|
||
| Во Охрид утре откривање на споменикот на свети Наум Охридски - Чудотворец |
|
Свечената церемонија ќе се одржи во паркот пред Рибниот ресторан, каде ќе биде откривањето на споменикот. Предвидено е притоа пред присутните да се обрати Јоне Станкоски, претседател на Одборот за подигање спомен-обележје за „Свети Наум Охридски - Чудотворец". Пригодна реч ќе одржат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Охрид Александар Петрески, а ќе беседи академик Цветан Грозданов. Осветувањето на паметникот на свети Наум ќе го изврши митрополит дебарско - кичевски, г. Тимотеј. Со поставувањето на споменикот на свети Наум се заокружува духовниот триаголник во центарот на Охрид, каде веќе се наоѓаат спомениците на свети Климент и на светите браќа Кирил и Методиј. |