Недела, 06 Декември 2009    Печати
„Свенска дагбладет“: Македонија е Гордиев јазол на ЕУ
svenska-dagbladetГетеборг, 6 декември (МИА) - Идната недела агендата на ЕУ се шири на сите страни и кулминира со самит на шефовите на држави или влади, кој, всушност, би можел да се претвори во вистински антиклимакс, пишува денеска шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Таков развој не се очекуваше. Шведскиот премиер  Фредрик Раинфелд во Копенхаген требаше  успешно да ги започне финалните  преговори, крунисувајќи го шведскиот  претседавачки мандат преку репрезентирање на глобално лидерство на ЕУ во климатската политика.

Но, политиката во последните неколку месеци не оставаше многу простор за оптимизам и  предизвика сериозни пукнатини околу  големите очекувања од климатскиот  самит.

Самитот на ЕУ, наместо посакуваното сјајно крунисување, сега го очекува еднолична и придушена атмосфера со понекогаш тешко сфатливи проблеми кои со години ја оптоваруваат агендата.

Еден од тие  проблеми, кои шведското претседателство  би требало да се обиде да го реши, се однесува на Македонија.

Во понеделник Македонија ќе се најде на агендата на Советот на ЕУ преку тешко сфатливи формулации. Советот ќе треба да заземе став околу препораките на Европската комисија за отпочнување  на преговори за членство со Македонија. Прашањето потоа би требало да биде присутно и на самитот на ЕУ идната недела.

Проблемот е, всушност, речиси 20-годишниот спор за името  кој се враќа назад до историските  претстави за Македонија и кралството на Александар Велики. За нив се врзуваат националистичките идентитети и симбоили кои во голема мера се актуелзираат од страна на политичките лидери во Атина и Скопје.

Доколку би им се верувало на најекстравагнтните пропагнди, Балканот би можел да се дестабилизира  од ова прашање. Од друга страна, повеќемина студени и резервирани надворешни посматрачи сметаат дека и двете страни имаат слаби основи за своите претензии за монополизирање на наследството по Александар Велики.

Истовремено, сега постои историска шанса за изнаоѓање  решение за овој гордиев јазол. Односите меѓу Атина и Скопје се чини се нормализирани и новиот грчки премиер Папандеру би сакал да ја измени сликата за својата земја како постојан негатор и предизвикувач на конфликти во ЕУ и НАТО. Повеќе од кога и да било досега, Папандреу треба да ги освои симпатиите во рамките на ЕУ за да се справи со галопирачката државна финансиска криза во Грција. Како членка во еврозоната, Грција практично ризикува да западне под принудна управа за да се спречи државниот банкрот. Напоредно на тоа е важно да се спомене фактот дека Грција е и најголем примател на регионална поддршка од ЕУ-касата.

Јоргос Папандреу, кој има стабилен мајоритет до 2014 година, би требало да се заложи за отворен став. Тој одвај би имал простор да стави вето доколку  шведскиот премиер Раинфелд и министерот за надворешни работи Карл Билд покажат креативна сопсобност во однос на прашањето за името. Билд и Раинфелд, пишува “Свенска дагбладет“, неочекувано би можеле да се запишат во историјата доколку со еден Александров замав го пресечат јазолот.