Среда, 03 Април 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (3)

ujm1

АРХЕОЛОШКИ НАОДИ НА ПРАИСТОРИСКИТЕ КУЛТУРИ НА БАЛКАНОТ

Археолошки наоди (arhaios, arhi – од памтивек, прастар, прапочеток и logija – наука, т.е. раскажување стари приказни) се архетипски, културно – историски манифестации на човечкиот дух. Долгогодишните археолошки истражувања на Балканот, и пошироко во поранешна Југославија, Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска, Босна, Грција и Украина, укажаа на богато присуство на материјална култура, континуитет на популацијата на автохтоните заедници и брановидно движење на индоевропските народи.

Homo sapiens првпат се појавил на Земјата во плеистоценскиот период (pleistos е суперлатив од polis – многу, најмногу и kenos – празен), кој траел околу  2 500 000 години, до холоценот (holos – цел, потполн), кога завршува последната ледена епоха. Балканот во тоа време бил спорадично населен.

Во постариот палеолит (palaios – стар и lithos – камен, крш), меѓу 350 000 и 25 000 години пред Христа, Балканот речиси останал пуста земја на планот на ликовното и уметничкото творештво, освен во Македонија и Средно Подунавје. Ова траело сé до последната ледена епоха, до X милениум пред Христа кога на Дунав се воспоставува прото (прва, најрана) – култура на Балканот, на чии традиции ќе се развива уметноста на Лепенски Вир.

Според досегашните археолошки сознанија, вистинската човечка активност, пред сé во Средно Подунавје, почнува пред почетокот на последната ледена епоха, па сé до неговиот крај во XI милениум пред Христа. Тоа во подрачјето на Средно Подунавје на Ѓердап е датирано со методот Ц – 14, меѓу 10650 – 10100 година пред Христа. Човечката активност се манифестира со архаична обработка на алатки, разни декорации на мамутски заби со црвено и жолто окер, како и скулптури од лизарчиња (валчести камчиња).

ujm2

Голубац, Лепенски Вир

Овие предмети претставуваат прв чекор во техничката и ликовната диференцијација на мислите на човекот од Средно Подунавје во одреден период. Исто така, тоа се докази дека нејзините создавачи го познавале ликовниот јазик кој се негувал во тогашните слични културни центри во Европа и дека Балканот не бил длабока провинција. Од посебно значење се бројните сложени композиции на гравурите на коски и рог, на ѓердапските творци од двата брега на Дунав, меѓу XIII и X милениум пред Христа. Тие, покрај тоа, претставуваат први графити, односно некој вид „синтетичко писмо“ (Срејовиќ и Бабовиќ, 1983 г., 27) и уметност на ловечко-собирачките заедници од мезолитот, со што се потврдува дека Средно Подунавје било центар на уметноста.

Последната ледена епоха на овие простори завршила во IX милениум пред Христа, но само во источниот дел на Балканот, на едниот лак кој одел јужно од Карпатите и источно од динарскиот и пиндскиот систем. Климатската нестабилност ги принудила човечките заедници да се прилагодат на новите животни услови.

Во време меѓу 8330-6700 година пред Христа, во рамничарските делови на Балканот реките често ги менувале своите теченија, создавале нови бари и мочуришта, па не постоеле адекватни услови за живот. Заради тоа досега не се откриени сигурни наоди за живеењето.

Со епохалните археолошки истражувања од страна на родоначалникот на археологијата на Лепенски Вир, академик Драгослав Срејовиќ (1931-1997), на дунавската тераса на Лепенски Вир во Ѓердап, меѓу 1965-1970 г., откриени се уметнички споменици на архаична и дотогаш непозната култура. Овие откритија го изненадиле целиот културен свет и тие се предмет на постојан интерес.

Заради своите археотипности во археологијата и историјата, со уметничките прототипови, сакралните градителски остварувања на населбите, со монументалните скулптури, обилните гравури и графити, културнo-религиските и лингвистичките остварувања, на културата на Лепенски Вир ќе í биде даден поголем простор.

Ваквиот пристап е земен од повеќе причини, а пред сé поради тоа што културата на Лепенски Вир може да послужи и како нова парадигма. Односно, модел на архетипското колективно несвесно, но и како извор на информации дека средиштето на уметноста на камениот период на Балканот било во најголемата дунавска клисура на Ѓердап, на Лепенски Вир, од каде што се проширила преку централниот Балкан до Пелопонез и Крит. Покрај тоа, можеби археолошките наоди за културата на Лепенски Вир и нејзината ономастика на хидроними и ороними на поблизок и подалечен простор, кои ќе бидат изнесени подоцна, ќе ја потврдат хипотезата дека палеолингвистиката на Балканот „се родила“ во Ѓердап, а не во Елада.

Истражувањата на културата на Лепенски Вир биле долготрајни, многубројни и мултидисциплинарни. Проучувани се антрополошки остатоци, правени се анализи на фауната, прибавени се непроценливи податоци за користењето на суровините и нивната преработка, истражувани се градителските дејности, организацијата на населбите, погребните ритуали. Со стратиграфија на населбите е следена хронологијата на уметничките споменици на Лепенски Вир.

Се испитале 50 археолошки наоѓалишта на разни стратиграфии од палеолитскиот и мезолитскиот период на разни локалитети. На локалитетот Прото-Лепенски Вир, потоа Лепенски Вир I и II, кои се матични подрачја на Ѓердапската култура, испитани се сукцесивни населби на ловци и риболовци.

Сé поголемото упатување на тајните на ѓердапската природа, довело до раслојување и специјализација на популацијата со појавата на шамови, гаталици, градежници, скулптори, рибари, дрвосечачи, алатничари, сточари, земјоделци, трговци и др. Со време Лепенски Вир станал културен и верски центар на сите заедници на Ѓердап. (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983г., 50)

Во културата на Лепенски Вир откриени се 53 скулптури со различни форми и стилови. На појавата на скулптурите влијаеле религиски и социјални чинители. Во еволуцијата на уметноста на Лепенски Вир, содржините се претежно од културна природа. Во почетокот тоа се тотемски искази (риби, луѓе-риби, елен), а потоа со антрополошки црти, културно-магиски облици, со богати орнаментални претстави.Од останатите уметнички дела, установени се: игли, гравури, прстени, жезла, ѓердани, музички инструменти, сврдла и други култно-уметнички материјали.

ujm3

Лепенски Вир

Скулптурите се направени од камен, крупнозрнест кварцен песок, во природен облик валчести измазнети речни камења, кои му одредуваат значајно место во сите фази на уметноста на Лепенски Вир. Обработката на овој вид материјал е полесна додека каменот е во вода, но е многу тешка кога каменот е сув. Речните камења се со јајцевиден или со полуедричен облик, со висина од 16-75 см.

Најраната појава на светилиштата, во културата на Лепенски Вир, датира околу 6000 г. пред Христа. Светилиштата имаат основа како и семејните огништа, но покрај огништата имаат камени седишта, жртвеник и скулптури со строго унифициран внатрешен распоред. Лизарчето (измазнет валчест камен) на скулптурата означува епицентар на стаништето (домот), заради што целиот комплекс потсетува на стилизирана човечка фигура.

Распоредот на скулптурите во рамките на светилиштата бил различен. Најмногу ги имало во позадина на светилиштата, 48,83%, во пределот на огништата 24,32%, кои крилата на светилиштата 16,21% и кај пепелиштата 10,83%. Најстарата фигурна сулптура од Лепенски Вир датира околу 6500-6000 г. пред Христа и претставува човек во размер 23,2x16см со детали од неговото лице.

Скулптурата од светилиштето која претставува надворешен дел од женски полов орган (вулва) пред породување, со интензивна црвена боја заради печењето на скулптурата, упатува на важноста на жената во матријархатот во Лепенски Вир, заснована на крвно сродство. Меѓу уметничките остварувања во културата на Ѓердап, Средно Подунавје, од XI век пред Христа, графитите, како своевидни записи, претставуваат значаен дел во развојот на симболизмот, врзан за водите на Дунав.

Гравурите на рог и коски укажуваат на ликовниот јазик кој се негувал и во тогашните културни центри во Средна и Западна Европа, некаде околу 25000 г. пред Христа. Графитите се геометриски украси составени од полни линии (линеарно писмо?), одвоени во вид на монограми, дијаграми, триграми и полиграми.

Линиите се ставени вертикално, хоризонтално или косо. Пред тоа, постојат цик-цак мотиви, ленти, мали штици, ромбови, триаголници и други, шрафирани или не, геометриски облици. Вкупно се утврдени 12 основни знаци, со околу 40 нивни варијанти (Срејовиќ, Бабовиќ, 1983 г., 30). Од ова следи и прашањето дали графитите на ѓердапската култура се писмо на нејзините жители и што сé се соопштува со нив. Тоа е тешко за дешифрирање.

 ShkoD  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.