Среда, 15 Јуни 2022   
МАКЕДОНИЈА – ДЕДОВСКАТА ЗЕМЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ (2)

1721

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Според историските податоци со името Македонија уште во античките времиња се означувала една мала покраина во непосредна близина на Пела, денешното село Постол – столицата на античкото македонско царство. За неа пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската историја, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ. 

Според географските податоци Македонија го зафаќа централниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа има извонредно важна положба во спојувањето на важните патишта крстосници. Таа е земја на премрежја, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстојување, каде што силните луѓе преживеале војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето име. Тоа започнало од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на различни на-роди на југ и потпаѓањето под Отоманската Империја сè до денес.

Дедовската земја на македонските иселеници - Македонија како географски регион го зафаќа средишниот дел на Балканскиот Полуостров, просторот што е заграден на север со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, а на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море до утоката на реката Места. Бигла и вододелниците на младонабраните планини Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд ја заградуваат Македонија од запад, а од исток реката Места и западните делови на Родопите. Во овие граници Македонија зафаќа простор од 67.741,2 квадратни километра.

Низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на овие народи на својата библиска земја. Затоа, за историскиот развој на Македонија од античко време па се’ до денденес, пишувале голем број странски и домашни автори. Некои се обиделе да ја искриват македонската историја, а некои лесно ги презентираат историските факти за Македонија и македонскиот народ.

Тој е народ на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика „Тешкото“, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури.Почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била е и ќе биде место каде што се вкрстуваат различни цивилизации и религии. Така уште пред многу векови се појави христијанството на овие балкански простори, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија.

Македонија како земја, неколкупати се споменува и во Библијата. Историски гледано, почнувајќи од древните времиња на Александар Македонски преку римскиот и византискиот период, како и преку големите миграции на различни племиња кон југ а потоа и за време на отоманскиот период, Македонија била раскрсница на нации, цивилизации, култури, јазици и религии.

Географската положба ја прави Македонија крстосница на различни цивилизации, религии, традиции и обичаи. Не случајно на многу трговци и каравани тука им поминувале патиштата, а за многу воени експедиции, војски, победници и поразени таа била многувековен мегдан. Тоа значи дека секој камен, секоја грутка црна земја, секоја река и планина, зборуваат за бурната историја на Македонија. И денес Македонија сè уште во себе крие многу тајни од минатото, кои, веројатно ќе бидат предизвик за наредните поколениа и генерации. Затоа се вели дека Македонија е библиска и света земја, која со својата древност и милениумска вековитост е гордост, радост и тага, сон и јаве за секој Македонец.

Непобитен е фактот дека Македонецот, и покрај сите облици и притисоци за негова асимилација се одржал и опстојал, а неговата земја Македонија е единствената земја со најдолга и најстара историја од која било друга земја во светот.

Исто така, факт дека кога Европа била во мрак, неа единствено ја осветлувал факелот на македонската култура. Меѓу другото, Охридскиот универзитет на свети Климента, зрачел како симбол на најстарата цивилизација на континентот.

Македонскиот народ и неговата црква во тешката ситуација во која се нашле, биле под постојан притисок на Патријаршијата од Константинопол и од католичката пропаганда во Рим. Патријаршијата применувала разни методи за елинизација на македонскиот народ и уништување на неговата црква, во лицето на Охридската архиепископија. За таа цел, не се бирале средства и методи Патријаршијата да се наметне врз тогашните црковни власти. Така, во 1767 година таа ја укинала Охридската архиепископија, со што му нанела голема штета на македонското христијанско население.

Иако Балканските војни (1912 – 1913) значеа некакво ослободување на Македонија од османлиското ропство, тие всушност ѝ донесоа ново подјармување. Дојде до нејзината трагична поделба од страна на Грција, Бугарија и Србија, а подоцна и од Албанија, поради што следат уште погруби услови и дискриминација за македонскиот народ.

17212

Македонското оро „Тешкото“

Не само што е негирана македонската нација, туку е забранета и употребата на македонскиот јазик, особено во Егејска Македонија, каде се при-менувале строги казни за оние кои се осмелувале да го зборуваат македонскиот јазик. Во Србија, која подоцна ќе прерасне во Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, под југословенската монархија, Македонија била колонизирана. Додека. пак, на Македонците им бил негиран националниот идентитет, а нивниот јазик бил потиснат. Слична била нивната судбина и во Бугарија, во Пиринска Македонија.

Вековната борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода, борба за правда вистина, особено неговото активно вклучување во антифашистичката коалиција, по Втората светска војна, овозможи тој да се здобие со суверена држава, со национални институции и со разновидна палета на културна комуникација со светот. И на крајот Народноослободителната борба и на Заседанието на АСНОМ во „Свети Прохор Пчињски“ на 2 август 1944 година, каде Македонија беше прогласена за Народна Република Македонија.

По ослободувањето цела Република Македонија доживеја силен подом во образованието, културата земјоделството, како и во општественото живеење. Македонскиот јазик стана официјален јазик на Република Македонија, познат и признат во светски рамки. Се изучува на многу универзитети на неколку континенти и придонесува за ширење на вредностите на македонската култура и нивно вклучување во ризницата на светската култура. За жал, во деловите на Македонија, особено оние кои сè уште се наоѓаат во составот на Грција, Бугарија, Албанија, нивниот негаторски однос кон македонскиот идентитет и натаму продолжува.

За среќа, во 1944 година, државата се прогласи за Народна Република Македонија беше прогласена за рамноправна република во рамките на тогашната Федеративна Народна Република Југославија. Неколку години потоа беше преименувана во Социјалистичка Рапублика Македонија. Меѓутоа, кога пропадна социјалистичкиот блок во 1989 година, југословенските републики тргнаа по патот на одделување.

Така, и Македонија, со Референдумот од 8 септември 1991 година беше конституирана како посебна, независна и суверена држава - Република Македонија. Тогаш, во тие ѕвездени мигови, Република Македонија стана член на Обединетите нации и постојан член на многу меѓународни организации.

Период од независноста на Република Македонија – 8 Септември 1991 година до денес е исполнет со изградба на бројни епохални споменици од историјата на македонскиот нарот и на Македонија од античко време па до денес. Осми септември е ден над деновите и еден од најзначајните датумуи за опстојот, напредокот и иднината во целина на Македонците и за Република Маке-донија.

Меѓутоа, на 17 јули 2018 година, претставници на владите на Скопје и Атина се договорија во врска со збиднувањата на Спогодбата за решавање на разликите опишани во Резолуцијата 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните околу спорот со името, кога ја кутнаа Република Македонија.

Во селото Нивици, во Долна Преспа, во егејскиот дел на Македонија, двете влади во присуство на бројни туѓински претставници ја потпишаа Спогодбата околу спорот со името, со која, меѓу другото, нашата мила Република Македонија стана Република Северна Македонија. Со тоа се вети на нашата татковина влез во НАТО и долгорочен процес за влез во Европската Унија.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.