Среда, 26 Јули 2023   
ЕТНИЧКО ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДРЖАВИТЕ ИНДИЈАНА, МИЧИГЕН И ИЛИНОИС (27)

1ilio1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Етничките организации во новите средини на Македонците во САД ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото, меѓу кои се државите Индијана, Мичиген и Илиноис

          3. ИНДИЈАНА. Индустриските центри во државата Индијана биле места каде што се доселиле голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија, организирајќи се во свои етнички организации. Така, во 1911 година во Гранит Сити доселениците од Пателе, Ле­ринско, се обединиле околу друштвото “Орел”, со свои секции во Ин­ди­ја­но­полис, Индијана и Дејтон, Охајо. Истата година доселениците од селото Ви­ше­ни, Костурско, кои живееле во Форт Вејн, го фор­мирале спо­ма­гателното друштво “Напредок”. Таму, во 1912 година, доселениците од се­лото Че­решница, Костурско, го формирале спомагателното друш­­тво “Свети Ѓор­ѓи”. Исто така, во Форт Вејн, доселениците од се­лото Бап­чор се обе­диниле во спомагателното друштво “Вич”, ка­ко едно од нај­моќ­ните македонски селски друштва во САД.

Во 1917 година се организирале повеќе спомагателни друштва, меѓу кои во градот Гери, од доселениците од селото Куратица, Охридско е основано просветно-благотворното друштво “Напредок”. Потоа, во 1918 година во Гери доселениците од селото Велгошти, Охридско, се организирале во заемно­спо­ма­гателното друштво “Прогрес”. Во 1918 година во Форт Вејн, пак, доселениците од селото Тиолишта, Кос­тур­ско, го формирале благотворното друштво “Заштита”.

Во 1924 година во Индијанополис, бил основан бугаро-ма­кедон­скиот просветен курс, со нагласен социјално-просветен карактер. Пр­во­времено ова друштво го носело името “Лајон клуб”, а во 1930 година името му е променето.

Друштвото “Александар Велики” во Гери е формирано во 1927 го­дина. Тоа ги обединувало македонските доселеници од овој град и соседните на­селби во државата Индијана. Според уставот на друштвото “Александар Велики”, во него членувале само лица од македонско потекло и нивните ќерки и синови во САД.

Една од посилните македонски организации во рамките на МПО била организацијата “Костур”, од градот Форт Вејн, основана на 21 ноември 1921 година. Во организација на огранокот “Костур” се одржал првиот конгрес на МПО, на први октомври 1922 година. Во состав на огранокот била формирана женска и младинска секција. Денес Централниот комитет на МПО за САД и Канада се Наоѓа во Форд Вајн.

Македонската организација “Даме Груев”, од градот Индијанополис, би­­ла една од најстарите членки на МПО. Таа била основана во 1922 година, која до 1923 година била позната под името “Леринско братство”. Во рамките на ор­­ганизацијата постоеле женска и младинска секција. Сите членови на ор­­­га­ни­зацијата “Даме Груев” членувале во црковната општина и ја одржувале црк­­ва­та Св. Стефан. Организацијата располагала со свој народен дом, кој со­­бирал око­лу 300 лица, а во нејзините рамки дејствувале женска и младинска сек­­ци­ја.

Меѓу другите етнички организации во државата Индијана била “Родина” (“Татковина”) која македонските доселеници од градот Гери ја формирале на 14 декември 1930 година.

          4. МИЧИГЕН. Државата Мичиген била и е една од најзначајните за ма­кедонските доселеници. Таму Македонците започнале да се организираат уште со нивното доаѓање. Така, меѓу селските друштва во 1918 година во Џек­сон, доселениците од селото Арменско, Ле­рин­ско, го организирале спо­магателно-про­свет­ното друштво “Напредок”. Потоа, во 1924 година, во Детроит, било фор­ми­рано едно од најбројните ма­­ке­донски друштва “Буф” во кое членувале доселениците од селото Буф, Ле­­ринско. Друштвото својата дејност ја проширило и во Виндзор, во Канада, каде што имало голем број бувчани. Друштвото “Буф” постои до денешен ден и во двата града.

Во Детроит во 1923 година е ос­новано бугаро-македонското женско бла­готворно друштво “Соединение”. Во 1939 година тоа престанало да постои и како негов наследник се појавило женското заемноспомагателно друштво “Милосрдие”.

Македонските доселеници од Батл Крик во 1926 година, го форми­рале заемноспомагателното и просветно друштво “Св. Кирил и Методиј”. По­тоа, во 1932 година повторно основале свое Македонско за­ем­но­спо­ма­га­телно неу­трално друштво.

Во Детроит во 1927 година е формирано тетовското спо­ма­га­телно друштво “Шар Планина”. Денес, пак, доселениците од Тетовско во Детроит се организирани во друштвото “Полог”, кое дејствува и во Виндзор.

1ilio11

Септември прогласен за месец на македонско-американското наследство во Мичиген

Во Мичиген, Македонската патриотска организација била едно од нај­сил­ните и највлијателните. Така, во САД во состав на МПО биле формирани повеќе ограноци кои биле активни во периодот меѓу двете светски војни, меѓу кои, во Детроит било следните:

Организацијата “Татковина” била фор­ми­рана во Детроит кон крајот на мај и почетокот на јуни 1922 година. Таа со свои па­рични средства ја помагала црковната општина Св. Климент Ох­ридски во Де­троит и развила голема про­светна и културна дејност. Во рамките на “Татковина” постоела младинска и женска секција кои биле ангажирани во организирањето на културно-забавниот живот.

Македонската организација “Балкански мир”, била основана во градот Ленсинг, во 1923 година. Потоа, на 1 јуни 1934 го­дина во градот Џексон била основана македонската организација во со­­ста­вот на МПО “3-ти август”.

          5. ИЛИНОИС. Едно од првите селски македонски друштва организирано на аме­ри­кан­скиот континент во 1906 година е друштвото од селото Д'мбени, Костурско, кое го носи името “Лазо Поп Трајков”. Ова друштво имало две се­дишта: во Ме­дисон, (Илиноис) и Хајмонд, (Индијана), односно таму каде што има­­ло најмногу доселеници од ова село. Друштво својата дејност ја про­­ши­ри­ло и меѓу д'мбенци во Канада. Истата година доселениците од селото Косинец, Костурско, организирале свое селско друштво со седиште во градот Медисон. Доселениците од селото Смрдеш, Костурско, пак, во 1906 година, го фор­ми­ра­ле бла­готворно-просветното друштво “Пандо Кљашев”. Една година по­доц­на, (1907) во Медисон и доселениците од селото Ошчима, го ор­га­ни­зи­рале сво­е­то спомагателно друштво “Св. Никола”.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Учество на Македонците во Романското востание

Почетокот на XIX век за поробените балкански народи означува и почеток на националните борби за осло...

Култура и туризам

News image

ЕДЕН КАМЕН - ЕДНА ЛИРА, Срцето на Марул е црквата Света Мала Богородица

Во марулскиот синор се познати две цркви и девет населби наречени девети марули. Населбите се на пов...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (35)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.