Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи и од малоумните закани да прави централно прашање на дневната политика, запрашаа од ВМРО-ДП. Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и Косово, вели ќе паднеле преку ноќ двете граници, дека Македонија нема друга иднина освен да биде двонационална држава, бара вертикална употреба на албанскиот јазик, дводомен парламент, посочуваат од ВМРО-ДП.
|
|
На 12.02.2010год. (петок) Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе го одликува поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот ‘’8 септември’’, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
|
|
Со литургија на свештенослужители од Македонската православна црква и положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев денеска во црквата Св. Спас во Скопје почна одбележувањето на 138-годишнината од неговото раѓање. Литургијата ја водеше митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
|
|
Во пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, вечер ќе биде промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“, а утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.
|
|
Во прилог се интегралните обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и на поранешниот Претседател на Република Бугарија д-р Жељу Желев, по повод денешното врачување на орденот 8 септември на Претседателот Желев.
|
|
Со сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.
|
|
1.Во врска со нашата телеграма бр. 20 од 11 декември, приложуваме две копии од еден интересен извештај за ослободителното македонско движење во областа Флорина од еден британски офицер за врска кој беше на должност во областа од април до ноември 1944. Ние се извинуваме, а исто така и авторот, за набрзина направениот нацрт на овој извештај и на машинописот, но тој е направен во услови на борба во Атина. Имајќи го предвид фактот што Истражувачкиот оддел би сакал да го види што е можно побрзо, ние не го средивме зашто можеше да го одложи неговото испраќање.
|
|
Денес со свечена програма по повод големиот верски празник Свети Никола кој е и заштитник на Градот Свети Николе, се одбележува и прославува на верски начин, со песна, посен ручек од македонско тавче гравче и риба и црвено македонско вино, за секој посетител на прославата. Овој настан е организиран од Градоначалникот Роберт Ѓорѓиев и Општина Свети Николе.
|
|
Честит именден Госодине Премиер на Република Македонија Никола Груевски, во името на редакцијата на Македонска Нација. Да сте ни долговечен и да ве прати здравје и мудрост во сите ваши залагања кои како вистински Македонец ги давате од себе за нашата Македонија. Господ да ви го осветлува патот по кој чекорите.
|
|
Иницијативи за хокејарска репрезентација на Македонија
Владата на Република Македонија, со иницијативи во сите можни сфери од јавниот, општествениот живот и спортот. Во моментов ја разгледува можноста за основање Хокејарска репрезентација на Република Македонија.
Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ја доби надлежноста и е задолжена да направи истражување и да лоцира македонци ангажирани како хокеј играчи низ светските репрезентации за хокеј. Можноста за ангажирање на хокејарски професионални играчи, со потекло од Македонија, кои настапуваат во хокеарските клубови во САД, Канада, Руската Федерација, Австрија, Чешка, Словачка, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Словенија, Германија и Србија не е исклучена и е потребно да се пријават и да се поканат да бидат ангажирани во македонска репрезентација.
|
|
|
|