Среда, 09 Август 2023   
„ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ - ЗНАЧАЈНА МАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА (29)

1obe1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Етничките организации во новите средини на Македонците во Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото

1.ОРГАНИЗАЦИЈАТА “ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ”. 

 До педесетите години маке­дон­ските доселеници во Канада биле ор­га­ни­­зирани во селски друштва, односно околиски, кои развивале со­цијална и кул­­турна дејност во рамките на своето членство. Во тоа вре­ме по­стоеле две организации кои ги собирале Македонците, и тоа: “Маке­дон­­­ската па­три­­­­от­­ска организација” (МПО) и “Панмакедоники”. МПО дејству­ва­ле под вли­­­­­јание на бугарската, а “Панмакедоники” под влијание на грч­ка­та про­­па­ган­­­­да.

МПО е најстарата организација во која масовно членувале Македонците од САД и Канада. Таа била формирана во 1922 година, а “Панмакедоники” била ос­но­вана во 1949 година и во неа главно членуваат македонски доселеници од Егејска Македонија. Втората организација била создадена под влијание на агре­сивната грчка пропаганда, со цел да ги собере во нејзините редови прогрчко ориен­ти­раните Македонци.

Во педесетите години во Канада и во Америка се појавиле сили кои се­риозно почнале да размислуваат за македонско организирање на чисто на­­цио­нални позиции. Тие истовремено го поставиле и прашањето за зачувување на македонскиот национален идентитет и македонското национално обе­ди­ну­вање на македонското иселеништво. Во тој период мала група Македонци ја презеле иницијативата за создавање на македонска национална и патриотска организација. Првиот потфат, во таа смисла, било организирањето на пикникот во 1958 година, кој за организаторите бил неочекувано успешен.

Илинденскиот пикник се претворил во традиционален и секоја година се одржува во првата недела во август. Пикникот во националниот живот на Ма­кедонците во Торонто и пошироко има посебно значење. Тој претставува симбол на македонското иселеничко единство.

По успешниот пикник во 1958 година организациониот комитет решил со писмо да им се обрати на Македонците, и да ја образложи нужноста од ос­новање на македонска национална организација, која ќе ги застапува инте­ресите на целото македонско иселеништво во Северна Америка.

Потоа, на 28 април 1959 година се одржала општомакедонска кон­ференција во хотелот “Кинг Едвард”. Тука бил прифатен уставот на ор­га­ни­за­цијата и било донесено решение да се формира организацијата “Обеди­нети Ма­кедонци”.

Од самиот почеток на основањето, организацијата “Обединети Ма­кедонци”, активно пристапила кон решавање на ред важни проблеми и барања од посебно национално значење за македонското иселеништво во Канада. Ед­на од најважните задачи и потреби на македонските доселеници била из­град­бата на македонски православни цркви со цел да ги задово­ли вер­ските, културните и воопшто националните потреби на Ма­ке­донците.

Организацијата “Обединети Македонци” развивала и широка културно-просветна дејност. Всушност таа била регистрирана како македонска на­цио­нална културно-просветна организација. Во рамките на таквата дејност таа се јавила како организатор на повеќе важни манифестации во културното жи­веење на македонското иселеништво во Торонто.

Организацијата “Обединети Македонци” во своето постоење успеала  да ги обедини Ма­ке­донците и национално и духовно. Таа развила силна дејност во жи­вотот на иселеништвото за да ги отстрани влијанијата на туѓите про­па­ган­ди.  Со изградбата на македонските православни цркви, влијанието на МПО и “Пан­македоники” значително се намалило, а организацијата, “Обединети Ма­ке­дон­ци” се претворила во силно јадро на обе­динување на македонските доселеници од сите делови на Македонија.

Организацијата “Обединети Македонци” покренала активности за фор­мирање свои ограноци во Хамилтон, Виндзор, во Канада, како и Детроит и Ко­лумбос во САД, на 16 ноември 1968 година. Таквите активности продолжиле на состаноците во Детроит на 7 јуни 1969 година и во Хамилтон на 17 мај 1970 година. Така, по проширувањето на активностите на асоцијацијата како на­цио­нална организација “Обединети Македонци за Северна Америка”, во То­рон­то, од 4 до 6 септември 1970 година, била одржана Конвенција на која била до­­несена Резолуција.

Организацијата “Обединети Македонци” била организатор на повеќе манифестации пред конзуларните претставништва на Грција, Бугарија и на бивша Југославија, за заштита на националните права на Македонците во овие земји. Исто така, таа се јавила како еден од организаторите на мани­фес­­та­цијата пред Обединетите нации за признавање на Република Македонија, како и пред Парламентот на провинцијата Онтарио во Торонто. Потоа, во 1991 година во септември го организирала Референдумот за суверена и самостојна Македонија, организирала доброволни акции за со­би­ра­ње средства за помош на Македонија, пред с# за Пиринска Ма­кедонија и Мала Преспа. 

1obe11До создавањето на литературното друштво “Браќа Миладиновци”, “Обе­ди­нетите Македонци” биле организатори на “Деновите на македонската кул­ту­­ра и писменост” што се одржувале во мај, а се посветени на делото на македонските и на с#словенските првоучители свветите Кирил и Методиј. Оваа културна манифес­та­ци­ја била организирана со цел на канадската култур­на јав­­ност да ¼ се приближи кул­турата на македонскиот народ.

Организацијата “Обединети Македонци” била организатор и на “Гоце­вите денови”, кои биле посветени на македонскиот деец Гоце Делчев. За првпат биле организирани како “Гоцева комитска вечер” во 1972 година. Во текот на изминатите години интересот за овие денови бил с# поголем. Инаку, во 1999 година било одбележано 40-годишното постоење на организацијата “Обединети Македонци”.

Во февруари 1979 година на годишното членско собрание било донесено решение да се подигне споменик на паднатите борци за Македонија. И покрај некои недоразбирања, споменикот бил поставен пред црквата Св. Климент Ох­ридски, ана 26 јануари 1980 година било извршено неговото свечено от­кри­вање. Овој паметник членови на “Обединети Македонци” секоја го­дина го посетуваат во чест на Илинден, првата сабота во месецот во 12 часот. Та­ка, од 1980 година до денес на секој празник Илинден, 11 Октомври, Гоце­виот ден, Деновите на културата и за други празници Македонците по­ла­гаат венци на овој паметник. Вообичаено е и свештениците да одржат панихида за паднатите борци во сите години за Македонија.

Во рамките на организацијата “Обединети Македонци” до скоро ра­бо­теле две македонски училишта: за изучување на македонскиот јазик и писмо и училиштето за изучување на македонскиот фолклор и култура. Училиштето за јазик и писмо веќе не работи, а училиштето за фолклор и култура прерас­на­ло во КУД “Гоце Делчев”.

Друштвото “Гоце Делчев” било основано во 1986 го­ди­­на и е една од најак­тив­ни­те формирани групи во Канада. Тоа било у­че­сник скоро на сите мултикултурни при­редби во Торонто; учествувало на про­­славите на денот на независноста на Ка­нада - 1 јули; настапувало на раз­­ни паради и студентски игри; често го­сту­вало меѓу Ма­ке­донците во Кичинер и Хамилтон; настапувало за време на Кар­аванот на на­циите и на та­ка­на­ре­чените ЧИН свечености, како и на други со­бири и манифестации. Во 1988 година учествувало на Илин­ден­ските де­но­ви во Битола

Исто така, во рамките на организацијата “Обединети Македонци” по­стоел и фудбалскиот клуб “Солун”, кој настапувал во македонско-канадската лига. Организацијата е сопственик на земјиште под име “Македонски парк”.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Учество на Македонците во Романското востание

Почетокот на XIX век за поробените балкански народи означува и почеток на националните борби за осло...

Култура и туризам

News image

ЕДЕН КАМЕН - ЕДНА ЛИРА, Срцето на Марул е црквата Света Мала Богородица

Во марулскиот синор се познати две цркви и девет населби наречени девети марули. Населбите се на пов...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО САД (35)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН  ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.