Среда, 25 Август 2021   
ИЗВОНРЕДНИТЕ ТАЛЕНТИ И ВОЕНИ УСПЕСИ НА МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ ФИЛИП (25)

1usea

Филип не губел време и почнал со неговата реорганизација истиот ден кога го презел владеењето со своето кралство. Наспроти она што историчарите тврдат, ние верувам дека главната мотивација на Филип за повторна изградба на неговата армија била да се создаде силна и трајна одбранбена бариера околу неговото кралство.

Македонија, која Филип ја наследил, била опкружена со воинствени, агресивни племиња кои сакале војна. Визијата на Филип била да постигне мир преку силна одбрана. За да го постигне тоа, морал да ги потчини агресивните елементи околу неговото кралство и да се осигура дека тие нема да кренат глава. Тука било и прашањето со поголемите сили кои немало да се согласат со една силна и голема Македонија и кои би го предизвикале само за да си ги заштитат своите интереси и опстанок.

Како што искрснувале проблемите, така Филип ги користел своите извонредни таленти да бара решенија. За да се бори со помоќен противник, Филип морал да измисли подобри воени стратегии и супериорни оружја. За да зачува траен мир, на Филип му била потребна добро обучена, професионална и редовна армија со полно работно време. За да ги држи во покорност своите непријатели, му било потребно да ги разбие нивните воени капацитети и да спречи тие повторно да ги изградат. Сите овие фактори биле комбинирани за да ја продуцира најголемата воена сила што античкиот свет некогаш ја видел.

До времето на Филип, војниците биле селектирани од племството и обично живееле и се обучубале дома, а биле повикувани на служба пред битка. Филип, од друга страна, издигнал и ригорозно обучил професионална армија со полно работно време. Освен тоа, Филип ја комбинирал употребата на пешадијата и коњицата во координирани тактики на начини кои никогаш пред тоа не биле применети.

Во однос на оружјето, Филип го искористил искуството од Теба за да ги зајакне своите воени техники и да создаде модерно оружје за неговата армија. Најефикасното оружје била македонската фаланга која користела копја од шеснаесет до дваесет стапки, познати како сарисас /sarissas/. Копјето било направено од дрен, додека врвот бил остро метално сечиво со должина од една стапка. Фалангата  користела правоаголен или кос борбен распоред на војници, а секој од нив држел копје под рака накосено под агол.

1usea1Македонска војска со копја „Сариза“

Првиот ред ги држел копјата паралелно со земјиштето, додека последователните редови ги подигнувале малку нагоре. Копјата, кои биле со должина од дваесет стапки, се протегале пет реда вон првиот ред војници што ја правело фалангата да биде непробојна тврдина составена од многу остри копја. Предниот и задниот ред војници носеле оклоп на телото и тешки штитови, додека внатрешните редови не носеле оклопи, туку носеле само лесни штитови.

Наспроти популарните противречни верувања, на Филип му требало долго време да ја трансформира својата армија во една ефикасна борбена машина. Многу време било потребно да се регрутираат мажи, да се развие администрацијата, да се акумулираат финансии, да се обучуваат војници и да се добие искуство на терен, пред неговата армија да биде подготвена за сериозни ангажмани.

 “Новата македонска армија се истакнувала поради нејзината голема брзина на движење, поради многустраноста во тактиките и оружјето, и поради координираноста на коњицата со пешадијата. На крај, не може да има сомневање дека невообичаени вештини во командувањето со поединци и со целата војска, совршено се создале, се рефлектирале и се продлабочиле во македонската војска, како што кралевите и мажите се надополнувале едни со други”. (Стр. 205, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

Да не го заборавиме придонесот на македонскиот корпус од инженери кои ги направиле плановите за величествените машини за опсада кои го прославиле Александар.

Повторно мораме да нагласиме дека нема докази кои укажуваат дека Филип поседувал конзистентна политика за изградба на империја, или пак планови за освојувања надвор од неговите лични потреби за да го обезбеди своето кралство. Филип, едноставно реагирал на настаните онака како што тие се развивале и, судејќи од неговите акции, тој повеќе претпочитал да употребува дипломатија отколку сила.

Веруваме дека тоа се омразата и недовербата на државите-градови што му дале на Филип лоша репутација. “... било тоа лоша среќа по Филипа за противник да го има највештиот оратор од неговата ера, а најголемиот број класичари од деветнаесеттиот и од дваесеттиот век, импресионирани од моќта на Демонстеновата ораторика, го гледале Филип како варварин, решен да ја прекине слободата на грчките градови-држави.” (Стр. 198, Еуген Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

1usea2

“Во овој најкритичен момент во македонската историја, Филип, кој тогаш имал дваесет и четири години, дејствувал со запрепастувачка енергија и вештина. Со брилијантните подвизи на оружјето и со најсуптилната и препредена дипломатска вештина, тој брзо успеал да ги отстрани опасностите и однадвор и одвнатре и наскоро со акламација бил прогласен за крал од страна на македонската војска.

Во првата година од неговото владеење, Филип постигнал највисоко ниво во својата моќ. Неговите извонредни способности како генерал, државник и дипломат, кој го овозможил тој брз и темелен спас на државата, исто така, ни ги објаснуваат и врвните успеси во неговата кариера.

Сепак, големината на овој човек не била сфатена се’ до деветнаесеттиот век. Причината не е само тоа што неговата слава била затемнета од величествените достигнувања на неговиот син Александар. Споменот за него, исто така, трпел и од тоа што најголемиот оратор што Грција го дала, Демостен, бил негов политички противник. Тој страсно го напаѓал во неговите неспоредливи говори, а, во интерес на неговата политика, од омраза на Атињаните им претставувал искривена слика за Филип “варваринот”.

Посебно во ерата на красицизмот, сите биле заслепени од убавите реченични пасуси на Демостен и прифаќајќи ги истите буквално, сите суделе за животното дело на Филип, единствено од гледиште на Атина, а тоа, исто така, произлегувало од гледиштето на Демостен.

Тоа било нагласено од страна на политичките тенденции од тој период. Бартолд Џорџ Нибур /Barthold Georg Niebuhr/ чувствувал многу силна омраза кон Филип во кого, во својата живописна концепција за историјата, гледал паралела со Наполеон и, пред Аустерлиц, објавил превод на првите филипики на Демостен за да создаде политички ефект против галските бунтовници (Gallus), што се гледа од мотото кое тој го прилепил во преводот.

За да се постигне праведна  оценка за Филип, историската наука требало, најпрво, да биде ослободена од атинското – Демостеново гледиште. Само современото истражување кое, следејќи го водството на Ј. Г. Драјзен, има се поголема и поголема тенденција да тргне од правилното гледиште; македонскиот крал Филип мора да биде оценет според стандардот само на македонските интереси.

Ако го сториме тоа, Филип стои пред нас како еден од големите владетели во светската историја, не само поради тоа што тој ги поставил темелите за подвизите на неговиот уште поголем син Александар, врз кои Александар, во согласност со својата генијалност, создал еден нов свет, туку, исто така, и како човек, сам по себе, со далековидни цели и постигнувања”. (Стр. 27-29, Урлих Вилкен, Александар Велики).

Поривот да го обезбеди своето кралство, го однел Филип на запад до Орестис /Orestis/ и /Lincus/ каде подигнал одбранбени бариери и создал нови граници кои до ден-денес ги одбележуваат западните граници на географска Македонија.

Во 357 година пред Христа, на југ, Филип барал и обезбедил сојуз со Епир, делумно запечатен со неговиот брак со Олимпија, внука на епирски врховен командант и многу важна фигура за македонската иднина, и делумно со тоа што го земал братот на Олимпија, Александар, во македонскиот двор. Бидејќи бил Филипов штитеник, долгорочно земено, Александар самиот се покажал како добар сојузник на Македонија.

Македонските соседи на север и на југ со големо сомнение ги гледале сите тие добри работи што се случувале во Македонија. Она што се случувало дотогаш било само прелудиум на нештата што ќе дојдат, а главните битки за Филип допрва требало да бидат водени.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave6СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.