Среда, 07 Април 2021   
ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

1fel

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се истакнува дека постојат заборавени докази откриени во лингвистичките написи на камења во Делфи (Грција) и во Мала Азија (во Турција).

Тие се напишани на грчки и на “друг јазик” што западните научници го идентификуваат како етруски јазик (Etruscan). Во неговата студија “Јазикот на Етрусканците”, Л. Бонафонте го идентификува тој “друг јазик” како етруски. Нашата студија за етрускиот и лидискиот јазик открива дека тие јазици биле тесно поврзани со античкиот и со модерниот македонски јазик.

Други очигледни лексички поклопувања помеѓу Хомеровиот и современиот македонски јазик, на пример, се: paimiti(s)-памти; veido, veiden-виде; ischare-изгара, скара; idri-итар; kotule-катле; okkos-око; steno-стенка; pliscios-сели, пресели; oditis-оди од одење. Има голем број примери како овие во речникот од 1800 година, на германскиот лингвист Лудвиг Франц Пасоф (Ludwig Franz Passoff), составен врз основа на најстарите постоечки ракописи на Хомеровата “Илијада”. Англиското издание го подготвил Хенри Џорџ (Henry George, New York, 1850).

Не знаејќи го македонскиот јазик, Пасоф се сконцентрирал на најконтрастните зачувани зборови, непознати во грчкиот и латинскиот, во чешкиот и словачкиот јазик од тоа време. 21 На тој начин, овие зборови биле идентификувани, всушност како словенски зборови. Оттука, според моето мислење, златното правило за анализирање на еден јазик е претходно споменатата Функционална етимологија. Бидејќи функционалните релации на зборовите се фундаменталните градежни блокови на зборовните форми, јас го именувам ова правило како “ЗЛАТНО ПРАВИЛО НА ФУНКЦИОНАЛНАТА ЕТИМОЛОГИЈА”.

Во публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека во студиите за античкиот и современиот македонски јазик во Канадско-македонското друштво за историја од Торонто, приоритетниот проект базиран врз поранешно сознание, е прашањето за “Проучување на македонскиот јазик – античкиот и современиот”. Друга интересна тема е проблемот на “Изгубените зборови во индо-европскиот јазик денес постојат во современиот македонски јазик”.

1fel1Хераклеја

Со цел да ги илустрирам моите аргументи во врска со ова, ќе се фокусирам врз неколку примери за генетската поврзаност помеѓу античкиот и современиот македонски јазик преку македонскиот збор девер (“brother-in-law).

Кога се мажи млада девојка, братот на нејзиниот маж (обично најмладиот) станува девер. Ова е стар обичај, стара традиција што се спроведува за да се осигура дека на младиот припадник од машки пол му се доверува грижата за семејството/фамилијата во случај мажот да умре или да биде убиен.

Во вакви услови, најмладиот брат станува нов маж и го презема семејството. Тоа било неопходно за да се заштитат децата и да се зачува насобраното богатство и имот во рамките на истото семејство. Значењето на зборот на македонски, според функционалната етимологија, може да се извлече како што следи: вера-верба-доверба-доверидевер “да му биде доверено”. Овој збор припаѓа на една поголема група македонски зборови кои го содржат коренот –верба-.

Во античкиот македонски јазик (1000-та година пред Христа) според Хомер (Стр. 305 L.L.) постои dа-DAVER; dao(s), каде дигамата, односно буквата стои наместо /v/, а зборот значи девер. Во зборот daver-daer забележуваме дека недостасува согласката /v/ во интервокална позиција. Ова значи дека правилото за економичност на говорот е  долго време во сила во јазикот. Испуштањето согласки е правило кое често се појавува во македонскот јазик, како, на пример: да правите > праите; човекот ојде > чоекон ојде, итн. Сепак, во грчкиот јазик “девер”, односно “ginaika delfos” очигледно не може да се поврзе со Хомеровиот daver-daverо(s).” (Одисеј, К. Белчевски, стр 29-32, број 503, III 1995 година, списание “Македонија”)

Ако не знаете кој бил Хомер и ако по некој случај ги читате неговите приказни за обичаите на Тројанците, би помислиле дека тој зборува за соврмена Македонија. По три милениуми, истите обичаи, занаети, техники на ловење, земјоделски методи, итн., се практикуваат и денес. Без разлика дали се работи за предење, ткаење, везење, гостољубивост, прифатливо однесување или план за куќи, се друго што е опишано во Хомеровите епови, вели Ангелина Маркус / Angelina Markus, е непроменето и присутно околу нас денес. (Стр. 56-57, 1 јули 2000 година, број 575 од списанието “Македонија”. 

Друг археолошки извор кој обезбедува докази за Македонците е делото на германскиот топонимист Макс Фасмер (Max Fasmer). Во својата книга “Словените во Грција /The Slavs in Greece/ тој го истражува потеклото на 334 предисториски феникиски (Phoenician) топоними во Епир (Epirus) и заклучува дека тие се од словенско потекло. Преку неговите студии, Фасмер открил дека постои поврзаност помеѓу античките Феничани и средновенковните Словени (Slavs).

Тој, исто така, јасно нагласува дека “Словените” живееле во Епир. Она што, исто така, е интересно е што на германски јазик зборовите “Slaven” и “Vinden” се синоними. Ташко Белчев ја унапредува идејата дека Словените го населувале Балканот многу поодамна отколку што претходно се мислело, поврзувајќи ги Виндите, Венетите и Феничаните (Vindi, Veneti и Phoenicians) во една фамилија народи со заедничко потекло. (Стр. 68, 01.02.2001 година, број 591 од списанието “Македонија”).

Во книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека според пишувањата на Г.С. Гриневич /G.S. Grinevich/ на тема претсловенската писменост, резултатите од дешифрирањето и од лингвистичкото кодирање покажуваат дека претсловенската писменост постоела 23 многу пред создавањето на буквите и пред кодирањето создавањето на словенскиот јазик од страна на браќата свети Кирил и свети Методиј.

Ова претставува поголем доказ дека протословените потекнувале од Македонија и, според Гриневич, јазикот на кој зборувале Егејските Пелазги е истиот оној на кој говореле предсловените (стр. 175). Гриневич, исто така, наведува дека претсловенскиот писмен јазик е многу сличен на старословенскиот писмен литературен јазик на сите Словени. (Генадиј Станиставлович Гриневич, Катедра за светската историја, Руско друштво за физика, Москва 1994 година /Genadij Stanistavlovich Grinevich, World History Department, Russian Physical Society, Moscow, 1994/).

1fel2

Според Алаедсандар Донски, “постојат многу индикации дека античките Македонци имаат венетско потекло (терминот “словенски” се употребувал многу подоцна) и постојат докази во прилог на ова.

Историски докази. Од неколку антички документирани извори може да видиме дека Македонците и Хелените биле два различни народа. Некои грчки, но и римски историчари, го имаат истражувано ова становиште и оставиле докази, собрани од постарите периоди, кои јасно покажуваат дека античките Македонци се од венетско потекло.

Лингвистички докази. Иако вокабуларот на античките Македонци што успеал да опстои е релативно мал, тој дава добра индикација во корист на нашата теза, а таа е дека современиот македонски јазик е, барем делумно, континуитет на јазикот на кој говорел Александар Велики и неговите современици.

Ономастички докази. Има значително големо наследство од архелошките остатоци и од областа на погребните обичаи. Тие содржат многу примери на истоветност и на сличност помеѓу античкиот и современиот македонски јазик, од една страна, и другите словенски јазици, од друга страна. Исто така, постојат неколку усмени сведоштва кои упатуваат во истата насока.”

Александар Донски неодамна објави книга на оваа тема и таа сега е достапна и на англиски јазик.

Неодамна објавената книга “Венети: Први градители на Европската заедница” /“Veneti: First Builders of European Community”, која се смета за едно од најсеопфатните дела за раната историја на Словенците, ги претставува протословенските Венети како прва позната нација на централна Европа, а Словенците како нивни најдиректни потомци.

Венетите (не треба по грешка да се поистоветуваат со Венецијанците) биле населени во планинскиот предел во Словенија, северна Италија, источна Швајцарија и Австрија во текот на бронзеното доба, околу1200 година пред Христа. Во областите каде што тие првобитно биле населени постојат, до ден-денес, безброј места со словенечки имиња.

Овие факти, презентирани во книгата, не се нови и веќе биле проучени и за нив се напишани извештаи од страна на поранешни истражувачи но, од непознати причини, не биле земени сериозно.

Продолжува 

Пишуваат:

12slave РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Наместо оставка, го именуваа директор, непресметлив и неспособен, спасете животи дајте си оставка

   ВМРО-ДПМНЕ : Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор ...

Историја

News image

Македонската античка Hова Година е на 19 октомври

Античкиот македонски календар бил календар во употреба во Македонија во ПРВИОТ милениум п.н.е. и е т...

Иселеници

News image

ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ ВО ЉУБОЈНО И ДОЛНО ДУПЕНИ (19)

ДЕЛОТО „ИЛИНДЕН ВО ЉУБОЈНО И ПРЕСПА“

Култура и туризам

News image

ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА – ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (14)

  Дo почетокот на 1947 година, партизанските сили покажале вистинска моќ во воените способно...

Фељтон

News image

КОПНЕНИ И ПОМОРСКИ СОЈУЗНИШТВА НА АНТИЧКАТА ТЕРИТОРИЈА МАКЕДОНИЈА (22)

Пердика внимателно ја разгледал својата ситуација и решил да оди кај Атињаните за по...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.