Понеделник, 31 Август 2009    Печати
Барем во делот на одбраната, Македонија и Бугарија имаат и навестуваат светли моменти
bugarijaКабинетот на новиот бугарски Премиер Бојко Борисов, ќе продолжи да ја подржува Република Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Тоа е долгорочна национална стратегија и интерес на Бугарија и ниту една влада не може да ги наруши таквите определби.
Постојат проблеми кои повремено ги предизвикуваат поединци и во Бугарија и во Македонија. Но тие треба да се решаваат демократски, пријателски и во релаксирана атмосфера, порача по синоќешната билатерална средба со министерот Коњаноски заменикот на министерот за одбрана на Бугарија Анју Ангелов.
„Кога станува збор за односите на Бугарија кон Македонија, веднаш ќе ви кажам. Јас мислам оти неможе толку лесно да се смени официјалниот став на Софија по прашањето за поддршката што и ја дава Република Бугарија на Република Македонија. За вашето членство во НАТО и во Европската Унија, изјави Анју Ангелов заменик министер за одбрана на Бугарија.
Сосема е друго прашањето дали има поединечни недоразбирања и меѓу соседски проблеми. Проблеми, постојат и во семејствата. А да не говориме меѓу соседите. Таквите проблеми треба да се решаваат во демократски амбиент. Со дијалог и взаемно почитување. Притоа многу е битно една нација да ја почувствува вистинската поддршка од другата, додаде Анју Ангелов.
Но, за жал има повремени проблеми. Проблеми кои се создаваат и кај нас во Бугарија и кај вас во Македонија. И тоа од поединци и од медиуми. И едните и другите повеќе пречат отколку што придонесуваат покрупните проблеми недоразбирања да се решат, побрзо и во по релаксирана атмосфера, додаде Анју Ангелов.
За антимакедонските ставови на министерот Божидар Димитров, Ангелов не сакаше да говори. А, уште помалку да одговара на прашања адресирани до него.
Но како заменик министер за одбрана, потврди. Во рамките на НАТО партнерските односи постојат можности соработката меѓу македонската и бугарската армија да се прошири.
„Македонија го има Криволак. а Бугарија воениот полигон Ново Село. Таму редовно се вршат американско бугарски обуки и вежби на припадници на армиите од земјите членки во НАТО. Особено на оние кои учествуваат во мировни воени мисии по светот. Во рамките на тоа и припадниците на македонската армија можат да учествуваат на овие обуки. Да го користат нашето а ние вашето современо воено искуство.
По отворањето на воената академија во Скопје се создадени сите услови за соработка со бугарската воено академија Ѓорги Раковски. Ќе има размена на професори. Но, тие ќе треба прво да заборават на историското воено минато. Бидејќи сегашноста бара да се предава и да се подготвуваат нови кадри кои ќе одговорат на нашите заеднички обврски преземени од НАТО и ЕУ. Во такви услови, ќе имаме корист и ние во Бугарија и вие во Македонија, изјави Анју Ангелов.
На билатералната средба со министерот Коњаноски и потоа Ангелов уште еднаш потсети оти официјална Софија сака добрососедските односи да се продлабочат. А, поддршката за членство на Македонија во НАТО и ЕУ ќе се засили.

Канал 5