Четврток, 12 Февруари 2026    Печати
СДС и двојните стандарди: Молк за Струмица, вреска за Србија

6883087e-4d87-45c4-812f-238b797c4cc3

Мицкоски изјави дека неколку правни субјекти се под постојан надзор во рамки на активностите поврзани со производството и контролата на канабис, нагласувајќи дека очекува да бидат откриени уште значителни количини. Тој додаде дека лицата кои, како што рече, се занимавале со незаконити влијанија веќе се процесуирани и се наоѓаат зад решетки, а најави дека ќе следуваат и нови постапки.

Во последниве две недели политичката сцена во Македонија стана сведок на шокантен пример за двојни стандарди во реториката на СДС.

Во февруари 2026, во Струмица и Скопје беа запленети 40 тони марихуана од фирми блиски на СДС. Медиумите известуваа, граѓаните поставуваа прашања, а граѓанските организации бараа отчет. Но, реакција од СДС нема. Ниту едно официјално соопштение, ниту еден јавен апел за истрага, ниту едно прашање упатено до институциите.

Србија: реакција веднаш

Во Србија, беа запленети 5000 килограми македонска марихуана. СДС веднаш реагира: секојдневни прашања, јавни апели, обвинувања за неработење на институциите, медиумско шоу. Најавите, реакциите и прашањата на СДС се речиси непрекинати. Секој ден се поставуваат прашања за тоа како дрогата успеала да премине преку граница, кој е одговорен и како ова бил неуспех на државните служби.

И додека граѓаните, аналитичарите и дел од медиумите се прашуваат што значи ова за безбедноста, СДС молчи за домашната заплена.

Кога е проблем надвор критика; кога е внатре тивко

Овие два паралелни случаи поставуваат едноставно, но важно прашање: дали дрогата е проблем само кога е „надвор“, а кога е „внатре“ молк?

Таквиот пристап е прашање на политички пристап и кредибилитет. Граѓаните не бараат сензации, тие бараат принципиелност. Но кога политичката критика се активира само против „надворешни“ настани, а не ги третира истите проблеми кои директно се случуваат дома, тоа зборува за селективен аршин, а не за принципиелна загриженост.

СДС има право да поставува прашања за секое сериозно откритие, вклучувајќи и заплената на дрога во Србија.

Но кога истиот проблем, дрога, криминал, илегално производство на марихуана се појавува на домашна територија и вклучува фирми блиски на сопствени кругови, молкот на СДС е поразителен.

Дали ова е случај на тактичко игнорирање? Или пак прикривање на делови од реалноста заради политички поени?

СДС мора да одговори: Дали дрогата е проблем само кога е „надвор“, а кога е „внатре“ молчи?

Ако СДС навистина се загрижени за безбедноста, владеењето на правото и заштитата на граѓаните, тоа мора да го покажат и дома и надвор, без селективни реакции.

Молчето за 40 тони марихуана во Струмица и Скопје не е само тивка стратегија, тоа е показател дека политичката реторика честопати се движи по линија на интерес, а не по линија на принцип.

И додека јавноста чека одговори и принципиелни реакции, двојните стандарди на СДС остануваат најгласниот тон во домашната политичка сцена.

МН