Недела, 19 Декември 2010    PDF Печати Е-пошта
Штипјани приготвија 400 литри чорба од риба за патрониот празник Свети Никола

_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copyГрадот Штип  организирано по вторпат го одбележува патрониот празник Свети Никола. Во централниот соборен храм на Брегалничката епархија Свети Никола беше одржана свечена литургија на која чиноначластвуваа митрополитите Иларион и Агатангел.

Во рамките на одбележувањето низ улиците на Штип имаше литија, а на градскиот плоштад „Слобода“ се делеше славскиот колач.

Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион рече дека големиот број православни верници кои денеска присуствува на чествувањето на патрониот празник на Штип, но и на Брегалничката епархија, докажаува дека македониот народ не е брз свои корени.

- Покажуваме дека сме древен народ, дека имаме длабока национална историја и имаме апостолска вера. Собраниот народ покажува дека сме сплотени и единствени, кога е во прашање нашата света црква и нашата татковина Република Македонија, а за нас ова е радост која ни дава сила и крепост  да истраеме и да ги победиме сите внатрешни и надворешни непријатели и да ја сочуваме татковината и нашето свето име, рече г. Иларион.

Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов вели дека патрониот празник „Свети Никола“ ги сплоти сите православни верници, без разлика на политичката припадност.

-За жал минатата година не беа сите единствени, кога сакавме да го прогласиме Свети Никола за заштитник на градот, но денешното присуство на голем број верници од сите политички партии ја оправдува нашата одлука за прогласување на Свети Никола за патронен празник на Штип, вели Алексов.

Тој истакна дека со митрополитот на Брегалничката епархија ќе покренат иницијатива за заедничко чествување на празникот и во останатите општини, кои се дел од епархијата, бидејќи централниот соборен храм и патрониот празник е Свети Никола.

Угостителите од Штип на градскиот плоштад „Слобода“ денеска поделија околу 400 литри  чорба од риба, а секој граѓанин симболично плаќаше 10 денари. Средствата кои ќе бидат собрани ќе се донираат на 10 социјално загрозени семејства.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.