Среда, 18 Март 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (12)

59

ДРЕВНА МАКЕДОНИЈА ВО ПРАИСОТИРСКИОТ ЕГЕЈ (ДЕЛ II)

Публикацијата „Балканот и Македонија“ од покојниот академик Антоније Шкикљев – Дончо од Белград е објавено на српски јазик под наслов “. Потоа истото дело под наслов „Праисторија на Централниот Балкан“, од Антоније Шкикљев – Дончо и Славе Николовски – Катин е објавено од издавачката куќа „Македонска искра“, Скопје, 2019, 1-320 стр. Овие публикации се дел од вистината за Балканот и Македонија.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така, денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

„Македонска искра“ е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

60 61

Што се однесува до името Макети или Макето, тој се однесува на Хесиод околу 700 година пред Христа, кој по потекло бил Еолид, од Аскра во Беотија, крај минијскиот Орхомен, т.е. Панонец и како поет и како пишувач на рапсодии по занимање, сметал дека е син на Зевс и дека е со исто презиме како и Македонците од Македонија7. Овој етноним и хороним се однесува на оние племиња кои од областа Орестида (Костурско) мигрирале во областите на Ематија, воспоставиле своја власт и нивниот етноним стекнал географско-политички и општествено значење. Подоцна, овие одредници, со ширење на нивната власт кај нивните сродни племиња, станале не само географско-политички, туку и етнички и општествени поими за државата која е именувана како Македонија. 

Hesiodus, Esteria Istorikon Ekvoseon, Istoria tou Ellinikou Ethnous, Athinae, 1970.

Следниот етноним и хороним за Македонците и Македонија бил Бореади и Бореја, т.е. Севери и Северна Земја. Во митологијата Бореадите биле деца на Бореј (Voreas) кој бил бог на северецот, најсилниот од сите ветрови. Тој е син на божицата Еоја и Астреј.8 Астреј е син на титанот Криј (студенило), додека Еоја е божица на утринското руменило и на зората. Бореј живее на север во Тракија и долината на Стримон, му служел на Посејдон или Зевс и по нивниот налог предизвикувал страшни бури, што го направил и во 492 години пред Христа кога кај Атос ја десеткувал персијската флота. Неговиот култ во римското доба посветен е во Пула.

Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 378.

Од Бореадите особено се истакнувале Бореините деца - близнаците Калеј и Зета и ќерките Клеопатра и Хиона кои биле Аргонаути. Биле искллучително брзи и благодарение на тоа успеале од Харпиите, кои ја грабале и валкале храната, да го ослободат од таа напаст Финеј, тракијски крал на Салмид, кој бил сопруг на нивната сестра Клеопатра. Како сопруга на кралот Финеј, Клеопатра ги родила синовите Пандион и Плексип.

Кога Финеј по втор пат се оженил со Идеја, ќерка на скитскиот крал Дардан, ја фрлил Клеопатра, заедно со децата, во зандана. На повиците за помош на момчињата, Бореадите ја ослободиле својата сестра и нејзините деца. Идеја била вратена на нејзиниот татко во Скитија и таму Дардан сам ù пресудил на својата ќерка.

Хиона на Посејдон му го родила синот Еумолп. Плашејќи се од таткото Бореј, Хиона своето новороденче го фрлила во морските длабочини, но малечкото го спасил Посејдон. Тој својот син го пренел во Етиопија и ù го дал на чување на својата ќерка, а кога одраснал се оженил со една од ќерките на своајта помајка и го добил синот Исмар. Откако ја напуштил Етиопија, со синот Исмар отишол во Тракија каде, наместо да го почитува гостопримството на кралот Тегриј, Еумолп ковал завера. Кога заверениците биле откриени, побегнал во градот Елеусина чии жители пријателски го прифатиле.

По извесно време, Еумолп се вратил во Тракија, се помирил со кралот и го наследил неговиот престол. За време на војната помеѓу Атина и Елеусините, Еумолп дошол со својата војска на помош на старите пријатели. Според Паусаниј9: „Кога дошло до битка помеѓу Елеусините и Атињаните, загинал атинскиот крал Ерехтеј.“ Склучен е мир, а Еумолп опстанал  во Елеусинија. Откако божицата Деметра го поучила на светите обреди, во нејзина чест тој ги основал Елеусинските мистерии.

9  Pauzania, Periigissis tis Elados,  I, 38 (прев. Пасини: Водич низ Хелада), Logos, Split, 1989.

Тука го прочистил Херакле од убиствата на кентаурот, го научил да пее и да свири на китар. Меѓутоа, постои предание дека божицата Деметра, додека го негувала синот на епонимниот херој на градот Елеусина, Триптолем, го упатила во Елеусинските мистерии. Божицата Деметра стигнала во Елеусина во потрага за ќерката Кора. Кога Триптолем станал крал на Елеусините, божицата му подарила жито и кола со крилести змаеви, а потоа му наложила да тргне по светот и да ги научи луѓаето како се одгледуваат житарици. Обиколил и посетил многу земји и стигнал до Скитија. Скитскиот крал Линк, од Линкестија во Македонија, поради љубомора имал намера да го убие, ама го спасила божицата Деметра.

Најпознати Деметрини празници во античкиот свет се Малите и Големи Елеусинии, прославувани во есенските и зимските месеци. За Елеусиниите се поврзуваат мистерии кои на посветените им ветувале блаженство после смртта. Трајниот ефект на иницијациите бил да осигури непречен премин на умрениот во саканиот статус во животот после смртта. Елеусинските мистерии биле најпознати во древниот свет и поврзани се не само со Деметра и нејзината изгубена ќерка Кора (Персефона), туку и со Дионисовите-Бахови елементи.

Потпирајќи се на епистемолошките лингвистички истражувања и сознанијата дека Балканот претставува архетипски центар на сложени етнолингвистички појави, митолошката Бореја ја лоциравме во централниот дел на Македонија, помеѓу Ематија и Пелагонија. Тука и денес, во грчките географски карти постои ороним Бореј (oros Voras) на македонската планина Ниџе, со највисок врв Кајмакчалан (2521), како и ороним Бореј за планината Бабуна, помеѓу Прилеп и Велес.

 Од ова може да се заклучи дека Бореадите биле племиња кои го заземале просторот во сегашна централна Македонија, северно од Ематија, долж планинскиот венец Ниџе (Voras) – Кожуф. Тоа биле митолошките и античките Бореи, додека северно од нив биле Хипер-борејците.

62

Македонски кралски династии         

Општественото уредување во Македонија било кралство во династичка форма. Две династии се митолошки, додека третата – античката династија – историска. Најстарата македонска митолошка династија е на богот Озирис и може да се датира околу 2340 година пред Христа, додека другата е на богот Зевс, околу 1315 година пред Христа.

Првата митолошка династија на Македон, син на богот Озирис, се наоѓа во делата на Диодор10, автор на грчката историја на светот од митско доба до времето на Цезар. Тој изнесува дека според едно предание Македон е епонимен херој на Македонија, син на египетскиот бог Озирис. Кога Озирис го препштил владеењето на својата жена Изида и тргнал да го освојува светот, ги повел со себе и своите синови Македон и Анубис, бидејќи биле врвни воини.

Откако во Тракија го убил кралот Ликург, владетел на тракијските Едонци, Озирис го прогласил Македон за крал и го оставил во земјата која по него е наречена Македонија. Анубис, вториот син на богот Озирис, се вратил назад во Египет, каде станал крал и египетски бог. Озирис или Бусирис е стар египетски бог од првиот круг богови и како династија која владеела од 2500 до 2340 година пред Христа.

10  Diodorus Siculus, Bibliotheca historica, Fr. Vogel, 18, III, 20, Leipzig, 1896.

Додека владетелите од IV династија биле градители на големите пирамиди (Кеопс, Кефрен и др.), кај владетелите од V династија на чело со Озирис, дошло до апотеоза. Озирис станал бог (Амон) на плодноста и на Подземниот свет, бидејќи според тогашните верувања, задгробниот живот заземал доминантно место. Во Македонија, во Термајскиот залив, Озирис е идентификуван како Дионис од Кисеја, според градот Кисеј (денешен Солун).11 Една од притоките на реката Млава (митолошката Стига) го носи името Босур. 

11  Thomson, G.: Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 133, Athina, 1954.

Митот за богот Озирис му послужил на Псеудо-Калистен во работата врз делото  „Животот и делото на Александар Македонски“ да го истакне божественото потекло на Александар III од богот Амон. Нешто случно наведува и Калистен (360-327), внук на Аристотел, кој учествувал во походите на Александар Македонски како службен историчан, кога фараонот Нектанеб доаѓа кај Амон и ја заведува Олимпија, мајката на Александар.

Втората митолошка династија на Македон, син на богот Зевс, потекнува од Хесиод (VII век пред Христа) во делото „Фрагменти“ каде истакнува дека богот Зевс со делфиската нимфа Тија имал два сина, Македон и Магнет.

Кај Аполодор12, Магнет е Еолов и Енаретин син, епонимен херој и крал на полуостровот Магнезија во Тесалија и соседните острови во Егејското Море. Магнетите биле учесници во Тројанската војна со 40 црни лаѓи, под водство на Протој. Бог-заштитник на Магнетите е Посејдон од градот Петра (Poseidon Petreos), на јужните стрмнини на Олимп.

12  Apollodori, Bibliotheca (I- II век пред Христа) 1, 7, 3, 9, 6. 

Македон е вториот син на богот Зевс, родоначелник на Македонците и епонимен херој на Македонија, од Термајскиот залив и Олимп на исток, до Грамос на запад, долж сливот на реката Халиакмон (Бистрица), области што ја сочинувале „Стара Македонија“. Кралот Македон имал три сина: Аматиј, Пиреј/Пиер и Пинд.

Продолжува

 Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Пола влада е во изолација, тие говорат за датум на избори

Во денови кога стотици граѓани се заразиле а десетина починале од корона, СДСМ уште зборуваат за...

Историја

News image

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941

Како братот на Манданата, Мито, бил избркан од Бугарите во 1941: Што си дошол, ти си се борел за М...

Иселеници

News image

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Одржана свечената Академија за Браќата Свети Кирил и Метод...

Култура и туризам

News image

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ

ВО ЧЕТВРТОК НА 28 МАЈ Е ГОЛЕМИОТ ГОСПОДОВ ПРАЗНИК СПАСОВДЕН. ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.