Сабота, 01 Август 2009    Печати
Вмро-ДПМНЕ во Велес одржа панихида за гемиџиите и паднатите вијводи
GemidziiteВо пресрет  на големиот празник Илинден денеска  во кругот на црквата во село Ораовец  во организација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ  од Велес свештени лица од Епархијата Повардарска одржаа панихида во чест на велешкиот војвода Јован Наумов Алабакот и другите велешки војводи кои учествувале во Илинденското востание од 1903.Воедно на гробиштата во село Ораовец се одржа и панихида на најмладиот од Гемиџиите или Солунските Атентатори, Милан Арсов. 


Извор: МИА