Среда, 11 Септември 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

lshsl1

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Делото „Од Панонија до Егеј“ од АнтонијеШкокљев-Дончо и Славе.Николовски-Катин, во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2007, 1-196,е напишана со желба да понуди еден научен поглед, еден систематизиран прилог за овие европски простори од праискона, што можеби би било предизвик на одредена пројава на научниците, пред се’ историчарите и лингвистите, за неконформистичка анализа на праисторијата врз основа на новите извори на информации

Така, етнонимот на Илирите сé уште предизвикува различни ставови на археолозите, историчарите и лингвистите, што влијаело да се развие посебна дисциплина со име илирологија. Илирите на Балканот се појавиле во XII век пред Христа заедно со Дорците. Според Тукидит (I, 12) тие мигрирале „... осумдесет години по паѓањето на Троја“, т.е. меѓу 1125-1120 година пред Христа.

Илирите биле индоевропска група племиња и нивната татковина била област од курганската култура во Евро-Азија, меѓу Каспиското и Аралското Море. Нивниот етноним претставува заеднички име на разни племиња или народи од западното балканско подрачје, на источниот брег на Јадранското Море, во областите на денешните Црна Гора, Далмација и дел од Босна. Античките современици, Хелените, Македонците и Римјаните ги нарекувале Илири (Ιλλυριοι од зборот ιλλω, ilo-сонце, изгорен). Јужни соседи на Илирите биле Енхелејците (Јагуларите), староседелци на Балканот кои го заземале просторот по должината на реката Дрим, од Охридското Езеро до Бока Которска.

kgfa2    lshlg3

Во почетокот на XII век пред Христа, бидејќи Енхелејците почувствувале опасност од Илирите го повикале Кадмо, кралот на Теба, да им организира одбрана. Феникискиот Кадмо бил многу познат по тоа, бидејќи уште во 1313 година пред Христа во Беотија ја изградил многу познатата тврдина „Кадмеј“ и градот Теба. Во длабока старост, Кадмо со својата жена Хармонија на воловска кола отишол во земјата на Енхелејците.

Против Илирите тој повел голема војска од Енхелејци и ги победил, а потоа загосподарил како крал на овие области. Хармонија овде го родила синот Илириј (Ιλλυριος), по кого подоцна е наречена оваа земја. По смртта на Кадмо и Хармонија, сопружниците биле погребани кај Епидам (денешен Драч во Албанија).

Во митологијата синовите на Илиреј биле Енхелеј, Перхаиб, Антариеј, Тауло, Дасто, Порто и Дисаро, кои станале и епонимни херои на разни илирски племиња. Како епонимен херој на илирското племе Хилеи и градот Хил, се споменува Хил (`Υλλος), син на Херакло и нимфата Мелита. Хил живеел на Коркира (Крф), па со една група свои сонародници се иселил од островот и во Илирија основал колонија и град Хераклија. Хил загинал во судирот со Либурните.

Историографите идентификувале неколку илирски племиња. Пред сé, тоа се Автаријатите од далматинските планини, реката Тара и околу планината Тара, кои во 310 година пред Христа биле преселени и колонизирани од македонскиот крал Касандар, во областа Орбел (кај планината Беласица). Потоа, Ардиеите од Неретва до Драч, Пирустите околу Пераст во Бокакоторскиот Залив, Лабеатите во подрачјето на Скадарското Езеро и Доклеатите во Дукља.

nbsl4

Од илирските кралеви историографијата го познава Сир, како прв крал, потоа следуваат Глаку, Бардил, Клејт, Епикад, Плеурат, Генциј, Аргон и Теута (Рендиќ-Миочевиќ, 1989 г.).

Врските меѓу Илирите и соседите Македонци и Хелени зајакнувале од средината на V век пред Христа. Познати се војните кои ги воделе македонските кралеви, посебно Филип II и Александар Македонски со Илирите. Политичката организација на Илирите престанала по упорните борби со Римјаните во 167 година пред Христа. Големите востанија на Илирите биле задушувани од 6-9 година по Христа.

Посебно се истакнува илирското племе Дардани кои ја населувале областа северно од Македонија. Нивни епонимен херој е Дардан, син на Илириј, внук на Кадмо. Илирските Дардани имале религиски обичај да се мијат трипати во животот и тоа: по раѓањето, пред женењето и пред погребот (Томсон, 1954 г., 476).

Современите историографи ги потврдуваат кажувањата на Херодот (V, 9) дека скитските-прасловенски племиња битисувале од Јадран до Персија, а во кои се вбројуваат и Илирите (види кај Скити).

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.