|
||
| Средба на Македонците од Егејска Македонија |
|
Претседателот на Здружението „Македонски Егеј“ од Штип, Јордан Тунев на собирот рече дека очекуваат позитивен епилог од судскиот спор за враќање на имотите кои ги имаат во Грција. - Јасно истакнувам дека сите заедно очекуваме победа во битката за остварување на сопствените права и враќање на имотите за да ја исполниме ветената обврска кон нашите предци, изјави Тунев. Исамил Бојда, претседател на Здружението на Македонци со исламска вероисповед, кој првпат присуствуваше на традиционалната велигденска средба, истакна дека Македонците не смеат да се делат на Вардаци, Егејци и Пиринци, ниту пак по религиска основа. |