Среда, 11 Мај 2022   
ПОСЛЕДИЦИ ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО СУДИРИТЕ СО РИМ (33)

                                               1fir123

На површината изгледало дека Македонија е најголемиот победник. На Филип му било дозволено да си ги задржи освоените територии во внатрешноста на Илирија. Иако статусот на Лис останал неизвесен, Лис се уште бил под македонска контрола. Рим, од друга страна, изгледало дека е губитник бидејќи се што добил биле зборови на уверување дека Македонија нема да се меша во работите на Јадранот. Но, под површината, Рим бил вистинскиот победник бидејќи спречил еден активен сојуз меѓу Македонија и Картагина.

Завршувањето на Првата македонска војна било крстосница и за Македонија и за Рим. Филип бил задоволен од својот договор со Рим, повторно уверен дека неговите проблеми со Рим се завршени. Тој веќе немал причини да се плаши од запад. Зборот на Филип дека нема да се меша во римските работи, бил доволно добар за хистеричните римски сенатори кои сега чувствувале дека можат слободно да го посветат своето целосно внимание на справување со Картагина.

Во случај Филип да водел сметка за се’ поголемата закана западно од него, тогаш тој ќе застанел на страната на Картагина само за да одржи рамнотежа на силите. За жал, тој дозволил Рим да стане силен. Наместо да зададе парализирачки удар, додека се уште можел, Филип ги затворил очите и го оставил Рим, без да биде ослабен, во наредните пет години да ја опустошува Картагина со несмалена жестина.

Во Азија, отприлика во исто време додека Филип склучувал мир со Римјаните, Антиох III се упатил кон Хелеспонт преку Мала Азија и Егејското Море. Дотогаш, Филип морал да знае за подвизите на Антиох и за неговата амбиција да го прошири царството на својот прадедо и веројатно предвидувал инвазија. Но, како што се покажало, преокупацијата на Антиох не била Европа, туку Коеле-Сирија. Па така, наместо да го нападне Филип, тој склучил таен пакт со него за напад на Птоломеј и за поделба на неговите поседи. За изненадување, Филип го прифатил планот и додека Антиох се подготвувал да ја нападне Коеле-Сирија, тој тргнал по егејските поседи на Птоломеј. 

1fir1234

Антиох не губел време и во 202 година пред Христа ги уништил Коеле-Сирија и Феникија, нанесувајќи им тежок пораз на силите на Птоломеј. Кога завршил со тоа, тој го поправил пристаништето Сидон и сите крајбрежни упоришта од Карија па се надолу до Силиција. Во 197 година пред Христа, извршил инвазија врз териториите на Пергамон што го натерало Атал брзо да отиде кај Римјаните. Египет, исто така, морал претходно да му се пожалил на Рим, бидејќи околу 199 година пред Христа Рим му испратил строго предупредување на Филип, барајќи од него да го извести Антиох да не изврши инвазија врз Египет. Антиох брзо се покорил, бидејќи воопшто и немал намера да го нападне Египет.

Тука, повторно македонските монарси ја потцениле важноста на Рим и пропуштиле друга значајна индиција. На Рим не му било грижа за Египет или за опстанокот на Птоломеј. Она за што тој се грижел била една цврста конкуренција помеѓу Птоломеј и Антиох. Со други зборови, Рим не сакал една голема консолидирана азиска империја под еден владетел на неговиот праг и правел се за да не се случи тоа.

Веруваме дека кратковидите македонски монарси, преокупирани со своите лични ситни препирки, ја пропуштиле вистинската закана која демнела на запад која конечно, не само што ја уништила нивната татковина, туку и засекогаш го сменила текот на историјата.

Во 96 година пред Христа, заслепен од своите брзи победи, Антиох преминал во Хелеспонт, од Азија во Европа, и почнал повторно да го гради напуштениот град Лизимахеја /Lysimacheia/. Тоа требало да биде воена база и дом за неговиот син Селеук. За жал, неговата заслужено стекната репутација како освојувач била преголема за хистеричните римски сенатори.

Му издале ултиматум да ги стопира своите непријателства, да се откаже од територијата што ја здобил во Мала Азија, да се воздржува од натамошни напади врз градовите и, пред се’, да се држи понастрана од Европа. Антиох не обрнал големо внимание на пораката и си продолжил по старо.

Кога една римска мисија пристигнала во Лизимахеја, предавајќи му ги претходните барања на Сенатот по вторпат, Антиох објаснил дека неговото  присуство во Мала Азија и во Тракија било добро оправдано, бидејќи територијата била добиена од поразот на Лизимак во 281 година пред Христа од Селеук I.

Според наследениот обичај, територијата му припаѓала нему. Антиох мора да се сомневал дека ултиматумот бил блеф и дека Римјаните не биле расположени да се борат, па затоа продолжил со изградбата на Лизимахеја, што му служела како воена база барем до 190 година пред Христа.

Во 195 година пред Христа, Антиох ја завршил својата седумгодишна војна (Петта сириска војна) со Египет, со мировен договор кој вклучувал свршувачка на неговата ќерка за Птоломеј. Набргу потоа, во 194 година пред Христа, Птоломеј се оженил со Клеопатра, ќерката на Антиох, запечатувајќи го договорот.

Во меѓувреме, во Македонија, по Феникијскиот договор, Филип решил дека е време да ја зацврсти својата морнарица и се фрлил на работа градејќи моќна флота. До 201 година пред Христа неговата флота била готова и оперативна. По неговиот таен пакт со Антиох, Филип го зазел островот Тасос, стратешко место од каде може да се држат на око трговските патишта на Босфорот и на Црното Море.

Во 201 година пред Христа ја освоил поморската база на Птоломеј во Самос и таму на својата морнарица и додал голем број бродови. Подоцна тој ја нападнал и поразил флотата на Родосјаните и извршил инвазија на Јонија и Пергамон.

За жал, Македонците никогаш не биле добри во војување на море, но сепак се уште била потребна комбинацијата од Родос, Киос, Пергамон и Византија за да се сопре македонската морнарица. Во една поморска битка во близина на Киос, македонската флота претрпела пораз кој ја онеспособил, губејќи речиси половина од бродовите. Она што било најалармантно во врска со оваа битка, било тоа што овде биле изгубени повеќе Македонци отколку во било која претходна битка на копно или на море.

Скршен од овој пораз, Филип брзо се повлекол на Милет, а потоа ги регрупирал своите сили во енклавата Карија, каде се одморал се до 196 година пред Христа. За жал, остатокот од неговата флота морал да остане на море и во текот на 201/200 година пред Христа флотата била блокирана во  Бргилиа /Bargylia/ од Родосјаните и Пергамонците, кои брзо отрчале во Рим за да ги поткажат дејствата на Филип. 

1fir1235 Родос 

Во текот на пролетта во 200 година пред Христа, македонската флота се ослободила од блокадата и се вратила во Европа правовремено за да биде ангажирана во уште една војна, овојпат помеѓу Атина и Акарнанија /Acarnania/. Бидејќи бил сојузник со Акарнанците, Филип испратил експедициска сила да ја нападне Атина и една ескадра да зароби четири атински галии во пристаништето Пиреј.

Но, галиите биле лесно изгубени како што биле лесно и заробени. Без знаење на Македонците, ескадрите на Родос и Пергамон ги гонеле преку Егејот и наеднаш се појавиле од нивната база во Аигина /Aigina/, враќајќи ги украдените бродови. Атињаните биле среќни што повторно ги имаат бродовите и, поважно, биле возбудени што имаат такви пријатели кои ќе им притекнат напомош, рескирајќи го гневот на Филип. Но, се воспоставило дека сето тоа го сториле од политичка корист, а не од пријателство.

Атињаните, зад грбот на Македонија, гостеле една римска делегација, која во тоа време, по некоја случајност била во посета на еден град во кој се одржувал саем. Кога седумдесетгодишниот Атал дознал за тоа, не можел да чека да го поканат. Покрај престижот да се биде со делегацијата, Атињаните му доделиле големи почести на старецот. Возбудувањето на Атињаните достигнало кулминација кога Рим, Родос и Пергамон и ветиле своја поддршка на Атина против Македонија.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

 

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.