Среда, 25 Декември 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (41)

herakle1

ПАТУВАЊАТА НА ХЕРАКЛЕ – II ДЕЛ

Богот на сонцето Хелио му го позајмил на Херакле својот златен пехар (брод) за да дојде кај него на островот. Кога стасал на островот, Херакле го убил песот Ортра и чуварот Еуритион со својот боздоган. Така тој ги украл говедата, не плаќајќи му на кралот Герион. Говедата ги натоварил на бродот и пошол спроти течението на Дунав, а понел и маслинов расад

Кога Менет, чувар на стадата на Хад на истиот остров, го известил кралот за грабежот, Герион го стасал Херакле на реката Антема (Ανθεμα, еквивалент на αναθεμα или анатема-проклество). Во страшен двобој Херакле со една стрела ги прострелал трите Герионови тела и го докрајчил со боздоган. Од крвта на Герион никнало чудно дрво кое се потело со крв. Херакле му го вратил „златниот чамец-пехар“ на богот Хелио и со стадото продолжил пеш до десниот брег на Дунав, за од Подземниот свет на Хад да го фати чуварот, многуглавиот пес Кербер, што била и една од задачите кои Херакло морал да ги исполни.

Да се донесе песот Кербер од подземјето Тартар, била една од најтешките Хераклеви задачи. По еден ден пешачење од Антема, Херакле со помош на Атена стигнал до реката Стига (Млава). Хомер („Илијада“, VIII, 369) за тоа раскажува: „. . . кога Еуристеј го пратил клучарот кај Хад, за да му го донесе мрскиот пес Хад од Ереб, не би излегол никогаш од стрмната Стишка Река. . .“

Покрај Стиг и Могила, Херакле стасал до Хомољската Пештера, каде од Хад го побарал Кербер. А тој, стоејќи покрај својата жена Персефона, одговорил грубо: „Тој е твој, ако го совладаш без тепање и стрели.“ Херакле го нашол Кербер на ланец покрај капијата Ахерон (Αχερων-бездна или уште βαθος, batos-персонификација на реката Батуша, десна притока на Млава). Храбро го грабнал за гушата од која се појавиле три змиски глави. Разбушавената опашка се подигнала од ударот, но Херакле, заштитен од лавовска кожа не попуштил на притисокот, додека Кербер не паднал гушејќи се (Гевс, 1990 г., 134, f).

herakle2 

Македонско богатство

Во подземниот свет Херакле се сретнал со Персефона, господарка на Подземјето, која го замолила да го пушти од своите силни раце Менетиј (Μενοιτης), чувар на Хадовите стада, кој го нападнал зашто Херакле убил едно говедо за да ги нахрани мртвите со крв. Херакле ја сретнал Мелеагровата сенка, Ареов син јунак од митот за ловот на Калидонскиот вепар, а сенката го советувала да се ожени со Дејанира, негова сестра.

При враќањето од Подземјето Тартар, Херакле си исплел венец од растенијата кои Хад (Ада Острово кај Стиг) ги посадил во Елисејските Полиња како спомен на својата љубовница, прекрасната нимфа Леука, ќерка на Океан и Тетија. Надворешните листови на венецот останале црни, додека листовите околу челото на Херакле станале сребрено бели, од неговата божествена пот (Сребрено Езеро).

Оттогаш Леуката (бела топола) му е посветена нему, а бојата на нејзините лисја потсетува дека Херакле бил активен во двата света. Во овие краишта и денес има многу тополи, како и села со овој назив.

Следната задача на Херакле била да í донесе на Еуристеја плод од златното јаболково дрво, кое мајката Земја í го подарила на Хера како венчан дар за бракот со Зевс. Хера, која многу се израдувала за дарот, го засадила дрвото во својата боженствена градина, западно од Тартес и Стига, „таму каде задишаните коњи кои ги влечат кочиите на Хелиј го завршиле патот во земјата Хесперида“. Таму во земјата на Хиперборејците (Херодот, IV, 184) „е Атлантовото стадо од илјада овци и крдо од илјада говеда, кои скитаат по пасиштата, како и боженствената градина со златни јаболка“.

Бидејќи Нереј (реката Нереј), бог на водата, му ја открил тајната на Херакле како може да дојде до Хиперидите, тој тргнал узводно по Дунав. Кога дошол до селото Винче, видел дека Дунав се дели на три дела: „Голема вода“, „Средна вода“ и „Мала вода“ и дека прават редок комплекс од четири ади: Чакљан, Форкотумац, Стефанац и Долна Ада. Јужно од адата Чакљан се „Мали води“, додека североисточно се „Средни води“. Утврдил дека делот „Мала вода“ ја скратува пловидбата (зашто е долга само седум км, за разлика од другите чија должина изнесува 19 км), но дека изобилува со подводни карпи и многу трупци во водата, додека десниот брег е висок, со наноси и полн со трупци и камења (Бела стена).

herakle3 

Калемегдан

Херакле бил пред својата цел, па решил да се одмори. Изморен од претходните борби и патешествија, брзо заспал и ги оставил Герионовите говеда да пасат. Меѓутоа, на ада Чакљан (етимолошки сложен збор од κακ, κακος, kak, kakos-лош и од зборот λιαν, lian-многу) живеел воинствениот домородец Како. Тој бил чудовиште, живеел во пештера (веројатно во Бела Карпа) ги напаѓал сите минувачи и пустошел во околината. Бидејќи од Гериниовите говеда украл четири вола и четири крави, кои вешто ги сокрил во пештерата на Бела карпа за да ја скрие трагата, Како ги влечел говедата за опашка наназад или трагите ги бришел со гранки.

Кога се разбудил, ја забележал кражбата, а говедата ги пронашол: по трагите, по мукањето на кравите, или со помош на Каковата сестра Кака. Таа му покажала на Херакле каде ги скрил брат í украдените говеда. За услугата, таа подоцна станала загадочна староримска божица, за чиј култ се грижеле весталките, домаќинки на државното огниште, како и храната која на него се подготвувала, особено леб.

Во борбата меѓу Како и Херакле, чудовиштето исфрлало чад и пламен, така што целата околина горела, сé до градината на Херините златни јаболка. Подоцна на тоа место бил изграден градот Панчево (етимолошки кованица од παν ,pan-сé и κηω, keo-гори т.е.„Сегоречки град“. Во текот на страшната борба, на Херакле му снемало стрели, боздоганот се скршил, па му се обратил на татка си Зевс (Дунав) за помош. Татко му донел многу камења (од Бела Карпа) и со негова помош Херакле го убил Како.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Заев противправно го узурпира мандатот, а соучесник во кршење на Уставот е и Пендаровски

Зоран Заев во негова корист продолжува со кршење на Уставот.

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.