Сабота, 26 Март 2011    Печати
„Павел Шатев“: Ако утре има избори

pavel_satev-1_copyВМРО-ДПМНЕ би освоила 55 пратенички места, СДСМ 31, ДУИ 16, ДПА седум, Нова Демократија четири и останатите политички партии седум пратенички мандати, покажува симулацијата на Институтот „Павел Шатев“ направена врз основа на резултатите од неодамнешното анкетно прашање за кого би гласале граѓаните доколку изборите се одржат утре.

Како што соопштија денеска од Институтот, симулацијата е направена врз основа на последните објавени резултати од анкетата на Институт за политички истражувања - Скопје (ИПИС), со употреба на Донтоновиот изборен модел.