Среда, 20 Октомври 2021   
ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

1ulk1 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенцирани во делото Alexander the Great by Ulrich Wilken, Александар Македонски, од Улрих Вилкен, превод од англиски на македонски јазик на Славе Николовски-Катин, издание на „Мисла“, Скопје, 1988, pp. 1 – 387.

Бидејќи градовите-држави не му верувале, Александар го поставил Антипатер, компетентен војник, човек со силен карактер и доверлив пријател, да биде регент на Македонија додека тој е отсутен. На Антипатер му дал специјални овластувања да го претставува како заменик-хегемон во Лигата на Коринт. За да го одржува мирот, на Антипатер му биле доделени 12.000 пешадинци и 1.500 коњаници од Александровите најдобри македонски војници.

Во текоат на зимата 355 година пред Христа, Александар свикал состанок со своите офицери и советници за да дискутираат за неговите планови и за генералната стратегија во врска со походот во Азија. Освен неговите сопствени војници, кои го формирале јадрото на неговата војска, било решено Александар да се обрати до Лигата за таа да го снабди со пешадинци, коњаници и флота бродови и морнари.

Лигата се согласила со неговото барање и го снабдила со приближно 160 воени бродови и 29.000 бродски екипаж, 700 пешадинци и 2.400 коњаници. Некои мислат дека Александар ги земал тие луѓе само за да му послужат како заложници за да ги спречи градовите-држави од напад на Македонија додека тој е во поход во Азија. Ако земеме предвид дека Александар отсекогаш бил сомничав и никогаш не им верувал на градовите-држави, како и фактот дека тој единствено се потпирал на Македонците-војници да ги водат неговите битки, тогаш ние би се согласиле дека војниците на Лигата биле вишок без никаква друга цел.

Со решавањето на еден проблем, Александар создал друг. Војниците на Лигата, земени како заложници, би можеле, во момент на слабост, да претставуваат опасност по него. Александар им верувал на своите Македонци со својот живот и знаел дека тие нема никогаш намерно да го остават на цедило, но сепак, секогаш постои можност тие да бидат совладани во некоја битка.

Во таков случај, Александар бил сигурен дека војниците на Лигата ќе се свртат против него. Затоа, откако преминал во Азија, Александар ги поделил оружените сили. Ги земал сите македонски пешадинци и  една мешана македонско-тесалиска коњица, а оружените сили на Лигата ги ставил под команда на Парменио.

Иако Антипатер бил пријател од доверба, Александар секогаш бил претпазлив и бил свесен дека во негово продолжено отсуство, може се да се случи. За да ја изедначи моќта на Антипатер, Александар ја наименувал мајка му Олимпија да биде одговорна за религиозните, церемонијалните и финансиските работи во Пела. Александар ги селектирал и ги земал најдобрите, и во борба најпрекалените војници во својата војска, која се состоела од 12.000 пешадинци и 2.7000 коњаници. Лично Филип ги имал тренирано и ги водел во поход најголемиот дел од овие луѓе, во секакви воени опасности.

1ulk13

Додека Александар ги подготвувал своите оружени сили за походот во Азија, претходницата на Парменио во Азија водела борба повторно да ја добие контролата врз Хелеспонт. Во 336 година пред Христа, Парменио извојувал контрола врз мостобранот на Дарданелите, но повторно ја загубил во 335 година пред Христа кога бил одбиен од страна на платениците на градовите-држави под команда на генерал Мемнон.

Платениците на градовите-држави ја презеле контролата врз еден простор во близина на преминот, ги убиле и протерале персиските наемни борбени групи и ги заземале локалните гратчиња. Но, не требало да измине долго врема за проперсиските фракции да се побунат. Парменио ја видел својата шанса и повторно ја зазел контролата врз преминот. Македонците сега ги контолирале водите на Хелеспонт и ги држеле додека не дошол Александар.

Во почетокот на пролетта во 334 година пред Христа, со помош од околу 160 брода, главното тело на македонските експедициски оружени сили било пренесено преку мореузот. Додека на војската и била давана помош да помине преку мореузот, Александар скршнал за да ги истражи светите места на Илијад /Iliad/. Додека бил во посета на Илиум /Ilium/, својот оклоп и’ го посветил на Атина, а за возврат си земал еден стар, свет штит кој се претпоставува дека потекнува од Тројанската војна.

Набрзо откако и’ се придружил на својата војска, Александар тргнал во потрага по непријателот. Како што е  претходно спомнато, Александар ги поделил своите вооружени сили и со него земал само Македонци и некои Тесалијци, оставајќи ги војниците на Лигата одзади заедно со Парменио. Вкупно 13.000 пешадинци и 5.100 коњаници тргнале во потрага по персиската војска.

Друга причина што не ја земал војската на Лигата била таа што Александар немал пари за немирници. Кога поминал преку Хелеспонт, речиси останал без пари. Некои велат дека имал само 70 таланти во готово, а тоа тешко дека било доволно да ја нахрани својата војска повеќе од неколку недели. Но, тоа не го сопрело Александар бидејќи имал доверба во своите Македонци дека ќе му донесат победи и тогаш неговите непријатели ќе бидат обврзани да ја хранат неговата војска.

1ulk14

Александар Македонски

Освен своите оружени сили, Александар, исто така, ангажирал и историчари, филозофи, поети, инженери, доктори, ботаничари и научници по природни науки за да го придружуваат на неговата азиска експедиција. Негов главен историчар бил Калистен од Олинт /Callisthenes of Olynthus/, внук и ученик на Аристотел. Имало и геодези за да ги мерат растојанијата што ги изминувала армијата, како и да ги запишуваат сите посебности на прокрстарениот терен.

Инженерите биле ангажирани за изградба на мостови, сплавови, скали, машини за опсада и опрема за искачување по стрмни косини и литици. Ботаничарите и научниците по природни науки биле таму за да ја истражуваат флората, фауната и рудното богатство на новооткриените земји. Уште од самиот почеток, азиската експедиција не била само во воен поход, туку, исто така, и во голема научноистражувачка мисија и мисија за откритија.

Кога сака среќата, на третиот ден од неговата потрага, извидниците на Александар ја лоцирале персиската армија која била позиционирана на далечниот брег на реката Граник /Granicus/. Како што Александар напредувал, така забележал и една многу супериорна коњица позиционирана на ниво на земјата. Зад стрмниот речен брег можел да ги види платениците-пешадинци на градовите-држави како го држат гребенот зад нулта нивото.

Проценил дека непријателот има околу 20.000 коњаници и 20.000 пешадинци. Александар веднаш ги формулирал своите воени планови и тргнал во офанзива. Фалангата на македонската пешадија го зазела  центарот, додека коњицата формирала крила со стрелците поставени на крајната десна страна. Александровата борбена линија сега и парирала на непреијателската линија која била широка три километри. Според Питер Грин /Peter Green/, на Александар очајно му требала победа со цел да обезбеди плен за да ги плати своите заеми и да ги финансира идните походи. Во тој момент Александар бил до гуша во долгови.

Меѓу персиските команданти бил и генералот Мемнон. Тој бил свесен за финансиските неприлики на Александар и сакал да го совлада со предизвикување глад во војската на Александар. Во текот на еден претходен состанок со Персијците, Мемнон се спротивставил на директната конфронтација и предложил да го лишат Александар од сите намирници. За тоа било потребно да се изгорат сите житни посеби во близината, а персиската армија да се повлече.

Откако ќе останел без намирници за својот опстанок, Александар ќе морал да се врати во Македонија. Кога ќе го сторел тоа, Мемнон предложил да тргне по него со посредство на големата персиска флота. Но, Персијците, поради бројната супериорност на својата армија, се чувствувале самоуверени дека само една борба со Александар ќе им донесе победа.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.