|
||||
Венко Филипче е срам за Македонија |
Една од клучните фигури во сенка на Зоран Заев беше токму Венко Филипче. Наместо да остане запаметен по хуманост или доблест, Венко Филипче ќе остана запаметен по молкот за модуларната трагедија и поданичката улога за обезличување на нацијата. Како што јасно укажа пратеникот Бране Петрушевски: „Венко Филипче е срам за Македонија, наместо да биде во линија со националните интереси, тој по примерот на Зоран Заев оди и ги поткопува позициите на државата во Атина. Венко Филипче го користи секој свој јавен настап надвор за да ја кодоши државата и да ги руши нејзините позиции со лаги и измислици“. Македонија во изминатите години преживеа премногу удари, понижувања и предавства. Од сменето име до сменет идентитет, од уништени институции до предадени национални интереси. Една од клучните фигури на тој период во сенка на Зоран Заев беше токму Венко Филипче. Денес, Венко Филипче, неносен од чувство на одговорност или грижа за татковината, туку од желба за самопромоција и служење на интересите на некои наши соседи, продолжува да ја навредува Македонија, овојпат од Атина. Наместо да ги брани нашите национални позиции, тој ги поткопува. Наместо да биде дел од единствениот фронт во одбрана на идентитетот, тој избира да биде мегафон на лаги, дезинформации и кодошења. Дали Венко Филипче е свесен дека настапува како човек што ја кодоши сопствената земја? Дали му е пријатно во улогата на новиот гласноговорник на туѓите барања? Или пак станува збор за уште еден трагичен обид на претседател на СДС по секоја цена, да биде прифатен од надворешни центри на моќ, по цена на сопствениот народ? Во каква држава живееме, кога некои луѓе, наместо да се срамат од тоа што го направија, гордо продолжуваат по истата траса на сервилност и предавство? Венко Филипче не научи ништо од поразите на СДС. Тој продолжува по истата линија, линијата на Заев: Распродавање на достоинството во замена за аплаузи однадвор и гнев дома. Македонија заслужува лидери кои ќе ја бранат, не оние кои ќе ја предаваат. Политичарите мора да знаат: над сè' стојат државните и националните интереси. Тоа не е избор тоа е обврска. А секој што ќе ја прекрши, ќе биде запишан како срам. Денес, Венко Филипче не е ништо друго освен ехо на еден паднат режим, глас на капитулацијата и лице на безгрбетноста. Во каква држава живееме, кога некои луѓе, наместо да се срамат од тоа што го направија, гордо продолжуваат по истата траса на сервилност и предавство? Венко Филипче не научи ништо од поразите на СДС, Тој продолжува по истата линија, линијата на Заев: распродавање на достоинството во замена за аплаузи однадвор и гнев дома. Македонија заслужува лидери кои ќе ја бранат, не оние кои ќе ја предаваат. Политичарите мора да знаат: над сè стојат државните и националните интереси. Тоа не е избор тоа е обврска. А секој што ќе ја прекрши, ќе биде запишан како срам, не како визија. Денес, Венко Филипче не е ништо друго освен ехо на еден паднат режим, глас на капитулацијата и лице на безгрбетноста. |