Среда, 19 Јули 2023   
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДРЖАВИТЕ ЊУЈОРК И ОХАЈО (26)

                                       5leg

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Етничките организации во новите средини на Македонците во САД ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото, меѓу кои се државите Њујорк и Охајо

         1. ЊУЈОРК. Првите етнички организирања на Македонците во исе­ле­ништвото се ре­гистрирани во САД во државата Њујорк. Така, најраните по­датоци датираат од 1899 година, кога во градот Норд Адамс, било фор­ми­рано друштвото “Лев­ски”, во кое членувале Бугари и Македонци. Друштвото има­ло свој статут, кој ис­тата година бил испратен за одобрение до Врховниот ма­кедонски комитет во Софија .

Друштвото “Левски” во 1903 година имало 16 секции во различни гра­до­­ви на САД. Тоа имало социјален карактер, чија основна цел била да им по­мага на своите членови во случај на болест или невработеност, да орга­ни­зира курсе­ви за изучување на англискиот јазик, да ги запознава ново­дојдените доселеници со особеностите на американското живеење и сл. Исто та­­ка, друш­т­вото со­би­рало парични средства за помош на Македонија и Одрин. По 1904 го­дина друштвото “Левски” се распуштило. Истата година на 27 март се фор­мирал Бугаро-американскиот македонски комитет, односно Ма­­кедонски сојуз, кој во 1905 година престанал со својата дејност. Исто така, во 1902 година во Филаделфија, во државата Пенсилванија, било формирано Бу­гар­ско заем­но­спомагателно друштво, кое го носело името “Другар”. Целта на ова друштво ја образложува самото име, која била концентрирана материјално да се по­ма­гаат новите доселеници, да се запознаваат со обичаите и навиките на но­вата татковина, да им се помага во изучувањето на англискиот јазик, до нао­ѓање работа и сл.

Потоа, постепено на американскиот континент почнале да се фор­ми­раат и повеќе друштва од социјална природа. Така, на 4 ноември 1906 година во Њу­­­­јорк се организирало Бугаро-македонското друштво “Пришелец” (“Дој­­де­­­нец”). Доселениците од Битола, пак, населени во градот Сираќуз, во 1912 го­дина го организирале Битолското благотворно друштво. Исто така, во 1917 го­ди­на во Сираќуз, доселениците од селото Горничево, Леринско го создале спо­магателното друш­тво “Орел”, со секција во поблискиот град Рочестер. Во 1932 година доселениците од Бапчор во Рочестер, пак, создале своја сек­ција на друштвото “Вич” од Форт Веин.

Во почетокот на 1922 година група македонски доселеници од градот Њу­јорк, ја основале организацијата “Илинден”. Оваа организација донела про­тес­на резолуција во врска со потпишувањето на договорот за пријателство меѓу Србија и Бугарија.

Една од најстарите членки на организацијата МПО била македонската ор­ганизација “Независна Македонија” од градот Сираќуз, основана во 1923 го­дина. Првобитно таа го носела името “Автономна Македонија”, а по­доц­на се преи­менувала во “Независна Македонија”.

Во 1928 година било формирано заемноспомагателното друштво “Преспа” ка­ко едно од најголемите македонски друштва на МПО во САД. Не­го­вото седиште би­ло во Лакавана, непосредно до градот Бафало. Ова друш­тво, покрај зна­чајната социјална, развило и голема културна деј­ност меѓу ма­кедонските доселеници, организирајќи и своја драмска група, која по­ставила не­колку драми, од кои меѓу првите била драмата “Македонска крвава свадба”.

Организацијата “Јордан Ѓурков” била формирана од македонските доселеници во градот Лакавана, на 26 април 1931 година. Во рамките на оваа организација била формирана женска секција, а било отворено и македонско-бугарско училиште.

На 11 октомври 1933 година во градот Рочестер била фор­ми­рана ор­га­ни­зацијата “Симеон Ефтимов”. Потоа, во градот Албани, на 30 јануари 1938 година била основана орга­ни­за­цијата на МПО  “Аргир Манасиев”. Во оваа мала организација членувале, главно, маке­дон­ски доселеници од Гевгелиско.

         2. ОХАЈО. Македонците во државата Охајо се организирале меѓу првите на етничка основа. Така, во 1917 година во Спрингфилд, доселениците од Ѓу­менџа се обе­диниле во спомагателното друштво “Ѓуменџа”. Во 1918 година доселеници­те од селото Ајтос, Леринско, во Кливленд се обединиле во ма­кедонско-бу­гарското друштво “Свети Димитрија”.

Во градот Дејтон, пак, на 1 март 1922 година, постоело Македонско брат­ство. Од 1929 година братството го променило името во Македонска по­­литичка организација “Пирин”. Потоа, во рамките на организацијата би­ла фор­­ми­рана женска и младинска секција, а било отворено и училиште.

5leg1Македонските доселеници од градот Спрингфилд на 22 април во 1922 го­дина ја основале организацијата “Солун”. Првин била на­речена “Маченик”, а потоа била преименувана во “Солун”. Во рамките на организацијата била формирана женска секција.

Македонските доселеници од градот Кентон, пак, на 21 ноември 1923 година ја основале организацијата “Борис Сарафов”. Исто така, основачкото собрание на орга­низацијата “Пелистер” од градот Акрон се одржало во 1923 година. Била формирана женска секција, а потоа и младинска секција. Во мај 1939 година чле­новите на организацијата “Пелистер” изградиле свој народен дом. Најголемиот дел од македонските доселеници од Акрон потекнувале од Леринско, Битолско, При­лепско, а мал број од Охридско и Гевгелиско.

Организацијата “Тодор Александров” била основана во 1923 година, во градот Кингстаун, по распаѓањето на македоно-бугарското друштво “Прилеп”. Оваа организација развила голема хуманитарна дејност, така што од своите чле­нови собрала и испратила поголема сума пари за македонските бегалци во Бугарија. Во овој град македонските доселеници потекнувале, главно, од Прилепско, Кривопаланечко, Битолско, Преспанско и Леринско.

Македонската организација “Александар Велики” била основана во градот Лореин, во 1924 година. Потоа, во Лореин во март се одржало јавно собрание, а во јуни 1924 година биле поставени основите на организацијата “Александар Велики”. Најголемиот дел од членовите на организацијата по­тек­нувале од Долна Преспа и Ресенско. Исто така, на 13 мај 1924 година, во градот Лореин било ор­­га­низирано едно од најголемите друштва ‡ бугаро-македонското заем­но­спо­магателното друштво “Пелистер”.

На 10 февруари 1926 година во градот Кливленд, пак, била осно­ва­на ор­га­низацијата “Вардар”. Во нејзините рамки била формирана женска секци­ја, а работела и мла­дин­ска секција. Потоа, на 6 август 1926 година, македонските доселеници од градот Менсфилд, ја основале организацијата “Охрид”, во 1929 година била формирана  нејзината женска секција, а во 1928 годи­на во градот Синсинати била основана орга­ни­за­цијата “Бис­­трица”. Таа има­ла свое училиште и драмска група која ја при­ка­­жала “Македонска крвава свадба”.

Организацијата “Христо Матов” како огранок на МПО била формирана во градот Маслон, на 2 јуни 1931 година. Мнозинството од членовите на ор­га­низацијата од Мас­­лон биле по потекло од Преспанско, Леринско, и Костур­ско. Во Колумбос, пак, на 18 јули 1939 година била формирана Маке­­дон­­­ска­та политичка организација “Слобода”. Исто така, во составот на МПО чле­­ну­ва­ла и организацијата “Васил Чакаларов” од Толидо, која била една од чле­­нки­те меѓу 34-те македонски етнички организации во САД, како и двете во Канада и трите во Австралија.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Учество на Македонците во Романското востание

Почетокот на XIX век за поробените балкански народи означува и почеток на националните борби за осло...

Култура и туризам

News image

ЕДЕН КАМЕН - ЕДНА ЛИРА, Срцето на Марул е црквата Света Мала Богородица

Во марулскиот синор се познати две цркви и девет населби наречени девети марули. Населбите се на пов...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (35)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.