Среда, 24 Ноември 2010    Печати
„За што се бореле Македонци и за што се с`га борив“ – статија во весникот „ДЕДО ИВАН“ од 15 септември 1941 г.

dedo-ivanПо априлската војна 1941 година и окупацијата на кралството Југославија, како и на Грција, во трите дела на Македонија настапува нова етапа на националноослободителната борба на македонскиот народ. Специфичните услови во кои се најде македонскиот народ под окупација на германските, италијанските и бугарските војски го диктираа и процесот на подготовките и развојот на вооруженото востание. Прогресеивните сили на македонскиот народ, понесени од вековните идеали и илинденските традиции за формирање на слободна македонска држава, без разлика на политичката определба, уште од самиот почеток на Втората светска војна активно се вклучија во подготовките и развојот на вооруженото востание, предводено од партиските организации на комунистичката партија во Македонија.

Македонскиот народ, иако многу малку се пишува за тоа, меѓу првите во Југославија ги започна своите вооружени акции против окупаторските воени и полициски сили на Третиот Рајх. Партиските организации на Скопје, Велес, Прилеп, Битола и други градоци имаа формирано посебни диверзански групи, кои на теренот секој момент го ползуваа за диверзии против разни објекти на окупаторот. Меѓу првите диверзанстки акции, беше уништувањето на германските авиони на аеродромот во Скопје на 4 јуни 1941 година, потоа во август диверзија во рудникот Радуша за земање на експлозив, судир кај тунелот Богомила и др. Кон крајот на летото 1941 година беа формирани и првите партизански одреди, како што се: Скопскиот (август), Прилепскиот (септември) и Кумановскиот  партизански одред (октомври).

Во текот на Народноослободителната војна, скоро сите партиски организации, воени единици и партизански одреди издаваат свои весници, билтени и сл. Меѓу многубројните листови што ги издаваат партиските организации и воените единици се „Дедо Иван“(Куманово), Билтен на Главниот штаб, весниците „Нова Македонија“, „Млад Борец“, „Македонија“, списанието „Илинденски пат“ и други во кои информациите се пренесуваат на македонски јазик.

Во написите објавени во овие списанија особено доаѓа до израз борбената историја на македонскиот народ, најмногу инспирирана од величината на Илинденското востание и величината на секојдневните борби. Истовремено во овие статии се гледа вековната желба на македонскиот народ и континуитетот во напорите за создавање на самостојна национална држава. Македонските предвоени поети и писатели, како и новите имиња кои се појавуваат на сцената во тоа време, со своите дела создале солидна база за развивање на македонскиот литературен јазик и воопшто на македонската култура.

Меѓу првите кои отпочна да издава свој лист е месната оргаиизација во Куманово. Од весникот „Дедо Иван", којшто го издаваше Месниот комитет, во 1941 година се излезени 3 броја во периодот од 15 јули до 15 септември 1941 година, а бил со формат 21 X 17, умножен на циклостил. Одговорен уредник бил Апостол Зордумис – Толи, а членови на редакцијата биле Бојан Зафировски, Панче Пешев, Кочо Попов и Лазар Соколив. Обраќајки се до јавноста на кумановски дијалект, редакцијата ќе напише:  „На целу поштену јавност“. „Овај лис има да биде стожер около кога ќе се збере све што је поштено, све што сака да се бори за ослободување на Македонију од туѓи окупатори... “

Во статија „За што са се бореле Македонцииза што се с'га борив“ објавена во во весникот „Дедо Иван“ бр 3 од 15 септември 1941 година се изнесува континуитетот на борбата на народот во Македонија за остварување на вековните стремежи кон национална слобода. Содржината на текстот и неговите пораки, актуелни и од денешен аспект кога нашите соседи го негираат нашето право на име, идентитет  и јазик, ви ја пренесуваме во целост.

„За што са се бореле Македонцииза што се с'га борив“

„Македонска национална свес и жеља за ослободување појавује се прилично доцно у однос на други комшијски народи. Разлози са прости и јасни: Македонија је имала централно положение у турску империју, експлоатација (пљачкање) била најголема, а за тој је и влас била много поцврста него што је била куде народи који са имале периферни положај. Топрв у другу половину на XIX (деветнаести) век, народ од Македонију, к'да су Србија, Бугарија и Грчка комај биле национално слободни државе, започиње да се сабира и да дава организован отпор на тлачитељи. Млада народна интелегенција сас радни народ на село и град пробудује се и свак доприноси свој дел за да се оствари идеја за Слободну Македонију! И сељак и граѓанин сви се турав у службу за остварење слободне Македоније! За остварење на такву Македонску државу која ќе загарантује на свакого својега члана свите политички права и слободан еконамски и културан развој. У туј голему и тешку борбу Македонски народ се подупирал само на свои сопствени силе, сараг'ивал је само сас онија покрети и народи који са признавале на Македонски народ право на слободу и на живот - на Арнаути, Турци, Власи, Цинцари и други.

Ствари се развивав нормално све до момент к'да Бугарски, Српски и Грчки чорбаџије (у почетак на XX - дваесети век ствара се буржоазија на тија народи) неса увиделе да је Македонија ед'н мрсен залак, пошто има богату и плодну земњу и најарно географско положение! Прво започиња Бугарска буржоазија усилену пропаганду за да побугари Македонски народ, па по тој Грчка и Српска буржоазија! И до т'га Македонски народ единствен почнује да се дели на три дела, према утицај од коју страну доаѓа и према наду од коју страну ќе му дојде олакшица од турски јарам. Он останује фактички оној што је и бил Македонац, ама симпатије се делив или онакој како се наради фрљав едни на други и стварав се т'га Бугараши, Србомани и Гркомаки.

Видно је дека овај подела прва захвак'а чорбаџије, и тај подела имала је важност за њија, ама сама тај подела заватија је цел Македонски живаљ. До 1903 годину, до „Илинденско Востаније" идеја на единство на македонски народ - идеја на слободну и неразделиву Македонију неје била само у главе на македонски учени људи и на мали кружоци, век'е и општенародна идеја. Ама после „Илинденско Востаније" тај идеја слаби за тој што се на њум вршив големи утицаји од пропаганде на трите стране и Македонски чорбаџије се обрнујев на едну или на другу страну све појако, од прос разлог што к'д к'е дојде страна коју гу он симпатише к'е му направи и обезбеди појако пљачкање на работан народ и к'е му отфрљи конкуренцију која иде сас другу страну. Тој разједињување и тија утицаји на туг'и империјалистички интереси дошло је на видело или до изражај у прву поделу на Македонију у 1912 годину мег'у Бугарску, Српску, и Грчку и у другу поделу у 1918 годину.

Македонски народ је сасвим исправно устремил своју борбу још одма у почетак и добро је запазил за чиј есап се прави тај подела на три дела. Пошто је извршена подела могал је да наслути, ама само после горки искуства и „уживање на слободу" коју су му гу донасале „ослободитељи" у тој се и сам убедил. Он се све повише трезни и сетује се на први борци и идеолози за Слободну Македонију - сетује се на проглас издаден од Слободну Крушевску Републику (се мисли на манифестот „Браќа земјаци и мили комшии"  на Штабот на крушевските востаници од 1903 г. – н.з.) сетује се на речи на Гоцета Делчевога, памети га и Питу Гулева и ред на други знани и незнани јунаци. И македонски народ разочарал се је у своји „брак'а ослободитељи" па биле они бугарски, српски или грчки империјалисти и чорбаџије, па се за тој врак'а све повише на стару и исправну идеју - Македонија на Македонци!

Ама с'га у овј најголем рат к'да се цела Европа наваг'а у пламен и узбуг'ење што к'е бидне јутре, не може никој ни да помисли да се бори за Слободну Македонију сам, само сас свој народ. Цела Европа па и цел свет с'га је блиско сврзан и што се догоди на ед'н крај одма одјекне на друг. За тој и мија Македонци не можемо да останемо по крај од тија догаг'аји и да не земемо свој став. За Слободну Македонију бориле су се наши дедовци, татковци, боримо се и мија! Ама мија морамо да бидемо свесни дека сас неустрашиву борбу има да бидемо свите уједињени и сложни против непријатељи на слободу на наш народ и на слободу и на самоопределување на свите народи. Свак човек има право на живот, исто такој и свак народ има право на живот. Ако га нема требе да га печали. Македонски народ к'е бидне слободан ако у своју земњу сам бидне господар на своју судбину, ако бидне господар на плодови од своју работу. Наши праведни тражења, нашу свету борбу познавав свите и свите к'е гу помогнев! Најдобри савезници у туј борбу са наши брак'а Бугари,Срби, Хрвати, Словенци, Босанци и Црногорци, јер и њија ги мучив исте муке и они са изгубиле своју националну слободу под најезду на германски и италијански фашисти. А наш најголем заштитник и помагач у нашу борбу к'е биднев народи на Совјетски Сојуз, који с'га водив гигантску битку против Хуни (Варвари) од XX дваесети век. Сас своју борбенос, у заједницу сас борбу коју водив братски славјански народи и сви поробени народи и цело работно човечество к'е добијемо и к'е спечалимо слободу. К'е створимо Слободну Македонију у заједницу сас свите јужно-славјански народи, куда к'е бидне слобода, леп и мир за Македонци, Бугари, Срби, Словенци, Босанци и Црногорци!, за свакого работнога човека! Не омраза и служба на интереси на империјалисти и чорбаџије, тики слобода на сопствен народ у слободу на братски славјански народи у целу Европу и цело човечество!

Ете за тој се бори Македонски народ и за тој к'е се и бори!

Да живи слободна Македонија у јужну-славјанску заједницу на народи!

Да живи борба против поробитељи и тлачитељи! живи помагач и заштитник на потиснати народи - Совјетски сојуз.

Доле крвави фашистички окупатори!“