|
||||
Атанас Кирјаков: Отворено писмо до г-ѓа Урсула фон дер Лајен |
Последните Македонци во Пиринска Македонија Од 1990 година до денес, Бугарија е осудена 17 пати од Европскиот суд за човекови права во Стразбур за прекршување на човековите права на етничките Македонци во Бугарија. Но, Европската унија останува безгласна. Зошто молчите, г-ѓо Урсула фон дер Лајен? Репресиите врз Македонците продолжуваат и во 2025 година. Денес, да се биде Македонец во Пиринска Македонија е многу тешко. Македонците и Македонките се изложени на постојани репресии, асимилација и дискриминација. Од времето на Тодор Живков, па сè до денес, официјалната политика на Бугарија спроведува систематска асимилација. Репресивни практики: -Македонците се следени, подслушувани, фотографирани и заплашувани од тајната полиција. -Се подложуваат на притисоци да потпишуваат изјави против пријатели и роднини Македонци. -Жени се принудувани да се разведат од сопрузите Македонци. -Семејства се разединуваат поради различна етничка определба. -Ученици се исклучуваат од училишта, работници се отпуштаат од работни места, а Македонците се ограничени на ниско платени и тешки физички работи. -Бизнисите на Македонци се систематски уништувани преку постојани инспекции и казни. Правна и културна дискриминација: -Бугарскиот суд не дозволува регистрација на македонски културни организации или политички партии, со образложение дека тоа ја загрозува територијалната целина на Бугарија. -Македонските празнични собири се забранувани, а учесниците се апсени и малтретирани. -Намалување на македонското население: -Поради децениските репресии и асимилација, бројот на Македонци во Пиринска Македонија драстично опадна – од 200.000 во минатото, до само 1.500 на последниот попис. -Денес, во 2025 година, Македонците во Бугарија се целосно непризнаени како етничка заедница. Според официјалната политика на Софија, Македонците „не постојат“. Апел за заштита на човековите права: -Ова е реалноста на Македонците во Пиринска Македонија во 21 век. Г-ѓо фон дер Лајен, Европа не смее да молчи пред оваа неправда. Ова е прашање на основните човекови права, кои Унијата ветува дека ги штити. Со почит, Атанас Кирјаков Претседател на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“ – Благоевград Објавено на 15 февруари 2025 |