Понеделник, 27 Јуни 2011    Печати
Претседателот Иванов утре ќе му го врачи на Груевски мандатот за формирање влада

izbori-1Претседателот Ѓорге Иванов утре ќе му го врачи мандатот за состав на Владата на Република Македонија на Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партија која на предвремените парламентарни избори освои најмногу пратенички места.

По добивањето на мадатот Груевски има 20 дена до Собранието да достави состав и програма на новата влада. Собранието ја избира владата со мнозинство гласови.