|
|
НОВИ ЦАРСТВА, ПОДЕЛБИ СО ПОСЛЕДИЦИ ЗА НОВИ ВОЈНИ ПО СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (26) |
Во 301 година пред Христа, на почетокот на II век, по дваесетгодишна борба за повторно да се изгради Александровото царство, уште еден македонски маршал стапил на сцена. Антигон бил мртов и неговиот дел од царството преминал кај неговите преживеани колеги кои не покажале двоумење да го распарчат за себе. Лизимак, со исклучок на делови од Лиција, Памфлија и Писидија /Lycia, Pamphylia, Pisidia/, зел најголем дел од Мала Азија, до планината Таур. Птоломеевата лажна инвазија му ги донела цела Сирија и Феникија. Селеук го добил источниот дел од Азија, но не бил сосема задоволен и ја побарал Коеле-Сирија /Coele-Syria/. Птоломеj, кој во тоа време ја контролирал, одбил да се откаже од истата. Касандер немал никакви претензии во Азија, ама очекувал да му бидат дадени целосни концесии во Европа. Пред да продолжиме со главната сторија, би сакале да направиме мала дигресија и да зборуваме малку за едно од седумте светски чуда. Се вели дека таканаречената Колосална статуа на Родос, која стои на влезот на пристаништето, била статуа на Хелиос, изградена од народот на Родос. Приказната започнува со желбата на Антигон да ги контролира и да доминира со водените патишта во Егејското и Средоземното Море. За да го постигне тоа, Антигон морал да ги контролира сите пристаништа, вклучувајќи го и неутралното и жестоко независно пристаниште на остовот Родос. Трговците на Родос, на кои во тоа време им било дозволено да вршат трговија по целото Средоземно Море, биле исклучително богати и, иако биле неутрални, биле наклонети кон Птоломеj бидејќи поголемиот дел од нивниот бизнис се вршел во места под негова контрола. Знаејќи во каква ситуација би можеле да се најдат, најпрво, жителите на Родос одбиле да се предадат.
Битката на Ипсус Но, заканата од војна ги натерала повторно да размислат, по што се предале без борба. За несреќа, Антигон не им верувал и барал сто од нивните најголеми благородници како заложници. Жителите на Родос одбиле да се одделат од своите најголеми благородници и затоа ја поништиле понудата да се предадат. Антигон веднаш започнал опсада, испраќајќи го Деметриј со јака сила од четиристотини бродови и големи машини за опсада. Откако војувале една година без накаков резултат, бил постигнат компромис. Заложниците биле предадени, а за возврат жителите на Родос добиле автономија и им било дозволено да ги поседуваат своите приходи. Договорот ги принудил жителите на Родос да станат сојузници со Антигон, освен во походите против Птоломеj. Како благодарност за цврстата воена и економска помош на Птоломеj во текот на опсадата, жителите на Родос го изградиле култот на Птоломеj Спасителот. За да ги одбележат нивните борби во текот на опсадата, тие наложиле изградба на гигантска статуа на Хелиос, висока 105 стапки, за чија изградба биле потребни 12 години, а која подоцна била призната како едно од седумте светски чуда на античкиот свет. Она што е вредно да се истакне е, дека со исклучок на некои минорни битки помеѓу Селеук и Индијците, во текот на дваесет години по смртта на Александaр, ниту една сила не се издигнала да ги предизвика Македонците. Битката кај Ипсус била пресвртница за македонските протагонисти кои со своето ривалство ги оттурнале сите вистински шанси за повторно обединување на Царството. Она што било уште полошо е тоа што се секоја нова генерација која ја преземала власта, шансите за повторно обединување на Царството станувале се помали и помали. Во наредните дваесет и пет години главните протагонисти ќе се соочат со потешки предизвици, но нивното ривалство ќе биде константно. Старата гарда ќе изумре, но Царството се уште ќе остане во македонски раце. Деметриј можеби бил поразен, но не бил исфрлен од играта. Во наредните четиринаесет или приближно толку години, помеѓу 301 и 286 година пред Христа, тој се обидувал да ја поврати моќта, но без успех. Тој се уште поседувал најсилна флота на Егејското Море и ги држел Крит, Тир и Сидон. Откако се утврдил во Коринт околу 295 година пред Христа, успеал да ја заземе Атина. Неговите 200 освојувања и профити не останале назабележани. Кога Деметриј би ги зазел градовите-држави и Македонија, би можел да изгради своја база за политичка моќ, односно бастион, во Европа, а потоа да изврши инвазија на Азија, тоа барем било идеја.За жал, ривалите на Деметриј не се согласиле со неговите идеи и затоа, додека тој се занимавал со политиканство со Атина, го лишиле од најголемиот дел од неговите поседи. Лизимак му ги зел јонските пристаништа, Селеук ја зел Силиција, а Птоломеj го зел Кипар. Касандер умрел во Македонија, во 298/297 година пред Христа, а го наследил неговиот најстар син Филип IV кој, исто така, умрел набргу по него. Касандер имал два помлади сина по име Антипатер и Александaр, кои под старателство на Салоника (нивната мајка, ќерка на Филип II), станале ривали. Салоника го фаворизирала својот помлад син Александaри инсистерала нејзините синови еднакво да го поделат царството на нивниот татко, така што секој од нив ќе има свое место со кое ќе владее. Но, Антипатер инсистирал на македонскиот закон според кој, бидејќи тој е најстаро машко дете, има приоритет над сите други и дека само тој има право да владее со царството на татка си. Неговите несогласувања со мајка му довеле до толкава голема омраза кон неа, што наредил да биде убиена. Тогаш тој му се обратил на Лизимак за помош против сопствениот брат. Помладиот Александaр не ја примил добро ситуацијата и решил да му се спротивстави на брата си, така што формирал сојузи со нивните двајца најблиски соседи, Деметриј и Пирх /Pyrrhus/. A Пирх бил нов играч во македонските политички игри, поставен од Птоломеj како крал на Епир. Пред неговото поставување за крал, младиот Пирх бил заложник на Птоломеj, даден од страна на Деметриј. Птоломеj го засакал Пирх и го направил свој штитеник. По смртта на Касандер, Птоломеj му дал војска на Пирх и го вратил на епирскиот трон. Додека Деметриј бил зафатен во Атина, Пирх брзо реагирал на молбата на Александaр и почнал да стекнува земјишта на неговите западни граници. Деметриј, кој во тоа време водел битки на Пелопонез, се откажал од своите моментални планови и почнал да се движи кон север. Но, стигнал предоцна за да му помогне на Александaр. Пирх веќе ја завршил работата и го убедил Александaр да го извести Деметриј дека неговите услуги повеќе не се потребни. Деметриј не го сфатил Александaр со омаловажување и наредил да биде убиен кога ќе се прикаже прилика за тоа. Деметриј не губел време за неговите следбеници во македонската војска да го прогласат за крал на Македонија. Во 293 година пред Христа се упатил на север и ја освоил Тесалија, формирајќи ново пристаниште-град кое го нарекол Деметријас /Demetrias/, денешен Волос. Околу 292/291 година пред Христа, извршил извесни освојувања во градовите-држави и двапати ја уништил Теба. До 291 година пред Христа, почнал да доаѓа во допир со Пирх и новата рунда конфликти само што не избувнала. Додека Деметриј водел походи, Пирх не седел со скрстени раце. Чувствувајќи ја се’ поголемата сила и влијание на Деметриј, Пирх решил да се зацврсти, формирајќи свои сојузништва. До 290 година пред Христа стапил во сојуз со Аетолијанците (Aetolians), го зазел Фокис /Phocis/ и му забранил на Деметриј и на неговите сојузници, вклучуајќи ја и Атина, да учествуваат во Питинските игри во Делфи. Сега, било само прашање на времето кога ќе избие друг конфликт. Пирх не бил единствена закана по Деметриј. Птоломеј, Селеук и Лизимак, исто така, биле незадоволни од осовјувањата и профитирањата на Деметриј и сакале тој да биде тргнат од нивниот пат. За помалку од две години подоцна, во пролетта 288 година пред Христа, Лизимак и Пирх отпочнале напад од исток и од запад, фаќајќи го Деметриј неспремен. Иако Деметриј ја поседувал најсилната флота и имал повеќе од 100.000 војници, неговата поддршка брзо се распаднала и до средината на летото истат година, тој изгубил се. Кога се се завршило, Македонија му припаднала на Пирх, додека регионот околу Струмичката долина, вклучувајќи го Амфипол, му припаднал на Лизимак. Деметриј, пак, избегал и отишол да се скрие во Касандра /Cassandra/ на Халкидискиот Полуостров. Продолжува Пишуваат: РИСТО СТЕФОВ И СЛАВЕ КАТИН |