|
||
| Анкета на Институт „Павел Шатев“ |
|
Тоа го посочуваат резултатите од симулацијата на пратенички места според Донтовиот изборен модел за секоја изборна единица посебно, направена од Институтот Павел Шатев. Изработена е врз основа на телефонска анкета што ја спровеле во периодот меѓу 6 и 7 мај на репрезентативен примерок од 6.000 испитаници на целата територија на држвата со цел да се измери рејтингот на политичките партии, на која граѓаните одговарале на прашањето за чија кандидатска листа би гласале на вонредните парламентарни избори. Според Институтот, коалицијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ со своите носители на избирачки листи и кандидати за пратеници во изборните единици, ќе има доминантно мнозинство во идниот парламент со вкупно 58 пратенички мандати и ќе може да формираат стабилна Влада чиј мандатор, повторно ќе биде актуелниот премиер Никола Груевски. Партиите за кои традиционално гласаат етничките Албанци, според анкетата ќе добијат вкупно 29 места во новиот парламент, додека помалите партии би добиле три пратенички места. Со оглед дека на овие парламентарни избори прв пат гласа и македонската дијаспора, која, велат, традиционално е наклонета кон десницата, се очекува и два или три мандати од изборните единици 7,8, и 9 да и припаднат на ВМРО-ДПМНЕ, и со тоа оваа партија повторно да има 60 пратеници во идниот парламентарен состав... |