Четврток, 07 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД

milo8

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

„Сметам дека големата излезеност на гласачите најавуваше убедлива победа. Она што претходно беше најавувано како изедначена трка можеби беше претпазливост на некои анкетарски куќи, или од нивна страна некои сакаа да бидат и политички коректни“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на вечерашното гостување на МТВ каде имаше дебата за актуелната тема изборите во САД и победата на Доналд Трамп.

Исто така Милошоски додаде дека Трамп добил апсолутна победа, огромна доверба од граѓаните и дека има сериозна задача и одговорност кон граѓаните во САД.

„Гледам дека самата разлика не само по број на електорски гласови туку и по гласовите добиени од граѓаните, господинот Доналд Трамп како нов претседател доби сериозно мнозинство.Истото се повторува и во Конгресот и во Сенатот и ќе има една сериозна власт и одговорност“ , изјави Милошоски.

Милошоски напомена дека актуелната македонска Влада е во блиски релации со членови од  тимот на Трамп, така што партнерството со САД е од важен национален интерес.

„Сметам дека актуелната Влада во Македонија има една предност. Предноста е што постојат и лични познанства пред да се стапи на било каква должност. Во тимот на Трамп и премиерот Мицкоски и министерот  за надворешни работи Муцунски и други нивни сооработници имаат лични познанства со добар дел од луѓето кои што се блиски во кругот на опкружувањето на Трамп“, дециден е  Милошоски.

Милошоски дополнително додаде дека од средбите кои што ги воспоставил премиерот Мицкоски со Лутник и останатите соработници се разговарало за проекти. Тој нагласи и дека проектите се од стратешки интерес и ќе овозможат дополнителен развој на нашата економија и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

„Сметам дека од она што го имаме добиено како брифинг е добро што за време на посетата на Лутник и други  соработници кои имаа средба со премиерот Мицкоски веќе разговарале за можни проекти, кои што би биле од заеднички стратешки интерес, во областа на економијата, енергетиката, дигитализацијата и други можни взаемни билатерални проекти кои што би биле корисни за Македонија, корисни за регионот, би имале поддршка и би биле корисни за САД“, заклучи Милошоски.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.