|
||
| По десет години Бадник прославен во Мала речица |
|
Се запали бадниковиот оган во дворот на црквата „Свети Ѓорѓија“ во тетовска Мала Речица. По десет години тетовци повторно во неа го прославија Бадник, местото од каде се верува дека започнала традицијата на палење на бадниково дрво во Полошко. Пред три месеци започна обновата на ова светилиште, опожарено за време на конфликтот во 2001 година, кога изгоре целиот комплекс. Се уште не е утврден периодот од кога датира црквата. Точни податоци би се дознале со археолошки истражувања… Од иницијативниот одбор велат дека еднаш била изгорена во 1934, а обновена веќе следната година. Повторно е уништена во 2001. Сега се обновува по една деценија. „Најдена е иконата од Свети Ѓорѓија, која што како икона кога ќе ја погледаш датира дека е стара, затоа што имаме и неколку знаменитости најдени тука. Ќе се констатира дека таа црква доле постои некаде од 14 век“, рече Никола Јованоски, претседател на иницијативниот одбор. Градежните работи треба да продолжат на пролет. Потоа се најавува и нејзино осветување. |