Среда, 23 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (3)

 

hristovoto-stradanjeВо Стариот Град се наоѓа “Вија Долороса“ која започнува од “Лавовата Капија“, односно од црквата Св. Ана, позната по различните називи: “Патот на Крстот“, “Патот на болката“, “Патот на солзите“, “Патот на страдањето“, а го претставува трагичниот пат, по кој одел  Исус Христос, од моментот на изрекувањето на смртната пресуда, па се до погубувањето и воскреснувањето.

Ова всушност е последниот пат на Исус Христос до брдото Голгота, каде што Исус Христос бил распнат на крст. Патот е обележан со 14 стапки, места на кои се изградени капели и цркви, како спомени од значајните моменти на Христовиот трагичен пат и секоја го означува неговото судење во римската тврдина до врвот Голгота ( позната и како Калварија).

Првите 4 станици се наоѓаат во Муслиманскиот Кварт. Останатите се распоредени во Христијанскиот кварт.

Патот завршува со Светиот Гроб, место каде се наоѓа празниот гроб на Исус Христос.

Градинарскиот гроб е местото на погребувањето и воскреснувањето на Исус Христос.

Првата станица се наоѓа на раскрсницата на Патот на Страдањата и патот “Ел Вад“, низ која може да се излезе од Стариот Град низ Дамаската Врата. Убава, мала капела изградена 1974 година која во својата внатрешност плени со едноставната фасада на која е одсликан Исусовиот пад под Крстот. Над него, десетина ангели, тажно го набљудуваат Исусовиот пат.

Втората станица на Исус е веднаш при излегувањето од градските капии, кои ги обележува Фрањската Капела. На ова место, се наоѓа приказ на Исусовиот пад во бронза, и уште се нарекува и Капија на Судбината, а исто така, постои и макета на Ерусалим од времето на Христа.

На Исус му е облечена груба црвена наметка, на главата му е ставен бодликавиот венец, како и Крстот на грбот и вака тргнува на Страдалниот Пат.

Во дворот е и црквата на Трновиот Венец која ја изградил Максимилијан Хабзбуршки.

Додека Исус со Крстот поминувал под поранешната Триумфална Капија на која стоел Понтије Пилат и го гледал, рекол: Ова е само човек, (а не Божји Син!)

Трета станица-Исус прв пат паѓа под Крстот. Станицата ја граделе полски официри за време на Втората Светска Војна.

Четвртата станица е обележана со Ерменската Католичка Црква, се наоѓа црквата на Богородичниот грч од болка и го претставува местото на среќавањето на Исус Христос и Неговата Мајка Богородица која го гледала низ гомилата луѓе и не смеела да му пријде.

Продолжува наредна среда

hristovoto-stradanje-1

hristovoto-stradanje-2

hristovoto-stradanje-3

hristovoto-stradanje-4

hristovoto-stradanje-5

hristovoto-stradanje-6

hristovoto-stradanje-7

hristovoto-stradanje-8

hristovoto-stradanje-9

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.