Среда, 02 Август 2023   
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДРЖАВИТЕ ИНДИЈАНА, МИЧИГЕН И ИЛИНОИС (28)

1iste1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Етничките организации во новите средини на Македонците во САД и Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото, меѓу кои се државите Индијана, Пенсилванија и Онтарио

Исто така, доселениците од селото Брезница, Костурско, во 1909 година во Медисон, го организирале своето благотворно друштво, а доселеници­те од с. Апоскеп, Костурско, благотворното друштво “Успех”. Врз основа на сел­ската припадност свое спомагателно друштво организирале и доселениците од Екши-Су, Леринско, кои живееле во Индијанаполис. Потоа, доселениците од Битолско кои се населиле во Гранит Сити, во 1913 година го формирале би­толското благотворно друштво “Зора”.

Во 1917 година во Аргон, доселениците од селото Сетома, Костурско, го основале своето спомагателно друштво “Сонце”. Подоцна, во 1926 година се појавило заемноспомагател-ното друштво “Поткрепа” во градовите Гранит Сити и Медисон. Во овие градови било формирано женското заем­нос­по­ма­га­телно друш­тво “Македонската Бугарка во Америка”.  Се претпоставува дека ова друштво би­ло едно од најголемите во тој дел на САД.

Една од позначајните македонски иселенички организации во составот на МПО била организацијата “Баштин крај”, односно “Татков крај”. Таа била ос­­­­нована во Гранит Сити во 1924 година. Во рамките на оваа ор­га­ни­за­ција била формирана женска секција, а потоа и театарска гру­па.

Исто така, МПО имала свои организации и во други држави во САД, како и две во Канада и три во Австралија. Во Калифорнија македонските до­селеници од Лос Анџелес на 27 јануари 1935 година ја основале ор­га­ни­зацијата “Браќа Миладиновци” која е активна и денес, потоа, во Сент Луис, Ми­сури, на 13 септември, во 1934 година го одржале ос­но­вач­кото собрание на ор­га­ни­зацијата “Белица”, а во Сиетл, Вашингтон, на 2 мај 1930 година била ос­но­вана ор­­га­низацијата “Македонија”.

         6. ПЕНСИЛВАНИЈА. Во 1917 година во Елвуд, Пенсилванија, било ор­га­ни­зирано првото ца­­парско заемноспомагателно друштво “Пелистер”, создадено од доселеници­те од селото Цапари, Битолско. Во 1930 година, пак, било фор­мирано друштвото под име бугаро-македонското друштво “Отец Паисиј” од градот Хомстед. Потоа, на 6 ноември 1921 година во градот Стилтон, во оваа држава, било ор­­­га­ни­зирано македонското друштво “Прилеп”, кое подоцна влегло во сос­та­вот на МПО.

1iste11

Најголемиот дел од членовите на оваа организација потекнувале од Прилеп, кои во 1926 година биле организатори на петтиот конгрес на МПО. Исто така, во градот Стилтон македонските доселеници из­гра­диле свој народен дом, потоа црквата Св. Благовештение, а ор­га­ни­за­цијата има­ла и сопствена куќа.

Исто така, македонската иселеничка организација “Независност” била формирана во Пенсилванија, во градот Дукејн, на 22 април 1922 година. Во со­ста­вот на ор­ганизацијата влегле македонски доселеници од поблиските гра­дови на Пит­сбург. Во рамките на оваа организација работела младинска сек­ција, потоа учи­­­­лиште, библиотека и клуб, а постоел и народниот хор “Родни зву­ци”. 

Во градот Џонстаун, пак, во 1923 година била основана ма­ке­донската ор­ганизација “Пере Тошев”, која имала сопствен клуб, кој за време на големите п­о­плави во 1936 година бил целосно раз­рушен. Потоа, во градот Елвуд Сити, во август 1934 година била ос­но­вана органи­за­цијата “Мара Бунева”, главно, од доселеници од Ресенско.

          8. ОНТАРИО.  Првата политичка организација која ги собирала македонските доселеници Канада како и во САД била МПО (Македонски политички организации). Поради ставот на аме­ри­канската влада која не дозволувала политички организирања на доселениците, го променила името од политичка во Македонска патриотска (патриотическа) организација (МПО).

Оваа организација била формирана на 30 септември 1922 година во Форт Вејн, Ин­ди­јана, каде што бил свикан Првиот конгрес на македонските политички ор­га­низации, односно на селските и околиските друштва. Оваа организација се појавила како резултат на желбата на македонските доселеници за свое етничко ор­га­ни­зирање.

Таа првобитно имала правилен став по македонското прашање. Се борела пред светот и пред македонската јавност и иселеништвото за национална и социјална слобода на населението во Македонија. Затоа МПО реагирала кај владите и другите институции на Бугарија, Србија и Гр­ци­ја кога се појавувале разни притисоци и убиства на Македонци, испраќајќи свои резолуции и други документи и написи. МПО честопати се јавувала и како донатор на акции сред македонските доселеници за најразлична помош на Македонија.

Треба да се одбележи дека во почетокот за МПО Македонија била еднаква меѓу еднаквите држави на Балканот. Меѓутоа, во периодот меѓу 1927-1929 организацијата потпаднала под силно бугарско влијание, кога меѓу македонското иселеништво настапил процес на дезориентација и дезорганизација. Оттогаш МПО започнала да ја негира националната самобитност на македонскиот народ, застапувајќи ја тезата за некаков бугарски карактер на Македонија.

Исто така, во периодот по Втората светска војна (1945) и до осамостојувањето на Република Ма­ке­донија (1991), ја негирала македонската држава, нација, јазик и  Ма­кедонската пра­во­слав­на црква.

МПО во Канада била активна во Торонто и Виндзор, каде биле вклучени поголемиот број македонски доселеници претежно од Егејска Ма­кедонија. На 14 мај 1922 година во Торонто е основан огранокот на МПО “Прав­да”, во кој членувале, главно, доселеници од с. Габреш, Костурско, и од дру­ги места. Во 1927 година е формирана женската секција која развила го­ле­­ма културно-просветна активност. Исто така, членовите на организацијата “Прав­да” биле активни и на црковно поле, членувајќи во македонско-бугарските пра­вославни цркви Св. Кирил и Методиј, а потоа и во Св. Ѓорѓи во Торонто.

Во Виндзор огранокот на МПО го носел името “Владо Черноземски”, а бил формиран на 1 ноември 1934 година. Во состав на организацијата работело народно училиште и женска секција.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Учество на Македонците во Романското востание

Почетокот на XIX век за поробените балкански народи означува и почеток на националните борби за осло...

Култура и туризам

News image

ЕДЕН КАМЕН - ЕДНА ЛИРА, Срцето на Марул е црквата Света Мала Богородица

Во марулскиот синор се познати две цркви и девет населби наречени девети марули. Населбите се на пов...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (35)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.