|
||||
Премиерот Христијан Мицкоски го постави камен-темелникот за изградба на автопатот Тетово–Гостивар |
Денешниот ден го обележа еден важен чекор за западна Македонија. Патот Тетово–Гостивар е повеќе од пат, тој е доказ дека Македонија под водство на Христијан Мицкоски станува земја на дела, а не на изговори. Ова е симбол на новата македонска преродба. Овој автопатот е еден од најзначајните инфраструктурни проекти за западна Македонија. Овој чин не е само технички почеток на градба, туку силна порака дека Македонија конечно има влада која знае каде оди и што прави. Овој патен правец, кој со децении беше заборавен од институциите, добива нова димензија. Тоа не е само пат што ги поврзува двата најголеми града во Полошкиот регион, тоа е пат што поврзува луѓе, идеи, економии и иднина. Зад секоја реконструкција стои визија, а визијата на оваа Влада е јасна: модерна, просперитетна и поврзана Македонија. Проектот, вреден 90 милиони евра, опфаќа 18 километри нова траса, девет натпатници и целосна реконструкција на постојниот пат. Со тоа ќе се зголеми безбедноста, ќе се скрати времето на патување и ќе се подобри ефикасноста на транспортот. Но, најважно од сè ќе се отвори нова перспектива за економски развој на целиот регион. Компаниите, земјоделците и малите бизниси ќе имаат директни придобивки од стабилна и квалитетна инфраструктура. Ова е првиот конкретен чекор кон враќање на достоинството на граѓаните од Тетово, Гостивар и пошироко. Премиерот Мицкоски порача: „Градежништвото ќе биде мотор на економијата. Овој автопат ќе го поврзе не само Тетово и Гостивар, туку ќе ги поврзе граѓаните со иднината која ја градиме, со работа, чесност и визија. Ова не е крај, туку само почеток на инфраструктурната преродба на Македонија.“ Патот Тетово–Гостивар е повеќе од градежен објект. Тој е симбол на Македонија што се буди, што се гради, што се менува. Тоа е патот на една нова македонска преродба. |