Четврток, 06 Јануари 2011    Печати
Бадниковата вечер да ја поминеме со семејството и најблиските во мир и слога

Vo_Bigorskiot_manastir._1-1

 

 

 

Премиерот Никола Груевски денеска им порача на граѓаните на Република Македонија Бадниковата вечер да ја поминат заедно со семејството и со најблиските во мир и слога.

- Оваа вечер за момент да помислат на важноста на семејството и семејните вредности. Понекогаш понесени од желбата за успех и амбициите секој од нас знае да ги заборави семејните вредности. Бадниковата вечер е прекрасна можност да се навратиме на тоа и да бидеме заедно со најсаканите, рече премиерот Никола Груевски.