Среда, 08 Март 2023   
ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА ВО АВСТРАЛИЈА - ЗНАЧАЕН ИЗБОР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (7)

                                         1vistin1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Затоа, во продолжение ќе презентираме дел од медиумите во Австралија

            22. “Весник” (1976- )..  Првиот број на “Весник” се појавил на 2 август 1976 година на 4 страници, на голем формат 9 30 х 45 см.како орган на Македонската општина. Тој е продолжение на гласилото “Македонски општински весник”, што се појавил во 1975 година. Се печати на македонски јазик, во почетокот со латиница,а потоа со кирилица, а има материјали и на англиски јазик. Во декември 1976 година се појавил вториот број. Тој е отпечатен на 6 страници, на исто формат како првиот број, кој со мали измени го има зачувано до денес.           

Број 4 на “Весник” е отпечатен на 25 декември 1977 година, на ист формат и број страници како и претходните. Во него на англиски јазик е поместена Божиќната порака, а на македонски јазик материјалот за расцепот на Македонската црква “Св. Никола” од Перт, потоа писма и други информации во врска со немилите настани, ;текст за Македонците и нивните човекови права, како и активностите на играорната група, Македонскиот радио-час и спортската секција во Перт и активностите во македонските колонии во Мелбурн, Аделајд, Вулунгонг и Сиднеј.

            23. “Глас на Македонците” (1977 - ). Гласилото е орган на Австралискиот поткомитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). И покрај тоа што не е наведен датумот на излегувањето на првиот број, од содржината може да се претпостави дека всушност е отпечатен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, во октомври 1977 година. Весникот е отпечатен на македонски јазик, на 16 страници, на формат 21 – 29 см., но не е дадено кој го уредува гласилото.  Инаку, во наредните години ова информативно гласило се печати во вид на списание од 20 до 32 страници на формат 21 х 29 см. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има позајмени текстови и на англиски јазик.          

Бројот 56 е отпечатен во февруари 1987 година. Тој е на ист формат како и претходните броеви, но на 24 страници. Во него се застапени текстови во врска со црковното живеење во Сиднеј и осветувањето на Македонската православна црква “Св. Никола” во Камбрамата, потоа материјал за Македонија, за културното живеење на Македонците во дијаспората, како и за црковното живеење во Македонија и поставувањето на новиот поглавар г.г. Гаврил.

            1vistin12

24. “Сонце” 1977).   Детскиот весник “Сонце” скромен по својот квалитет, за првпат се појавил во 1977 година, а го печати Осумгодишното училиште во Њутаун, населба во Сиднеј. Тој е пишуван на македонски јазик и на 22 страници, на формат 16 х 20 см., чиј уредник е наставникот Ѓорѓи Ѓорѓиев.  Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: Списанието “Сонце” за првпат е издадено во учебната 1977 година, кога македонскиот јазик се предаваше во државното основно училиште во Њутаун како еден од мултикултурните јазици во тоа училиште.          

Ист ваков број е репродуциран во 1988 година, кој всушност ги содржи истите материјали како и бројот од 1977 година.

            25. “Македонски спорт” (1978).  Ова е прво спортско списание во Австралија, а и пошироко меѓу македонското иселеништво. Тоа започна да се печати 1978 година. првиот број е отпечатен на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик, на осум страници на формат 21 х 29,5 см., како орган на Спортското друштво “Престон-Македонија.

28. “Илинденски поздрав” (1980).  Ова е всушност, избор на текстови на англиски јазик кои се однесуваат на Македонија и на македонскиот народ во сите делови на Македонија. Летокот односно изборот е отпечатен во Перт во август 1980 година), на 14 страници на формат 20 х 33 см. со исклучок на неколку текстови на македонски јазик, по големиот број се само фотокопија и се дадени во оригинал на англиски јазик.

            26. “Македонија – седмичен гласник” (1982 - ).  Весникот “Македонија” е седмичен гласник и денес излегува секој вторник. Првиот број се јавува на 3 август 1982 година и до крајот на 1991 година се отпечатени 381 број. Првиот број е отпечатен на среден формат (29 х 42 см.) на 16 страници. Единствено е модофицирана главата на весникот која во минатото беше на македонски и со кирилица, денес е на англиски. Се чини, весникот “Македонија” како неделник на македонски јазик, најдолг период излегува во Австралија, а и пошироко.

            27. “Искра” (1983 – 1984).  Едно од позначајните македонски гласила во Австралија и општо меѓу иселеништвото беше списанието “Искра” од Аделајд, Јужна Австралија. Се печатеше на литературен македонски и на англиски јазик и претставуваше вистински светилник и афирматор на македонската историја и култура. Тоа е резултат на новоформираното Македонско културно друштво “Искра”, конституирано во ноември 1982 година.

Списанието “Искра” излезе во почетокот на 1983 година, како гласило на Друштвото и на Македонската православна општина за Аделајд и Јужна Австралија “Свети Наум Охридски”.  Името на списанието ја симболизира вековната борба на македонскиот народ и неговата незгасната и постојана верба во едно посветло и посреќно утре, за целосна национална, црковна и социјална слобода. Првиот број е печатен на 66 страници 30 х 21 см., односно 70 страници заедно со кориците.  Четвртиот број се отпечати во 1984 година на 74 страници без кориците и е посветен на АСНОМ и 40-годишнина на македонското самоопределување.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.