Понеделник, 28 Март 2011    Печати
Садење дрвца во манастирот Св. Никола во Љубанци на иницијатива на Маја Иванова

drvca-1Првата дама на Република Македонија Маја Иванова и сопруги на амбасадори во земјава денеска напладне ќе засадат дрвца во дворот на манастирот Св. Никола кај село Љубанци на падините на Скопска Црна Гора, во пресрет на пролетната акција што по седми пат ќе се одржува в четврток.

sveti_nikola-1_copy

Локацијата ја избрала сопругата на македонскиот претседател, која и го иницирала садењето за да лобира и кај амбасадите во Македонија за  зелена и за здрава животна средина. Во денешната акција ќе учествуваат и  монахињите од манастирот и членови на здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“.

 

gjorge-ivanov-maja-ivanova-2009-3-22-10-34-45

Манастирот Св. Никола во близина на Љубанци бил граден во средината на 19 век со придонес на жителите од селото. Поради планинската клима, во Втората светска војна функционирал како воздушна бања за болни од туберколоза. По  возобновувањето на монаштвото од пред десетина години, манастирот е духовен центар за многу посетители