|
||
| На Референдумот на 8-ми септември 1991 во Берлин ЗА гласале 97 %, а незажечки или против 3% |
|
Референдумот за независност се одржа на 8 септември, 1991 година и доведе до независност на Македонија од Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Прашањето на референдумот гласеше: Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија? ЗА ---- ПРОТИВ Иако во Германија не е дозволено гласање за друга држава, Ние одржавме состанок со службеници во берлинската полиција и ни беше кажано: Во Германија официјално не е дозволено, Вие сепак одржетего гласањето за референдум, ние неофицијално ќе внимаваме да немате некои проблеми и нека Ви е со среќа. И така направивме, комисијата во Берлин составена од членови на Црковниот Одбор, Клубот Гоце Делчев и Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ организираме Референдум и на крај изготвивме записник со резултатот и го испратив по факс до Комисијата за организирање Референдум во Македонија. ЗА гласаа 97 %, незажечки или против 3%. САД, Канада и Австралија гласањето беше извршено предвреме, сите гласачи кои излегле се изјасниле позитивно, односно 100% ЗА. Кога контактирав вечерта по гласањето со комисијата им го кажав резултатот, ми беше кажано испрати го записникот на факс, гласачките ливчиња не ги испраќај, поштата оди преку Белград и ќе ги фрлат. Референдумот е успешен, благодарност на сите во Берлин и цела Дијаспора и нека ни е честито САМОСТОЈНА СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА.
|