Среда, 22 Јануари 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

epistem1

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Адите на Дунав

Адите (речни острови) на Дунав се персонификација на богот Хад, етимолошки Адес.

НЕСТИНСКА АДА кај Челарево етимолошки потекнува од Нестос или Несос. Нес, во митологијата е Кентаур, демонско суштество на реките, кого боговите го овластиле да ги превезува луѓето преку реките. Ова име е поврзано со Херакле и неговата жена Дејанира.

КРЧЕДИНСКАТА АДА етимолошки потекнува од ’каркинос’ – рак и зборот ’идин’ - наликува, гледа, а во митологијата е поврзана со борбите на Херакле, Хидрите и на Киркин.

АДА ЦИГАНЛИЈА етимолошки е сложен збор од ’гигантис’ – див, титан и зборот ’лиан’ – многу. Во митологијата, Титаните учествувале во бунтот против Диос, во Гигантомахијата.

АДА РАТНО ОСТРВО е превод на името на богот на војните Арес и персонифицира „судир“, односно судирање на водите на Дунав и Сава.

АДИТЕ ФОРКО – ТУМАЦ И ЧАКЛИЈАН се наоѓаат помеѓу Белград и Панчево. Форкис во митологијата е бог на гребените и брановите, татко на Хесперидите, кои ја чувале градината на боговите со златни јаболки, и на божицата Хера, во Јабучкиот рит кај Панчево. Тумац или Таумац е Форков брат, татко на Ирида (Ирис), персонофикација на божицата на информации. Чаклијан етимолошки потекнува од ’как’ – лут како оса, злобен и ’лиан’ – многу. Во митологијата, Как е злобно чудовиште и е во контекст на кражбата на Гериновите крави од страна на Херакле. Неговата сестра Кака, која му помогнала на Херакле откако ја напуштила Панонија, се преселила во Рим, каде се издигнала до староримска божица. Како спомен на Кака, зачувана е ономастиката на некои места во Рим, околу Капитол (Atrium Caci) и на Палатина (Scale Caci).

АДА КАЛЕ порано се викала ЕРИТИЈА. Ономастиката на Еритија е сложена и се состои од ’ерио’ – со сила или жестоко да се тегне и ’тхеиа’ – што припаѓа на божество, што се однесува на извлекување на бродовите преку Дунавските водопади спротивно од течењето на водите. Во митологијата, крал на Еритија бил Герион, кој ги поседувал добропознатите говеда.

Хидронимите на Панонија и на Ѓердап

ПАНОНИЈА етимолошки е кованица од ’пан’ – сè, сеопшт, на пример во христијанството кај имињата севладетел, пантократор, за бог, а кај западните Словени при обраќање пан – господин. Другиот член ’нонија’ етимолошки потекнува од ’нон’ – јас, его. Во митологиајта Пан е бог, син на Реја и на Крон, еден од првобитните богови.

ШУМАДИЈА е српски превод на ’ХИЛА’, етимолошки од ’хила’ – шума, дрвја. Тука отсекогаш имало шуми. Во митологијата кралицата Хила е Ехидна која со Херакле го родила синот Скит, родоначалник на сите Скити на Балканот.

ПОЖАРЕВАЧКО ПОЛЕ е спрски превод од ФЛЕГРАИОН ПЕДИОН. Етимолошки потекнува од глаголот ’флего’ – гори, спалува, место каде во митологијата се одиграла гигантомахијата.

ХЕРОНИЈА е топоним во Делиблатската пештера. Етимолошки потекнува од Хера, име на божица, Зевсовата сопруга и од зборот ’нон’ или ’он’ – навистина.

АПАТИН е град на Дунав. Во митологијата Апата е персонификација на измама. Апата поседувала волшебен појас, со чија помош божицата Реја го полудела својот сопруг Крон.

ТИТЕЛ е град на устието на Тиса и Дунав. Ономастички е кованица од ’титос’ и ’ел’ – ос. Во митологијата Титиј е страшен џин кој ја напаѓал божицата Лета, мајката на богот Аполон и божицата Артемида. Елос е мочуриште. Источно од Тител се наоѓаат големи  мочуришта, а особено доминираат Бело Езеро и Царска Бара.

ЕЗЕРОТО ПАЛИЌ е митолошкиот титан Пал–ас.

ЃЕРДАП и ГЕРДАП етимолошки може да потекнува од зборовите ’гер’ – ас, подарок, дар и од ’дап’ – едон, земја, област, т.е. земја на митолошкиот крал Герион. Ѓердап во митологиајта е ТАРТАР (Tartaros) – понор. Зевс во Тартар ги фрлал победените Титани и Гиганти по титаномахијата и гигантомахијата. Левиот брег на Дунав кај Ѓердап го носи името Тартарија, како и една височинка кај Јулија Алба во Трансилванија.

Етно-топомастиката на Србија

Забележавме дека при изучување на географските називи, многу топоними имаат древно етимолошко значење. Така на пример, Гордон Чајлд4 го наведува етнонимот Дануни во египетските документи од Тел Ел-Амарн, што е датиран околу 1400 години пред Христа, а кој што се однесува на „народите од север.“ Дануните како народ се споменуваат и подоцна, во египтескиот напис во храмот Мединет Хабу во Теба, во знак на благодарност кон Рамзес III кој во 1194 година пред Христа ги одбил непријателските напади на „народите од морето“ и од копното.

 4 Childe, G.V., The Danube in Prehistory, London, 1929.

epistem2

Гердапската Клисура

Етнонимот Дануни етимолошки произлегува од хидронимот Дану-биус-Дунав. Во текот на преселбата на народите, еден дел од Дануните ја населиле Киликија во Мала Азија, а друг дел го населиле Египет. Современите истражувачи на Сахара тврдат дека пронашле племе на бледокожи Нубијци во Египет, кои наведуваат дека потекнуваат од Дунав.

Хидронимот Мачва етимолошки припаѓа на палеобалканската глосологија (ПБГ) и се состои од зборовите –мак во –макар – што значи имотен, богат, додека зборот со суфиксот –ва е еднакво на –фа, т.е. храна, па од тука и градот Богатиќ. Овој топоним одговара на етнонимот Македон каде –кедон потекнува од ’кеднос’ што значи чесен, мил, драг, виток. Во Мачва, источно од Шабац, постои хороним и топоним Миш-ар. Во ПБГ зборот ’mus’ значи глушец (миш на српски), додека зборот ’ар’ значи навистина. Во праисторијата глушецот се почитувал како бог на исцелување, како тотем5.

5 Grevs, R. The Greek Myths, Penguin books, Middlessex, 1972.

Овој хороним претставува и етноним за народот под името Миси или Мези што Хомер6 ги лоцира на Дунав и во Мала Азија и за нив пее: „ Мишаните ги водеше Хромис и Еном, гатар во птиците...“ Топонимот Мосна на устието на Поречката река во Дунав е етноним за народот Мосиники, кои, според Грејвс7, единствено мигрирале за Македонија од Преспанското Езеро до планината Бермион (Каракамен) и го добиле името Бриги според езерото, додека други мигрирале по течението на Дунав и се преселиле на Црноморските брегови на Мала Азија, западно од Трапезунт.

6 Хомер, Илијада II, 858, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н.Ѓуриѓ).

7 Grevs, R., The Greek Myths, Penguin books, Middlessex, 1972.

Градот Мионица источно од Ваљево, како и селото Мионица во ужичкиот крај, се етноними за Мионците и земјата Мионија во Мала Азија. За нив Херодот8 изнесува дека Лидјаните порано се викале Мионци, а нивната земја Мионија и дека главен град им бил Сард. За нив, Хомер9 истакнува: „А Меонците во бој ги поведоа Местле и Антиф...“ Тие се споменуваат и како „народите од морето“ уште околу 1400 година пред Христа, заедно со Дануните како Шард-ани, според нивниот главен град Сард. Сенц10 наведува дека Мионците во тие бурни времиња го напуштиле Балканот заедно со Миш-аните и Бригите. Еден од најславните потомци на Мионците бил кралот Крез (555-549), „богат како Крез“ кој ја поседувал најголемата држава во Мала Азија. 

8 Херодот, Историја, I, 7, Матица Српска, Београд, 1988.

9 Хомер, Илијада I, 1, II, 864, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н.Ѓуриѓ).

10 Senc. St.: Grčko-hrvatski rječnik, s. 574, Kr. Zemaljsкa tiskara, Zagreb, 1910.

Топонимот Лапово, североисточно од Крагуевац, е етноним за праисториското племе Лапити, чиј родоначелник бил кралот Лапит, син на хиперборејскиот бог Аполон. Лапитите во бурните времиња ја колонизирале рамнината јужно од Олимп како Еоли и ја нарекле Еолија, сегашна Тесалија.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ 

 

На прво место

News image

Пола влада е во изолација, тие говорат за датум на избори

Во денови кога стотици граѓани се заразиле а десетина починале од корона, СДСМ уште зборуваат за...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.