar|width=600|height=400{/besps}
Од древното македонско светилиште св. Јован Бигроски, днеска свечено беше испратена илинденска коњаница, која на 31 август ќе пристигне во легендарното Крушево а на 2 август ќе учествува на централната прослава посветена на Илинден.

Петмина младинци од Гостивар облечени во комитска облека и со коњи ќе ја минат патеката по која пред 107 години, ја минале браќата Филип и Угрин Канчески од Галичник, кои на востаниците им однесле две црешови топчиња, а ги конструирале и ги изработиле монасите на Бигроскиот манастир. Коњаницата која ќе мине низ селата Галичник. Тресонче, Лазарополе, Другово, Цер, и ќе пристигнат на Гумење Крушево, со себе носат црешово топче, прототип на илинденските, кое за оваа пригода го изработи дипл. грд. инг. Тодор Динговски - Тоше од с. Маврово.

Коњаницата ќе мине околу двестотини километри низ планинските до Крушево.

Во манастирската црква св. Јован Крстител, игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј и монасите во овој манастир ги благословија комитите и им посакаа среќен пат. Во оваа пригода архимандритот Партениј рече: во овој манастир, пред 107 години, монасите ги проектирале и изработиле две црешови топчиња и оружје кои биле однесени во Крушево, а востаниците преку нив го огласиле почетокот на Илинденското востание и се бореле против османлиите. Монасите, како што потсети архиманадаритот Партениј, секогаш биле поттикнвуачи на слободарскиот и националнииот дух.

Според отец Партениј од историските настани треба да повлечеме поука, историјата треба да се учи за да не ни се повторуваат многу немили настани. При тоа, треба да ја чуваме слогата и да не ја забораваме љубовта кон татковината, како што ја имале нашите претци, бидејќи татковинта е нешто свештено, благородно и возвишено.

Комитите покрај монасите, на долгиот тридневен Илинденски марш, ги испратија голем број граѓани од долнорекланските села, од Гостивар и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше г. Мукрем Мехмеди.

Младите си дадоа завет дека и во иднина ќе ги негуваат илинденските традиции.

Со поаѓањето од Бигроскиот манастир” за Крушево, се присетуваме на нашите славни Илинденци и на народот кој им давал голема подршка во сенародното ослободително востание, ветуваме сека во иднина „Илинденскиот марш“ ќе стане традиционален.