Актуелно
Понеделник, 22 Февруари 2010 15:44    PDF Печати Е-пошта
Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски со највисок рејтинг
Никола ГруевскиДоколку утре би се одржале парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 проценти од граѓаните, за СДСМ 9,3, за ДУИ 6,1 и за ДПА 3,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата што ја спровел Институтот за демократија на барање на Институтот „Павел Шатев“.
Повеќе...
 
Недела, 14 Февруари 2010 18:28    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДП: Кој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи
Владимир ГолубовскиКој има интерес да ги промовира глупостите на Тачи и од малоумните закани да прави централно прашање на дневната политика, запрашаа од ВМРО-ДП.

Мендух Тачи, гостувајќи на Канал 5 телевизија отворено повика на војна, на прекројување на граници, се закани со нови договори, се закани со агресија од Албанија и Косово, вели ќе паднеле преку ноќ двете граници, дека Македонија нема друга иднина освен да биде двонационална држава, бара вертикална употреба на албанскиот јазик, дводомен парламент, посочуваат од ВМРО-ДП.
Повеќе...
 
Петок, 12 Февруари 2010 01:21    PDF Печати Е-пошта
Одликување на поранешниот министер за надворешни работи на Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот „8 септември“
Орден 8-ми СептемвриНа 12.02.2010год. (петок) Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ќе го одликува поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Данска Уфе Елеман Јенсен со Орденот ‘’8 септември’’, за исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Кралството Данска, како и заради неговиот придонес во јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Повеќе...
 
Петок, 05 Февруари 2010 01:05    PDF Печати Е-пошта
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев
Одбележани 138 години од раѓањето на Гоце Делчев  Со литургија на свештенослужители од Македонската православна црква и положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев денеска во црквата Св. Спас во Скопје почна одбележувањето на 138-годишнината од неговото раѓање. Литургијата ја водеше митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во присуство на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.
Повеќе...
 
Сабота, 23 Јануари 2010 23:21    PDF Печати Е-пошта
Промоција на нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше и 29 години од неговото раѓање
Тоше ПроескиВо пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, вечер ќе биде промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“, а утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.
Повеќе...
 
Петок, 15 Јануари 2010 17:04    PDF Печати Е-пошта
Интегрални обраќања на претседателите Иванов и Желев на врачувањето на орденот „8 септември“
Ѓорге Иванов и Жељу ЖелевВо прилог се интегралните обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов и на поранешниот Претседател на Република Бугарија д-р  Жељу Желев, по повод денешното врачување на орденот 8 септември на Претседателот Желев.
Повеќе...
 
Среда, 13 Јануари 2010 04:25    PDF Печати Е-пошта
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година
Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна годинаСо сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.
Повеќе...
 
Четврток, 07 Јануари 2010 09:17    PDF Печати Е-пошта
Во чест на Бадник веселба на гостиварскиот плоштад
Прослава на Бадник во ГостиварTрадицијално во чест на Бадник во Гостивар се одржа богослужба во црквата „Св.Богородица“, а потоа беше запален бадниковиот огaн и спектакуларно- како никогаш досега- беше организиран огномет.
Повеќе...
 
Среда, 06 Јануари 2010 04:15    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот Бадник и Божиќ
Бадник и БожиќБадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.
Повеќе...
 
Вторник, 05 Јануари 2010 12:35    PDF Печати Е-пошта
Прослава на Бадник и Божиќ на Православните Христијански верници во Македонија
БадникБадник традиционално  ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум Јовица Угриновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп. Православните христијански верници во Македонија го слават Бадник, еден ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.

Манифестацијата, вообичаено, почнува со подигање на бадникарското знаме, по што следува осветување на бадниковите гранчиња, нафората, топлата ракија и чајот од страна на свештенослужители на Соборниот храм.  На платото пред храмот бесплатно ќе бидат делени бадникови гранчиња.

Архиепископот Охридски и македонски, г.г. Стефан со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“.

Здравицата за здравје, среќа и успех ќе ја каже Братислав Димитров, a на скопјани ќе им се обрати и градоначалникот Коце Трајановски.

Свештениците од соборниот  храм „Свети Климент Охридски“, потоа  ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.
Јовица Угриновски и Братислав Димитров - Кумови за Бадник 2010
Годинашниот кум на манифестација д-р Јовица Угриновски ќе го прими преодниот ќуп од поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот oхридски и македонски, г.г. Стефан, кој со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници. Ќупот на бината ќе го донесат минатогодишните кумови, членовите на групата „Синтезис“.

Скопското бадникување  започна во јануари 1993 година, од тројца повозрасни скопјани Александар Пановски - Мац, Борче Петрушевски - Скијачот и Кире Пановски- Тип. Поттикнати од случај кога една старица не можела да си купи бадниково гранче, тие самоиницијативно таа година од Водно набрале бадникови гранчиња и наздравувајќи со чашка топла ракија бесплатно ги делеле на влезот од пазарчето Буњаковец.

Следната година бил формиран одбор за традиционална прослава на Бадник, а од 1994 година се востанови редовна практика на оваа манифестација да има Бадникар - кум. Меѓу кумовите на оваа манифестација биле многу познати бизнисмени и личности од јавниот живот на Скопје.

Предвидена е и богата програма во рамки на која ќе настапат повеќе познати естрадни ѕвезди. Пригодни подароци, организаторите на бадникувањето ќе им однесат на лицата згрижени во Домот за стари лица во Злокуќани.

Годинава пред Соборниот  Храм  „Свети Климент Охридски“ ќе биде спроведена акција за собирање средства за обнова на манастирот „Свети Јован Бигорски“, со што скопјани на овој убав и свечен ден ќе ја покажат својата солидарност и хуманист.

Во пресрет на Бадник, вечер во скопските маала и во другите населени места во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Македонскиот народ  со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.
Посна Бадникова трпеза
Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и  според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

Весели  Божиќни празници!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!

Христос се роди!
Вистина се роди!



Клеопатра
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Излегува ли вистината на виделина за улогата на Заев и Филипче во скандалот со Клиниката „ЖАН МИТРЕВ“?

Понекогаш една реченица е доволна за да се отвори цел систем. Во случајот со клиниката „Жан Митрев...

Историја

News image

ФОРМИРАЊЕ НА ПРВИОТ НАЦИОНАЛЕН МИТ

Во 1832 година грчката кралска круна не беше нешто што се посакуваше, нејзината неопходност беше н...

Иселеници

News image

Горд момент за нашата Македонско Христијанска Заедница во Канада

Џими Марковиќ, мојот пријател и сонародник Македоне...

Култура и туризам

Фељтон

News image

М-Р ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД МЕЛБУРН

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО АВСТРАЛИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.