Среда, 19 Август 2020   
БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (34)

3.3.8

ПРАИСТОРИСКИ ПЕЛОПОНЕЗ – КОЛОНИЗАЦИЈА 

Пелопонез е географско име за најјужниот дел на Балканот во вид на полуостров, споен со континенталниот дел на Коринтскиот земјоуз – Истма. Бреговите се многу разгранети, со голем број заливи и полуострови. Земјиштето е планинско, Тајгет (2437 м), Пернон (1935 м), Еримант (2244 м), Килен (2376 м) и др., со карстни облици на релјефот. Реките се Пенеј, Алфеј, Евротас и други.

Археолошките истражувања од страна на Плиман, Кунтас, Блеген, Вејс, Пападимитрије, Милонас и други утврдиле изобилство од археолошки материјали за локалитетите Арг, Микена, Пил итн. Според доминантноста на Микенската култура, периодизацијата е извршена во неколку фази на развојот, почнувајќи од раните 1600 до 1100 година пред Христа. Историчарите, на основа на археолошките наоди, заклучуваат дека Пелопонез бил населен во мезохеладскиот период помеѓу 1900-1600 година пред Христа. Како ориентир се зема арголидската генеологија, која може да се следи од седумнаесет до осумнаесет поколениа наназад од Тројанската војна. Поради тоа, во натамошниот опис Арголида ќе биде изнесена како прва. 

Колонизација на Пелазгите    

Арголида во праисотирјата го зафаќала североисточниот дел на Пелопонез. Преку коринтските земји и Истма се граничела со Атика, западно со Ахаја, јужно со Лаконија. Праисториски градови биле Арг, Науплиј, Тиринт, Микена, Сикион, Епидаур, Коринт, Трезен, Хермион, Лерн и др.

Арг, како град, има ономастика според кралот Арг, Инахов внук, бог на истоимената река во Арголида. Во митологијата, Инах е од пелашко потекло, од Мала Азија, син на Океан и Тетида, од кого започнува митската историја на Арголида и се споменува како современик на Ерихтониј, митскиот крал на Атина. Инах ги довел луѓето од планините кога биле создадени еколошките услови за тоа, ги исушил арголидските мочуришта, преку канали ги регулирал реките, ги расчистил шумите.

Инах се смета за предок на архиевски јунаци и кралеви. Неговата сопруга Мелија ги родила Форонеј, Пелазг, Агијалеј, Арг, Микена и Ија. Инах го востановил култот на аргивската Хера.1

1  Pauzania, Periigissis tis Ellados, II, 15, 5, (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1988.

Форонеј како крал ги обединил луѓето кои живееле оддалечени едни од други во заеднички населби, ги научил да го употребуваат огнот и да ги почитуваат боговите. Негова ќерка е Ниоба, прва смртница која Зевс ја љубел, од чија врска потекнува аргивскиот херој Арг, основач на градот Арга. Арг тргувал со Либерија од каде увезувал жито и ги научил своите сонародници да одгледуваат житарки.

Името Пелазгсе однесува на многубројни митски јунаци од Арга, Тесалија и Аркадија, од области чии жители се фалеле дека се староседелци. Еден од аргивските херои по име Пелазг е Триопов син, кој гостољубиво ја примил божицата Деметра додека ја барала својата ќерка Кора (Персефона). Тој подигнал светилиште на Деметра, крај кое бил и погребан. Ја изградил тврдината Лариса, според името на неговата ќерка Лариса. Со Посејдон, Лариса ги добила синовите Пелазг, Ахај и Фтиј, кои го напуштиле Пелопонез и ја освоиле тесалиската Фтија, која до тогаш ја населувале диви племиња.2 Еден од аргиевските кралеви по име Пелазг, син на староседелецот Палехтон, им обезбедил прибежиште на египетските колонисти под водство на Данај и неговите ќерки.

2  Pauzania, Periigissis tis Ellados, I, 14. 2, II, 22, (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1988.

Пелазги се Пелазги од северниот дел на Пелопониз, на бреговите на Коринтскиот залив, со доаѓањето на Ахејците именуван како Ахеја. Кауконците се Пелазги од северозападниот дел на Пелопонез во областа Елида. 

Колонизација на Пелопонез од страна на Еолските Лапити и Тиројци

Томсон3 изнесува дека врз основа археолошките наоди на „минијската керамика“ од Димини културата на Пелопонез може да се заклучи дека носители на таа култура биле Еолците, Лапитите и Тиројците. Двете овие генеолошки стебла прв пат се востановени во Тесалија, кои од северот на Балканот застанале прво таму, а потоа, попат, преку Беотскиот Орхомен се рашириле на југ. Нивните траги може да се докажат за Лапитите во Атика, Атина, Коринт, Елида, Аркадија и во Арголида, а уште и на Кикладските Острови, дури и на најмалото острово Сериф.

3  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 268, Athina, 1954.

Потомците на Еолските Тиројци може да се следат во Коринт, Елида, во Месена и на други места.

Првиот Лапит кој станал крал на Арг бил Форбант, по враќањето од Род, а неговиот син е Триоп. Во родско-книдскиот мит Форбант е Триопов син. Според аргивското предание, Триоп ги имал синовите Јас, Агенор и Пелазг. Јас, по татковата смрт, со своите браќа Агенор и Пелазг, владеел со Пелопонез. Јасова ќерка е Ија, принцеза, свештеничка на божицата Хера, љубовница на врховниот бог Зевс. Љубоморната Хера ја прогонила Ија, а Зевс, за да ја спаси, ја претворил Ија во бела крава.

3.3.9

Пелопонез

Итрината не ја излажала Хера, која на Ија ù пратила лут штркел кој је прободувал и ја прогонувал од место во место, од земја во земја, од Европа прешла во Азија и тоа преку Босфор (кравји премин) и стигнала во Египет, каде Зевс ја вратил во првобитниот изглед и мир, а по пат и ја оплодил. Во Египет, Ија му родила син на Зевс, Епаф, кој станал крал на Египет. Со Ниловата ќерка Мемфида, Епаф имал три ќерки: Либија, Лисијанаса и Теба, а се смета за предок на Данај и Кадмо. Подоцна, Епаф е поистоветуван со египетскиот Апид (Апис). Апис во Египет е славен како бог-бик, а со колонизацијата на Арголида од страна на Данаидите, Пелопонез, особено Арголида именувана е како Апија, додека жителите Апијци-Апиди.

Триоповиот внук, Агеноровиот син Кротоп, бил крал на Арг. Имал две деца, синот Стенел и ќерката Псамат. Кротоп го очистил Аполон по убиството на Питон, змеј во областа на Делфи, во подножјето на Парнас. По смртта на Кротоп кој е погребан во Арг, неговиот син Стенел истанал крал на Арголида. Него го наследил неговиот син Геланор, кој како крал владеел со Арголида сè до доаѓањето на египетските колонисти Данајци. Еоловиот син Сизиф бил најмудар и најитар смртник, Глауков татко и Белерофонтов дедо. Бил крал на Ефир и основач на Коринт на Пелопонез. Сизиф се смета за татко на другиот голем итрец Одисеј. Хомер4 наведува: “...

4  Хомер, Илијада и одисеја, II, VII, 152, Нови Сад, 1985 (прев. М.Н. Ѓуриѓ).     

Постои Ефир град во средината на Арг, што дава коњи,/ каде живееше Сизиф, тој најлукав човек,/ Сизиф, Еолов син, тој Глаук го имаше за свој син,/ Глаук беспрекорен го роди јунакот Белерофонт...“ По смртта, Сизиф е сурово  казнет бидејќи на луѓето им оддавал божествени тајни, поради безбожност и поради тоа што ја силувал Тира, ќерката на својот брат Салмонеј. Во Адот, Сизиф турка огромна карпа нагоре по ридот, а кога ќе стигне до врвот, карпата се тркала наназад и паѓа во подножјето и овој голем грешник, во пот, без вода и во прашина, мора отпочеток да ја извршува оваа напразна работа – „Сизисофа работа“. Глаук го наследил својот татко Сизиф како крал на Коринт – Ефир и бил познат како одгледувач на коњи.

Се смета за основач на Истамските игри. Неговиот син, коринтскиот јунак Белерофонт, поради убиството на Белер, по кого го добил и името, морал да го напушти Коринт, а потоа и Тиринт, каде кралот Прет го исчистил од гревот, отишол во Ликија во Мала Азгија со помош на својот крилест коњ Пегаз. Во Ликија, Белефоронт направил многу херојски дела и почитуван е како голем херој, а исто така и во Коринт. Митот за овој јунак го обработил Еврипид.

Глаук го наследил наредниот Сизифов син Оринт, а после него крал на Коринт станал Тоант, негов син. Во време на неговите правнуци, Доридите и Хијантидите, Хелените, под водство на Алет, го освоиле Коринт во 1100 година пред Христа.

Лапитите со време го колонизирале и западот на Пелопонез. Тоа најпрво го направил Форбант, постариот син на кралот Лапит, кој ја колонизирал Елида, северозападниот дел на Пелопонез каде се наоѓале Кауконските Пелазги.

Според елидското предание, Форбант од Тесалија преминал во градот Олен, во Ахеја, западно од Патра и тука на кралот Алектор му помогнал во борбата против Пелоп, кој од Фтија во Тесалија носел нови колонисти-Ахејци. Во знак на благодарност, Алектор го поделил своето кралевство со дојденецот. За да го зацврсти пријателството, Алектор се оженил со Форбанотвата ќерка Диогенија, а Форбант ја земал за жена Алектровата сестра Хирмина. Форбант имал два сина, Актор и Авгиј, кои по татковата смрт ја поделиле власта над Елида.            

Актор, крал на Елида, со Молиона е татко на Молионидите, два близнаци Еврит и Ктеат. Тие биле најсилни во својата генерација. Го изгубиле животот кога биле во цветот на младоста, кога Херакле ги убил од заседа кај Келон, каде тргнале на Истамските игри како претставници на Елида. Од тогаш, жителите на Елида никогаш не учествувале на овие игри. Вториот Форбантов син Авгиј, како крал на Елида, бил познат по своето богатство. Учествувал во походот на Аргонаутите во 1225 година пред Христа. Поседувал најдобри и најбројни крда и стада на светот, тристотини белоноги црни бикови и двестотини приплодни крави.

Во неговите сточни дворишта и штали лепешките не биле чистени неколку години. Кога Евристеј, кралот на Микена, Тиринт и Мидеја, од египетската династија на Данаидите, му наредил на Херакле да ги исчисти сите запуштени штали, Авгиј се израдувал бидејќи од ѓубрето се ширела страшна реа и ја загрозувала земјата. Кралот на Елида дури и му ветил на Херакле десетти дел од говедата, бидејќи не верувал дека тој ќе ја заврши работата за еден ден.

Кога Херакле ја исчистил шталата и двориштата, Авгиј одбил да му да даде ветената награда, тврдејќи дека е измамен поради тоа што работата не ја извршил сам, туку речните богови кои што ги свртиле на водите на блиските реки Алфеј и Пенеј.

Авгиј долго владеел со Елида и умрел во длабока старот. По смртта, неговиот народ бил учесник во ловот на Калидонската дива свиња. Нареден крал на Елида е Мегет, Филијев син. Негова мајка е Лаертова ќерка, Одисеева сестра, Хеленина и Клитемнестрина сестра.

Следејќи ја лапитската генеалогија на југозапад на Грција, Паусаниј5 наведува дека од Тоант, крал на Етолците, Андремоновиот син-оснивач на градот Амфис во Етолија, преку Тоантовиот син Хемон и неговиот син Оксил до Ендимион имало шест генерации кралеви на Елида од лапитско потекло. Неговиот син Епеј бил крал на Елида кога Лидјанецот Пелоп ги зазел Пиза и соседната Олимпија, одделувајќи ја од Епејевата земја. Бидејќи Епеј немал деца, на престолот го наследил неговиот брат Етол, а Пеон пребегнал во Македонија.

5  Pausania, Periigissis tis Ellados, V, 3, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.

Етол бил оженет со Форбантовата ќерка Пронија, која му ги родила синовите Плеурон и Калидон, епонимни хероји на етолските градови. Кога подоцна Етол случајно го убил пелопонескиот крал Апид од Палантиј, тој побегнал на север во Етолија каде војувал со Куретите и областа по него го добила името Етолија. Така Лапитите станале господари на Етолија, планинска област западно од Фокида, источно од Акарнија, а северно од Коринтскиот и од заливот Петра.

3.4.0

Залив на Пелопонез

Етоловиот и Проноиновиот син Плеурон бил епонимен херој на градот Плеурон во Етолија. Поседувал светелиште во Спарта, со негов споменик. Тиндареевите синови по мајка, Кастор и Полидеук, влечат потекло од Плеурон.6

6  Pausania, Periigissis tis Ellados, III, 13, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989. 

Калидон, Плеуронов брат, станал епонимен херој на истоимениот град во Етолија. Градот подоцна станал познат во Грција поради колективниот лов на најхрабрите воини од целата земја на Артемидината дива свиња, која ги уништувала жетвите, кравите и земјоделците. Во митологијата, овој настан е познат како „Лов на Калидонската дива свиња“, за време на калидонскиот крал Енеј, Плеуронов син. Енеј бил прв смртник на кому Дионис, Зевсовиот најмлад бесмртен син, му подарил чокот вонова лоза и виното го нарекол по своето име. Се раскажува дека неговиот најстар пастир Стефил (грозје) забележал јарец како јаде еден дотогаш непознат плод. Пастирот овој плод го набрал и откако го изгмечил добил сок. Кралот Енеј овој напиток го „патентирал“ именувајќи го по своето име ионос-вино. Бил познат надалеку по својата гостопримливост, бидејќи на својот двор угостил многу херои и богови. Покрај Дионис, негови гости биле и Херакле, Белерофонт, Агамемнон, Менелај и др. Енеј имал многу деца меѓу кои и синот Мелеагар и ќерката Дејанира.

Мелеагар е еден од јунаците на митото за ловот на Калидонската дива свиња. Негова мајка е Тестиевата ќерка Алтеја, крал на градот Плеурон во Етолија. Бил оженет со Клеопатра, која ја родила ќерката Полидора, додека со Аталанта го имал синот Партенопеј. Полидора се омажила за Протесилај, тесалски херој од Филак, учесник во Тројанската војна со 40 лаѓи кој веднаш по истоварувањето бил жртва на војната. Бил убиен од Хеткор. Неговата трагедија ја опишал Еврипид.

Мелеагровиот син Партенопеј израснал во Арг на Пелопонез и се истакнувал по исклучителната убавина и џиновската става. Загинал во текот на походот на Седуммината против Теба. Неговиот син Промах бил учесник во походот на Епигонците на Теба.

Мелеагар учествувал во походот на Аргонаутите и во погребните натпревари приредени по повод смртта на Пелиј во Јолк. За време на Ловот на Калидонската дива свиња настанала караница околу кожата на свињата. Тогаш, Мелеагар непромислено ги убил своите двајца вујковци од градот Плеурон, каде живеело племето Курети, но, во караницата загинал и тој, додека други тврдат дека загинал во војна со Куретите од Аполон. Подоцна, кога Херакле се симнал во Подземниот свет да го бара Кербер, Мелеагровата сенка му ја раскажала својата зла судбина и го замолила да ја заме за жена неговата сестра Дајанира. Мелеагровата судбина ја обработиле Еврипид и Софокле.

По излегувањето од Хадовото царство, Херакле отишол во Калидон каде се оженил со Дајанира и тргнал во татковината. Младенците дошле до реката Еуен, каде кентаурот Нес, син на кралот Исион и Нефела - Лапити од Тесалија, ги пренесувал патниците-намерници преку реката. Бидејќи реката подивела од зимските дождови и се заканувала со своите брзаци и вртлози, Нес му предложил на Херакле тој сам да ја преплива реката, а Дајанира да му ја довери нему. Херакле го прифатил предлогот и платил за превозот. Кога Херакле се нашол на другиот брег од реката, го чул викање за помош на неговата сопруга која Нес ја силувал. Тогаш Херакле со својата стрела смртно го ранил кентаурот. За да му се освети на својот убиец, Нес ја посоветувал Дајанира да ја собере неговата крв и семе и од тоа да направи смеса и да ја употреби во случај да ја загуби љубовта на мажот. Дајанира тоа го искористила подоцна, кога Херакле во војна со Феничаните–Евхалии на Халкидики ја заробил ќерката на кралот Еврит, Јола, чија исклучителна убавина донела несреќа на нејзината фамилија и на татковината на Херакле.

Акарнаните се соседи на Етолија. Акарнанија е, исто така, планинска карстна област на брегот на Јонското оре, западно од реката Ахелој. Епонимен херој на Акарнанците е Еолецот Акарнан, Алкмеонов и Калироин син, Меланподов потомок од Арг на Пелопонез.

Продолжува

 1Dshko  1Kat

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.