Среда, 01 Декември 2010    Печати
Александар Велики Македонски лично изјавил дека Македонците не биле Грци!

Александар ДОНСКИ

Во нашата јавност е малку познато дека најпознатиот маке­донс­ки цар Алек­сандар Трети Велики Македонски (356 - 323 год. пред Христа) лично има изјавено дека античките Македонци биле засебен народ во однос на Грците.

Денес се зачувани извадоци од негови арти­кулации (писма и говори) објавени од страна на ста­ро­­грчкиот историчар Аријан, кој пак, ги превзел овие матери­јали од историското дело посветено на Александар, напишано од александро­виот генерал (а според не­кои извори и полубрат) Птолемеј. Ова историско дело денес е зачувано само во фрагменти пренесени од неколку други  антички историчари. Но, да поминеме на фактите.

 

Аријан го пренесува говорот (превземен од загу­бе­ното дело на Птолемеј) што Александар Велики Македонски го одржал пред своите офицери кога тие, на барање од војниците, одлучиле да не го следат натаму во конечното освојување на Индија и премо­рени посакале да се вратат во своите домови. Ме­ѓутоа, отпрвин никој од нив не се осмелувал да му го соопшти тоа. Александар сфатил што се случува, ги повикал на состанок своите офицери и им се обратил со зборовите:

„О Македонци и грчки сојузници забележувам дека кога би ве повел во нови потфати нема веќе да ме следите со стариот дух.. Ве повикав на состанок за да донесеме заедничка одлука: дали ќе продолжиме натаму како што посакувам јас или ќе се вратиме назад како што посакувате вие.

Ако имате какви било забелешки во врска со резултатите од вашите досегашни залагања или во врска со мене како ваш командант, нема што повеќе да се каже. Но, дозволете ми да ве потсе­там. Преку вашата смелост и издржливост  вие станавте господари на: Јонија, Хелеспонт, Фригија, Кападокија, Пафлагонија, Лидија, Карија, Ликија, Памфилија, Феникија и Египет. Грчкиот дел од Либија сега е ваш, заедно со дел од Арабија, долна Сирија, Персија и Медија со сите тери­тории кои порано биле или не биле под нивна власт. Сето тоа сега е во ваши раце. Вие сега сте господари на земјите зад Касписките врати, зад Кавказ и Танаис, како и на Бактрија, Хирканија и Хирканиското Море. Ние ги избркавме Скитите назад во пустината, а реките Инд и Хидасп, Акесин и Хидраот сега течат низ земја која е наша. По сите овие достигнувања зошто се двоумите сега да ја проширите моќта на Македонија, т. е. вашата моќ кон Хифас и племи­ња­та што живеат од другата страна?“.

И понатаму:

„Ако се вратите сега, таму ќе останат многу воинствени племиња непокорени помеѓу Хифас и источ­ниот океан... Ако се повлечеме сега постои опас­ност на територијата во која што сè уште не ни е зацврстена власта да биде поттикнат бунт од некој народ што сè уште не сме го покориле. Господа од Македонија и вие мои пријатели и сојуз­ници, ова не смее да се случи.“

И понатаму:

„О Македонци и грчки сојузници, останете цврс­ти!... Каква голема и благородна работа ќе оства­ревме ние, ако мислевме дека е доволно спо­којно да живе­е­ме во  Македонија и само да си ги заштитуваме нашите домови, бранејќи се од оби­дите да бидеме потчинети од Тра­кијците на на­шите граници, од Илирите и Трибалите или можеби од оние Грци кои сакаат да го загрозат нашиот конфор.“ (Arrian, Anabasis, Chap. XXV; Под­вле­­кува­њата се мои).

Во овој говор на Александар, зачуван од загу­бената историја на Птолемеј, недвосмислено се гле­да дека самиот најпознат македонски цар правел јасна разлика помеѓу Македонците и Грците како два посебни народа. Тој овде не само што одвоено им се обраќа со „Македонци и грчки сојузници“, туку и децидно објаснува дека Македонците кои останале во Македонија можеле да бидат загрозени од своите соседи: Илири, Тракијци, Трибали и - Грци!

Александар Велики Македонски јасно ги издвоил Македонците од Грците и во своето писмо што го испратил до персискиот цар Дарие како одговор на неговата мировна понуда. Аријан пренесува делови од ова писмо. Еве што, меѓу другото, му напишал Александар на Дарие:

„Мојот татко (Филип Втори) беше убиен од заговорници испратени од тебе како што самиот се фалиш во твоите писма. А по ликви­дирањето на Арсе и на Баго и по нелегалното превзе­мање на тронот наспроти законите на Пер­сијанците и по твоето непра­ведно владеење, ти им испрати на Грците непријателски писма против мене, убеду­вајќи ги да ми објават војна. Ти исто така испрати пари на Спартанците и на некои други Грци, но ниту една држава нив не ги доби, освен Спартан­ците.“ (Arrian, Anabasis, Chap. XIV).

Очигледно дека Александар и овде ги третира Грците како туѓ народ на чии претставници Перси­јанците им испраќале „непријателски писма“ против Алек­сандар. Познато е дека Спартанците биле един­ст­­ве­ните Грци кои колку толку успешно се спро­тив­ставувале на маке­донската хегемонија. Овде гледа­ме дека самиот Алексан­дар тврди дека тоа било затоа што биле потплатени со персиски пари. Секако дека ваквото тврдење тој го изнел врз основа на веро­дос­тојни информации од свои луѓе во нивните редови.

И во Биографијата за Александар напишана од латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф, пренесени се изјави од Александар Велики Македонски во кои тој го спомнува посебниот македонски јазик наре­кувај­ќи го „мајчин јазик“.

Заради сето ова, навистина е нејасно како може денешната грчка историографија и пропаганда и прогрчки настроените автори од други земји да го третираат Александар како „Грк“ кога самиот тој јасно ги издвоил Македонците од Грците.