Среда, 13 Ноември 2024    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Скопје е едно и единствено кое не познава граници, кое ги надживува стереотипите, поделбите, ја замира омразата и ја подигнува солидарноста

123245

По повод на денот на ослободувањето на Скопје, претседателот на Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати настанот за одбележување на 13 Ноември, со порака за единство и почит кон оние кои се бореле за слободата на Скопје.

,,Денес сме собрани тука, обединети од длабоката љубов кон нашиот главен град, Скопје. Во предвечерието на 13 ноември, ќе кажам дека тоа е печат на нашата историја, сведоштво на храброста и на решителноста на нашиот народ да се бори за слобода и достоинство“, кажа Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека победата над фашизмот е извор на гордост и инспирација за сите нас. Во своето обраќање, тој истакна дека слободата која ја уживаме денес е платена со огромни жртви и дека токму тие го поставиле темелот на нашата држава.

,,На овој ден, Скопје извојува своја победа и таа победа е наша колективна гордост, наша заедничка инспирација. Овој ден сведочи и за солидарноста која овој град ја носи, но и поривот, длабоката желба и стремеж за слобода. И слободата која денес ја живееме неодминливо беше платена со жртви и човечки страдања, и ние таа ја издвојуваме со сопствени сили и наспроти тенденцијата за прекројување на историски читанки и читањето на историјата во зависност на поединечните интереси, вистината е само една, единствена и неделива. Скопје не е само град; тоа е душата на Македонија; срцето на нашата историја и симбол на нашата издржливост“, рече Мицкоски

Мицкоски се осврна и на хероите кои ја втиснале својата жртва во македонската историја, именувајќи ги народните борците кои со својата храброст ги повеле луѓето кон ослободување. 

,,Сигурно ниту Методија Андонов Ченто, ниту пак на Димитар Влахов или Михајло Апостолски не им било ниту малку лесно да се соочат со најголемата фашистичка сила дотогаш, но тие веруваа во отпорот, веруваа во идеалите и потоа чекореа гордо низ слободното Скопје. Таа победа беше на нашиот народ и ние сега и сите генерации после нас имаат право да се повикуваат на придобивките од таа победа.“, истакна Мицкоски

Мицкоски ја истакна уникатноста на Скопје и способноста да ја спои историјата со современоста.

,,Скопје е нашиот град. Нашиот дом. Градот распослан на Вардар, со скопското кале, старата чаршија, Водно и уште стотици илјадници места од нашата младост, од нашите животи. Град со премногу проблеми, но и град со душа, на градски култни места, паркови, маалски клупи и дружби, на скопски урбани ликови кои ги нема многу но се паметат и чуваат во спомените на скопјани.“, посочи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека е важно да се сеќаваме на ослободувањето и жртвите што беа дадени за слободата која ја уживаме денес, но треба и да се гледа напред со цел да се изгради општество кое ќе ја носи таа слобода во нови времиња.

,,Денес, на овој посебен ден, кога се сеќаваме на ослободувањето на Скопје, стоиме обединети не само за да ја славиме нашата историја, туку и за да ја потврдиме нашата посветеност на иднината. Ова е момент кога се подготвуваме за нови предизвици, со сила и верба дека ќе го направиме Скопје и Македонија местото кое го заслужуваат сите наши граѓани, а Македонија место кое што сите ние го заслужуваме. Ја преземаме оваа одговорност со срце и посветеност“, заклучи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.